Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Охрид го слави денот на Св. Климент Охридски

Post Views: 16 Името на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител. Освен корекција на македонска азбука, глаголицата, која ја нерекол кирилица, основањето на првиот универзитет во Европа, Св. Климетовиот универзитет, значењето на овој светец за просветата и културата во Македонија е и повеќе од возвишено.Припадниците на православната вероисповед денес го прославуваат верскиот празник Св. Климент Охридски, кој е и патрон празник на градот Охрид.Без мисионерската и просветителска дејност на браќата Св Климент и Наум, делото на...

Продолжи со читање

Пелистер падна, на ред е Металург

Post Views: 2 На првиот натпревар од  петтата рунда во ракометната Супер лига, охридските ракометари стартуваа со триумф.ТВМ Телевизија продолжува со преносот во живо од ракометните натпревари на охридските спортски миленици кои синоќа имаа феноменален старт во петтата рунда од ракометната Супер лига. Тие во спортската сала „Биљанини извори“  ја совладааа екипата на „Пелистер“ со 22-21 (9-7). Најважна карактеристика на синоќешната игра на охридските ракометари беше перефекната игра во одбраната.Покрај одличната игра поддршката од „Рибарите“ и трибините синоќа исто така одиграа...

Продолжи со читање

Мистерии на дотраените куќи – 2 дел

Post Views: 10 За сите љубители на добрите криминални приказни и филмови од жанрот „Кој е злосторникот?“, викендов ќе уживаат и во вториот дел од мини серијата, Мистерии на дотраените куќи: Конкретен доказ .Oткако ќе открие остатоци од човечки скелет во подрумот на куќа која ја реновира, Шенон е со намера да открие кој е причината за ова злосторство, составувајќи дел по дел од мистериозната сложувалка, оставени во дневникот на самата жртва.Премиерно, оваа недела на ТВМ Телевизија, Мистерии на дотраените куќи: Конкретен доказ.

Продолжи со читање

Претставата „Сопружници“ во петок пред охридската публика

Post Views: 7 Театарскиот репертоар на народниот театар од Охрид започнува со претстава “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во петок, 04.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. “Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој...

Продолжи со читање

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод празникот Св. Сава

Post Views: 5 Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница.„ Со најискрени желби за здравје, мир и благосостојба упатувам срдечни честитки до сите припадници на српската заедница по повод големиот празник Свети Сава, првиот српски архиепископ и просветител. Ваквите празнични денови се можност да испратиме силни пораки за поголема почит и соработка. Сполотени во нашето мултиетничко општество се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ги чуваме и унапредуваме пријателствата, како основа за поголем...

Продолжи со читање

Застанаа возовите во Македонија

Post Views: 14 Патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – транспорт”, изјавил за МИА, Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал. Според него причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата. Тој се повика на одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во...

Продолжи со читање

Работниците отсега безбедно ќе пријавуваат вознемирување на работното место

Post Views: 7 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Алсат ТВ, информираше дека Министерството во моментот работи на измени и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работното место. Според неа целта на  измените се работниците да бидат што повеќе охрабрени да пријавуваат мобинг на работното место.„Работиме на измени и дополнувања за јакнење на заштитниот механизам на работниците. Моменталното решение не нуди поголема заштита. Поради тој аспект одиме на промена на ова законско решение. Во моментов  воспоставената Комисија...

Продолжи со читање

Второто полугодие ќе започне со физичко присуство

Post Views: 5 Комисијата за заразни болести препорача стартот на второто полугодие да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој присуствуваше министерот за здравство, Беким Сали беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во земјава.Воедно, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата...

Продолжи со читање