Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 13 Отворени денови за промоција на голфот во Охрид. Викендов заиграа палките и топчињата. Голем број млади и деца беа дел од овој хепенинг. Главниот туристички центар неодамна ги доби првите уредени голф терени во земјава.Терените на површина од 3,5 хектари се изведени од Општина Охрид, напросторот на поранешната касарна, а Министерството за локална самоуправа обезбеди 5,7 милиони денари за доуредување на просторот на кој се направи голф драјв ренџ, мало голф игралиште со 6 дупки и голф академија. Набавена е и опрема, колички за голф и апарати за голф...
Археолошките богатства на Врбник
Post Views: 12 Палафитната населба на локалитетот Врбник е евидентирана уште во 80-тите години на минатиот век од локалното население од Струга, а во 1998 год. започнаа првите подводни истражувања на локалитетот кои ги водеше археолошкото одделение во НУ Музеј на Македонија во соработка со Народниот музеј д-р Никола Незлобински од Струга и Сојузот на нуркачки друштва на Република Македонија, по раководство на археологот Воислав Санев.Од 2001 год. истражувањата со мали прекини истражувањата ги водеше НУ Музеј д-р Никола Незлобински од Струга, а во последните три години...
International Ohrid Sailing Regatta, трето издание
Post Views: 11 Денес и утре во водите на Охридското Езеро, во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, а поддржано од ЕФМ и Општина Охрид, ќе се одржи III меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta“.Едриличарски тимови од соседна Србија и Бугарија, ЈК „Палиќ“, Бродарски клуб „Металац“ – Смедерево, ЈК „Смедерево“ од Србија, „Централен Софиски Јахт клуб“ од Бугарија, „GKZ“ од Полска и ЕК „Снегар“ и „Акватика Јахтинг“ од Република Македонија, се само дел од учесниците кои ќе се натпреваруваат во три класи....
Требеништа добива парк и детско игралиште
Post Views: 8 Деновиве започна изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште во склоп на спортскиот полигон кој ќе биде во функција за забава на најмладите жители и родители на Требеништа, како и околните села кои гравитираат во тој дел. Изградбата на овој Парк ќе доприенесе за подобрување на социјалната свера на делување во заедницата, го подобрува соцо-економскиот аспек ја подобрува комуналната свера, го подбрува квалитетот на испорачување на услугите кон ѓраѓаните, ја потикнува спортската активност кај најмладите и начините за водење на здрав живот и нај важната...
Охридскиот Регион, останува на светската листа на природно и културно наследство
Post Views: 13 Убава вест од 45-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржува во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, Охридскиот Регион, со својата исклучителна универзална вредност, останува на светската листа на природно и културно наследство.Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчера во своето обраќање за време на сесијата истакна дека останува престижниот статус, но остануваат и препораките за негово зачувување.“Препораките не се лесни и нивното реализирање бара наше целосно внимание. За да постигнеме успех во тоа,...
Одбележан светскиот ден на првата Помош
Post Views: 9 Секоја година на милиони луѓе им е нанесена повреда или им е одземен животот поради несоодветен одговор или недостаток на навремено укажана прва помош. Ситуацијата би можела значително да се промени доколку повеќе луѓе се свесни за значењето и правилно се обучени за укажување на прва помош. Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати...
Повторно активности во објектот на Ул. „Димитар Влахов“
Post Views: 28 Повторно реакција од граѓани во рубриката ТТГ во врска со градбата на ул.„Димитар Влахов“. До редакцијата на ТВМ ТелевизијА, испратија фотографии и видеа во врска активности кои се одвиваат на објектот, а кои тие, во текот на денешниот ден, ги регистирале.ТВМ Телевизија испрати барање за информација до Општина Охрид – Дали оштинскиот инспекторат излезе повторно на увид, ако е направен повторен увид – што е констатирано и дали и какви мерки се преземени?Како што информиравме претходно, согласно информациите кои ни беа доставени од Општина...
Огромен интересот за упис во УИНТ „Св. Апостол Павле“
Post Views: 17 Полни се ходниците на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Интересеот кај идните студенти за првиот уписен рок е огромен. Од раководниот кадар на оваа образовна институција велат дека современите нови студиски програми, кои започнуваат во новата академска учебна година, за сите три циклуси, се една од причините за ваквиот интерес.„Универзитетот „Св. Апостол Павле“, оваа година, навистина оствари рекорден број на запишани студенти, од самото свое постоење, на што и јас и целиот тим на универзитетот сме особено среќни и горди. Сакаме да продолжиме со...