Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 151 Италијанската финансиска полиција заплени пратка од 140.000 отровни пастелни боици произведени во Кина.Утврдено е дека има трипати поголемо количество од отровната материја ДЕХП, од дозволеното. ДЕХП го забавува физичкиот и менталниот развој на децата и може да ги општети внатрешните органи.Италијанските власти соопштија дека боиците требало да се продаваат во околу 800 продавници и оти веќе биле рекламирани.Увозникот на пастелните боици, кој има седиште во градот Реџо Емилија, ќе биде обвинет за продажба на здраствено небезбедни играчки.{loadposition content9}
РК „Охрид 2013“, започна со продажба на блок карти
Post Views: 167 Од денес Ракометниот клуб РК Охрид 2013, започна со продажба на блок карти.Сите заинтересирани картите може да ги набават од билетарата на спортската сала „Билјанини извори“ или од лицето задолжено за продажба на истите, Гоце Спасески 075/ 202 – 333.{loadposition content9}
Кинески вселенски зелен зајак
Post Views: 146 Кина на почетокот на декември ќе го испрати на Месечината своето прво беспилотно летало со возило заради истражување на површината на земјениот сателит.Со мисијата за слетување на Месечината „Чанге 3“ Кина ќе го исполни долгогодишниот сон за лунарното истражување на вселената – рекол портпаролот на државната управа за наука, технологија и индустрија во секторот за национална одбрана Ву Џи Џијан. Кинезите веќе ја фотографирале површината на Месечината за да се подготват за успешно слетување на беспилотното летало. Научниците бараат начин за меко слетување на површината,...
Каменување до смрт за авганистанските прељубници
Post Views: 161 Смртната казна со каменување за осудените прељубници ќе влезе во авганистанскиот законик, изјави функционер, пренесува Reuters, додека аналитичарите предупредуваат дека човековите права стекната по соборувањето на талибанскиот режи полека исчезнуваат со повлекувањето на странските сили од земјата. „Подготвуваме нацрт на шеријатскиот кривичен закон во кој казната за прељуба, доколку постојат четири сведоци, е каменување”, рекол Рохула Каризада кој е член на комисијата за шеријатскиот исламски закон и претседател на авганистанската независна адвокатска комора.Агенцијата...
Британците велат „НЕ“ за романските и бугарските имигранти
Post Views: 180 Романскиот министер за надворешни работи Титус Корлецјан го повикал премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, да го отфрли ксенофобичниот и популистичкиот, а понекогаш и расистичкиот став, во врска со стравувањата од од големиот број на имигранти, од Бугари и во Велика Британија, пишува британскиот весник „Дејли експрес“.Министерот посочил уште во интервјуто за британската телевизија „Кенал 5“ дека не верува дека ќе има „проток“ од Романци во Велика Британија, бидејќи оние кои сакале да ја напуштат Романија, веќе го сториле тоа.Корлецјан посочи дека Велика Британија...
Сите сакаат да ја „слушнат“ Меркел
Post Views: 127 Мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел не го прислушувале само американските тајни служби, туку и разузнавачите на Русија, Кина, Северна Кореја и Велика Британија, тврди во денешното издание германското списание Фокус.Објект на прислушувањето бил еден од мобилните телефони на канцеларката, кој немал криптографска заштита, пишува весникот, повикувајќи се на неименуван функционер на германските безбедносни служби.Според него, зградата каде што се наоѓа федералната канцеларија на Ангела Меркел, во центарот на Берлин, со огромниот простор околу неа,...
Путин во Ватикан
Post Views: 152 Рускиот претседател Владимир Путин денеска е во посета на Италија и Ватикан каде оствари средба со лидерот на Римокатоличката црква, Папата Франциско.На средбата ќе се разговара за односите меѓу католичките и православните цркви, а ќе биде разгледана и ситуацијата на Блискиот исток, при што особен акцент ќе се стави на ситуацијата во Сирија.Потоа Путин ќе има средба со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, а утре во Трст ќе разговара со премиерот Енрико Лета.Претседателот Путин практикува средби со католичките водачи. Тој претходно се сретна и со Јован Павле...
Голем пожар на нафтовод во Кина
Post Views: 144 Шест лица загинаа, а седум други се здобија со сериозни повреди при пожар што избувна денеска на еден нафтовод во источниот дел на Кина, соопштија кинеските власти.Пожарот избувнал при отстранување на дефект на нафтоводот во близина на еден трговски центар во градот Џингдао, на источниот брег на Кина.Власти прецизираат дека локацијата на која дошло до пожарот е далеку од каква било нафтена инсталација или воен објект. На фотографиите од местото на инцидентот што се појавија на интернет, може да се види огромен облак од црн чад, како и расфрлани бетонски блокови.{loadposition...
Супермаркет во Рига се срушил како кула од карти, билансот 21 жртва
Post Views: 158 Бројот на жртви при колапс на покривот на супермаркетот „Максима ХХ” во предградието на Рига се искачи на 21, а триесетина лица се здобиле со повреди, пренесе Би-Би-Си. Меѓу загинатите се и тројца пожарникари кои работеле на спасување на повредените.Според летонската државна новинаска агенција „ЛЕТА“ спасувачката мисија се’ уште трае, имало повеќемина затрупани под рушевините, бидејќи во моментот на несреќата маркетот бил полн со купувачи. Според нивните проценки околу 70 лица биле заробени под рушевините.Причините за несреќата се’ уште не се познати, но официјални...
Силен земјотрес во Франција
Post Views: 152 Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во Франција, соопшти Европскиот сезмолошки институт.Потресот е регистриран во 10 часот и 53 минути по локално време. Епицентарот бил на 10 километри од градот Ван во областа Бретања. Длабочината на подземните флуктуации изнесува пет километри.{loadposition content9}
На јапонците им се „роди“ остров
Post Views: 158 Нов остров со пречник од околу 200 метри се појави во Тихиот океан во близина на ненаселениот јапонски остров Нишиношима, по ерупцијата на подводен вулкан.Јапонската метеоролошка служба, огромен облак од чад се дигнал над морето, по што се појавил островот.Агенцијата не ја исклучува можноста ерупцијата да трае подолго време, па издаде предупредување до авионскиот и бродскиот сообраќај во тој регион. Островот се појавил на 1000 километри јужно од Токио.{loadposition content9}
Авионска несреќа во Русија, причини: човечки фактор или дефект?
Post Views: 162 Авионот кој сообраќал на релација Москва- Казан се урнал по третиот неуспешн обид да слета на аеродромот. Меѓу загинатите е и синот на претседателот на Татарстан.Педесет лица загинаа во вчерашното уривање на авионот Боинг-737, кој сообраќаше на релација Москва-Казан. Сите 50 лица во авионот, 44 патници и шест членови на екипажот загинале во несреќата, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. – Во авионот немало деца, изјави портпаролот на Министерството. Меѓу загинатите е и синот на претседателот на Татарстан, Рустан Миниханов, Ирек.Авионот, направил...