Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Вакцината против ковид-19 не содржи крв од деца

Post Views: 10 Неточно е тврдењето во постот дека изумителите на вакцините признале оти составен дел на вакцините е крвта од деца. Не навлегувајќи во религиозните аспекти на постот, ниту, пак, во верските чувства, фактичките медицински информации од науката негираат постоење на крв или крвни продукти во вакцините, ниту од возрасни, ниту од деца. Како невистинити ги оценуваме и наводите дека вакцинацијата е задолжителнаРецензираме пост на Фејсбук во којшто лажно се тврди дека вакцинирањето е задолжително. Временскиот контекст во којшто е споделен статусот, односно датумот на...

Продолжи со читање

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево–Охрид преку Пресека

Post Views: 5 На планинскиот превој Ѓавато од 07:00ч укината е забраната за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:Од 07:15 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека,Од 06:30 часот воведена е забрана за ТТВ на планинскиот премин Стража,Од 06:30 часот воведена е забрана за ТТВ на патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар,Од 22:00 часот (29.11.2021) е воведена забрана за ТТВ на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка додека за останатите...

Продолжи со читање

СВИКAНА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 4 Свикана четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 06.12.2021 година ( понеделник ) со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.На дневниот ред на ова издание на седницата ќе се најдат следните точки:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 2 седница и Записникот од 3 седница        Нацрт-програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2022 година.        Нацрт-програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2022 година.        Нацрт-Развојна програма за изработка на...

Продолжи со читање

Вакцинираните наставници нема да ги „контаминираат“ учениците

Post Views: 13 Вакцинацијата за децата не е задолжителна, туку опциона, а вакцинираните наставници не можат да ги загрозат нивните ученици, односно да ги контаминираат, како што се тврди во постот, ниту на друг начин некому негативно да му повлијаат на здравјето. Спајк протеинот што се создава по вакцинацијата не е ист со тој на коронавирусот и е во 100 илјади пати помала количина од онаа што е потребна да предизвика штета.Во време кога е и повеќе од јасно и повеќе пати повторувано и официјално наведено дека вакцинацијата во С. Македонија е на доброволна основа, односно дека...

Продолжи со читање

Нема докази дека вакцините против ковид-19 влијаат врз плодноста кај мажите или жените

Post Views: 5 Не е докажано дека ковид-19 вакцините влијаат врз квалитетот на сперматозоидите, односно врз плодноста ниту кај мажите ниту кај жените. Точно е дека квалитетната сперма сè повеќе се бара на пазарите и дека нејзината цена расте. Постот што го рецензираме, ваквиот факт го злоупотребува со цел да шири дезинформација дека вакцината против ковид предизвикува стерилитет.Пост на Фејсбук ја уверува јавноста дека сперматозоидите на невакцинираните мажи ќе станеле новиот инвестиционен Биткоин! Ваквата најава се поткрепува со тврдењето дека оние кои се вакцинирале против...

Продолжи со читање

Лажица и монети не се лепат на рамото поради вакцината

Post Views: 8 Овој пост што се споделува на „Фејсбук“ е невистинит. Вакцините немаат магнетизирачко дејство, немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Наводните магнетски моќи исчезнуваат ако им се прекрие кожата со пудраПрилично распространетата теорија на заговор, во којашто се тврди дека лажици, метални парички и...

Продолжи со читање

Изјава на експерт за делта варијантата на ковид-19 вирусот не е „психопандемија“

Post Views: 7 Научни вистини и актуелни статистички показатели, кои укажуваат за опасноста од т.н. индиски сој или делта варијанта на корона вирусот, искажани од професор и признат медицински експерт, во објава на Фејсбук се претставени како ширење страв, паника и „психопандемија“, што е очигледна дезинформација.Објава на профил на Фејсбук на македонски јазик невистинито прикажува дека изјава на познат и признат експерт од РСМ за вируси и бактерии е всушност „психопандемија“ или ширење страв од моменталната пандемија во светот и кај нас со ширењето на корона вирусот.Во објавата...

Продолжи со читање

Сингапур не открил дека ковид-19 е предизвикан од бактерија

Post Views: 8 Невистинит е овој  пост во којшто се тврди дека Сингапур открил оти ковид-19 е предизвикан од бактерија, а не од вирус, како и тоа дека ја променил терапијата за лекување. Исто така, не е точно дека обдукцијата била извршена спротивно на протоколите и насоките од СЗО, затоа што СЗО не ги забранува обдукциите на починатите од ковид. Ковид-19 е предизвикан од вирус, а не од бактерија и ова е третото лажно тврдење во постот. Фактот што овие дезинформации им се атрибуираат на официјални медицински власти на Сингапур, покажува колку пропагандата и машината за лажни...

Продолжи со читање