Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Мистерии на дотраените куќи- 1 дел

Post Views: 17 За сите љубители на добрите криминални приказни и филмови од жанрот „Кој е злосторникот?“, викендов ќе уживаат во првиот дел од мини серијата, Мистерии на дотраените куќи: Местенки за убиство.  Шенон Хамер е сопственичка на градежна компанија и истовремено експерт за реставрација на стари куќи од Викторијанската ера. За време на реновирање на една од тие недвижнини, Шенон, ќе најде докази за таинственото минато на една куќа и истовремено ќе предизвика лавина од немили настани.Премиерно, оваа сабота на ТВМ Телевизија, Мистерии на дотраените куќи: Местенки...

Продолжи со читање

Не е точно дека вакцините не се ефикасни против мутациите на коронавирусот

Post Views: 3 Неточно е тврдењето искажано во оваа објава на Фејсбук, дека самите производители на вакцините изјавиле оти тие не се ефикасни против индискиот сој и мутациите на коронавирусот. Точно е дека новите мутации ја намалуваат ефективноста на вакцината после првата доза, меѓутоа не е виститна дека нема никаква ефективност. Затоа, уште поважно е да се примат две дози од вакцината после кои ефикасноста од инфекција значително расте, речиси 88 проценти. А што се однесува до тешките последици од смрт и хоспитализации, вакцините обезбедуваат уште поголема заштитаРецензираме...

Продолжи со читање

Охриѓанец заработи кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал на Фејсбук

Post Views: 3 СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.П.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. Тој, на 30.10.2021 година, за време пред изборниот процес, на објавен текст на електронски медиум, од својот Фејсбук профил напишал коментар со недолична содржина со што, поттикнал омраза насочена кон одредена група.

Продолжи со читање

ПЦР тестот не е исфрлен од употреба

Post Views: 18 Тврдењето изнесено во постот што се споделува на Фејсбук дека, наводно, ПЦР тестовите повеќе не можат да се користат, е невистинито. Напротив, тие се златен стандард во детекцијата на Сарс Ков 2, односно коронавирусот, преку научна метода. Освен тоа, тие се употребуваат и како доказ за отсуство на коронавирусот во организмот и при патување и се услов за влез во речиси сите земји од светот, покрај вакциналниот картон со кој се докажуваат примени две дози вакцинаВо постот што го рецензираме се тврди дека ПЦР тестовите не можат да се користат, а во линкот под...

Продолжи со читање

ЕМА не издала нова препорака вакцината „АстраЗенека“ да не се дава на постари од 60 години

Post Views: 9 Објава на Фејсбук, преку насловот на текстот што се споделува, шири невистини дека има нова препорака од Европската aгенција за лекови (EMA) да не се вакцинираат постарите од 60 години. Повод за ваквиот наслов е интервјуто  на лидерот на работната група на ЕМА за ковид-19, Марко Кавалери за италијанскиот весник „Ла Стампа“, но тој потоа за „Ројтерс“ изјави дека бил погрешно интерпретиран. По ова,  „Ла Стампа“ го промени насловот на интервјуто и сега тој гласи: ,,Кавалери(ЕМА): Изборот за употреба на АстраЗенека е оставен на секоја држава засебно”. Во содржинскиот...

Продолжи со читање

Пандемијата е вистинска, а спортските натпревари се одвиваат по протоколи

Post Views: 19 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесени дезинформации за тоа кои услови треба да бидат исполнети за да се работи за вистинска пандемија. Во постот се тврди:Да беше вистинска пандемија… Г7 ќе се случеше онлајн. Кралскиот аскот (коњските трки во Аскот) ќе беше откажан. Тенисот на Вимблдон би бил стопиран. Но ,,реалниот ризик” е децата да спортуваат или да има матурски, верски услуги, собирања на семејство итн.Според ова тврдење, пандемијата со ковид 19 не е вистинита, затоа што се одржуваат коњски трки, тениски турнир и самит. Потоа се инсинуира дека...

Продолжи со читање

Не треба да бегате од вакцинираните како од чума

Post Views: 9 Спајк протеинот, кој се создава во организмот на вакцинирано лице, воопшто не е истиот како спајк протеинот на коронавирусот, а дури и кога би бил, тој по вакцината е во количество 100 илјади пати помало отколку она потребно да направи штета! Не постои шанса ни начин ковид-19 вакцинираната личност да ја ,,шири вакцината”, изјавија од Центарот за контрола и превенција на болести во одговор за „Ројтерс“. Вакцините не содржат метали и не е точно дека спајк протеинот е магнетизирачки. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи...

Продолжи со читање

Вакцината за децата нема да е задолжителна, исто како што не е ни за возрасните!

Post Views: 12 Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се изнесени дезинформации во врска со вакцинацијата. Во постот се вели дека ,,фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување страв кај младите после летното опуштање од апсурдните мерки”.Постот сугерира дека делта варијантата е измама, односно дека поради неа од „есен ќе следува истата гнасна игра на страв, болест и умирачки“, иако оваа варијанта е официјално регистрирана од Светската Здравствена Организација.Ги спремаат младите за ваксајнс. Делта сој на вирус. Фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување...

Продолжи со читање