Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 4 Владата донесе заклучок и за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица.Според новиот предлог, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, при што нема да бидат објавувани лични податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци. Оваа измена се воведува поради...
Добра година за охридското теквондо
Post Views: 4 Зад Taekwondo клубот „Hwarang FIST“ од Охрид е уште една успешна година, во која спортистите од овој клуб уште еднаш докажаа дека трудот кој го вложуваат во салата и надвор од неа се исплатува и дека резултатите се се` поголеми од година во година.Членовите на клубот учествуваа и на 19-то светското Теквондо првенство за сениори, кое се одржа во Пловдив, Бугарија, а каде Македонија имаше своја репрезентација чиј дел беа и двајва членови на клубот од Охрид, Климент Грозданоски и Борче Јованоски, двајцата со црни појас 1 дан.Најдобрите спортисти на „Hwarang FIST“...
Успешно завршена натпреварувачка сезона на охридските стрелци
Post Views: 5 Викендов во Скопје, на стрелштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин, се одржа последниот петти Куп во гаѓање со воздушно оружје- меѓународна програма, на кој учество зедоа 11 стрелци од Стрелачкиот клуб „Охрид“, сите во јуниорска категорија.Во категорија на јуниори, Гоџоски Мартин застана на првата позиција со резултат од 371,6 кругови или во севкупен пласман-категорија мажи е третопласиран. Попоски Васко со резултат од 564,6 кругови е третопласиран кај јуниорите, односно петтопласиран во севкупен пласман. Големо изненадување направи Иво Илинчев, кој го...
Градоначалникот Пецаков на средба со генералниот конзул на Косово во Македонија
Post Views: 7 Градоначалникот Кирил Пецаков денес оствари протоколарна средба со Генералниот конзул на Косово Агим Красниќи. На средбата Пецаков беше запознаен со работата на конзулатот кој е со седиште во Струга. Красниќи му го честиташе изборот на Пецаков за градоначалник и изрази уверување дека во иднина двете институции ќе бидат отворени за соработка. Генералниот конзулат официјално започнал со работа во септември 2020 година и го покрива југозападниот дел на Македонија.
Нов состав на Комисијата за заразни болести?
Post Views: 8 Според неофицијални информации, Комисијата за заштита од заразни болести ќе има нов претседател на местото на досегашниот претседател Жарко Караџовски. На местото претседател на комисијата се споменува името на доктор Александар Петличковски, додека докторот Злате Мехмедовиќ ќе биде нов портпарол на оваа комисија, а дел од комисијата неофицијално треба да биде и докторот Нико Беќаровски. За подоцна е најавена прес конференција на министерот за здравство Беким Сали, кој ќе треба да ги образложи причините за смената на претседателот.
Забрана за движење на ТМВ на неколку патни правци во Западна Македонија
Post Views: 8 На 01.02.2022 година во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.Од 7:45 часот се воведува забрана за сообраќај на ТМВ на патниот правец Струга-Ќафасан, a поради обилни врнежи од снегод 08.30 воведена е забрана за тешки моторни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Ќе се избира најуспешен спортист за 2015 година
Post Views: 5 И годинава Сојузот на спортови ќе избира најуспешен спортист за 2015 година.КАТЕГОРИИ:– Најуспешен спортист – поединечно,– Најуспешен млад спортист – подинечно, машки и женски,– Најперспективен млад спортист – поединечно, машки и женски,– Најуспешна спортска екипа,– Најуспешен спортски тренер,– Најуспешен спортски работник,Признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер и сл.СЕ ПОВИКУВААТ:– Сите членови на Сојузот на спортови Охрид,– Сите спортски екипи кои делуваат на територијата на...
Регистрирани серија земјотреси во охридско-струшкиот регион
Post Views: 11 Серија земјотреси се регистрирани во охридско-струшкиот регион. Последниот е регистриран синоќа во 23 часот и 05 минути со магнитуда од 2,8 степени по рихтер.Претходно, регистрирани беа земјотреси со јачина од 2,6 и 2,5 степени по рихтер.Во соопштението кое го издадоа од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ се вели:„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 31.01.2022 година регистрираше...