Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Казни до десет илјади евра за трговците кои не ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи

Post Views: 5 Државниот пазарен инспекторат на терен. Испекторите проверуваат дали во трговците на  маркетите ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. Имено, овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година. Од Инспекторатот велат дека се проверуваат сите маркети низ државата, а казните за непочитување на одлуката се високи и достигнуваат и до 10.000...

Продолжи со читање

Меѓународен ден на човековите права

Post Views: 10 Денеска на глобално ниво се одбележува Меѓународниот ден на човековите права. На 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание на ОН е усвоена Универзалната декларација за човекови права.Декларацијата е создадена во  периодот по Втората светска војна и означува прво глобално изразување на основни права на сите човечки суштества. Декларацијата се состои од 30 члена кои се вклучени во подоцнежни меѓународни договори, регионални инструменти за човекови права, национални устави и закони, а во неа се вградени Универзалната декларација за човекови...

Продолжи со читање

Јаневски за српска Политика: Неопходна е авионска врска помеѓу Белград и Охрид

Post Views: 6 Во вчерашното издание на српскиот весник Политика, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски после две години прави осврт и споредба на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега. При самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, Јаневски изјави за Политика дека треба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува.Јаневски во интервјуто за Политика вели дека развојот на туристичката индустрија се заснова на зелен...

Продолжи со читање

Денеска го славиме Св. Атанасиј Велики – Танасовден

Post Views: 8 Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во Александриската црква.Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото...

Продолжи со читање

Општина дебрца го одбележува втори февруари – Светскиот ден на водните живеалишта

Post Views: 4 По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“. Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети. Во одбележувањето ќе се придружат...

Продолжи со читање

СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД НА ЈАВЕН УВИД

Post Views: 3 Младите се носители на позитивните промени, како на државно ниво, така и во Локалната самоуправа. Тие се ресурс за иновации и идна движечка сила на социјалниот и економскиот развој.Општина Охрид ја почитува оваа значајна улога на младите и токму затоа од исклучителна важност е постојано и систематски да се вложува во нивниот развој, но и во воспоставување на механизми за нивно активно учество во општествените процеси. Само со градење на вистинско партнерство помеѓу институциите и младите ќе знаеме дека политиките се инклузивни, ги одразуваат и адресираат...

Продолжи со читање

Денес го славиме Св. Великомаченик Георгиј Победоносец

Post Views: 9 Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Георги истапил пред него и одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот го затворил, наредил нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа наредил да го врзар на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Но при сите овие маки Георги...

Продолжи со читање

Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да се школуваат на „Вест Поинт“

Post Views: 5 Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да одат на редовно школување на престижната воена академија „West Point” во Соединетите Американски Држави.За оваа можност за првпат стана збор при посетата на министерката Радмила Шекеринска на САД во септември оваа година, во чии рамки беше покренато и тоа прашање. Беше оценето дека досегашното повремено школување на наши питомци на другите воени академии во САД се покажалo како успешно и дека давањето можност за школување на македонски кадети и на една од најстарите и најпрестижни воени академии, „West...

Продолжи со читање