Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Претставени учесниците на годинешниот Охридски пливачки маратон

Post Views: 249 На пригодна свеченост која се одржа вчеравачер на платото пред хотелот „Палас“ беа претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи во сабота на 26-ти август.На патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри оваа година ќе запливаат вкупно 15 натпреварувачи од кои, шест во женска и девет во машка конкуренција. Оваа година покрај домашните пливачи, на маратонот ќе учествуваат и пливачи од Франција, Холандија, Италија, Аргентина и Турција.Градоначалникот Кирил Пецаков во своето официјално обраќање на промоцијата упати искрени честитки...

Продолжи со читање

Министерот Пенов неодамна го посети теренот за голф на трева во Охрид

Post Views: 220 Mинистерот за локална самоуправа Ристо Пенов неодамна го посети најсовремениот специјален терен за голф на трева од 3,5 хектари во Охрид. Овој значаен проект ја означува првата инвестиција од ваков вид во нашите туристички центри, насочена кон издигнување на специјалниот туризам во Северна Македонија.„Трансформирајќи го она што некогаш беше стара касарна, новиот објект за голф во Охрид е пример за иновации и раст во нашиот туристички сектор. Со опсег за возење, терен и академија за голф, новата област не е само терен за голф; тоа е центар на заедницата“,...

Продолжи со читање

Балкански поетски камп за деца и млади – Ванчо Николески

Post Views: 200 Петта година по ред младите поети од земјата и регионот, го слават творештвото на еден од најголемите писатели за деца на Македонија, Ванчо Николески. Манифестацијата ќе трае до сабота, 26-ти август и ќе се одржува на различни локации во Охрид, Струга, Вевчани, Белчишта и Црвена Вода. Во рамки на кампот ќе се одржат поетски работилници, кои годинава, ќе ги води проф. д-р Милутин Ѓуричковиќ, истакнат српски поет, идеен творец, основач, сега претседател на Институтот за детска литература во Белград, член на Европската академија на науките и уметностите. Новинарот во...

Продолжи со читање

Жителите на Бејбунар се жалат на старо-нов комунален проблем

Post Views: 208 Жители кои живеат на улиците „АСНОМ“ и „Јордан Мијалков“ се жалат на неподнослива реа, која како што велат доаѓа од комуналниот отпад во претоварната станица на ЈП „Охридски Комуналец“, која моментално се наоѓа во кругот на Р.Е. Механизација. Напоменуваат дека деновиве имало поголемо од вообичаеното количество смет на оваа локација. ТВМ го контактираше Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Најдески, кој за ТВМ информираше за актуелната состојба.„Возилата чијашто просечна старост е и повеќе од две децении, огромниот обем на работа и огромното количество...

Продолжи со читање

Гикови и хакери на анти-конференција во Охрид

Post Views: 227 НСНД (Ništa se neće dogoditi) е настан кој се одржува некаде од 2007ма година низ разни градови на Балканот – како неформален собир на хакери, гикови, ентузијасти за технологија, членови на хаклабите од регионот и пошироко.После подолга пауза, правиме уште еден собир, овојпат во Охрид. Домаќин ќе биде Касарна Хаб, a добредојдени се сите заинтересирани. Настанот е замислен како неконференција (анти-конференција) без претходно одредена програмa. Програмата се дефинира на лице место и најчесто содржи:– работилници и предавања поврзани со слободниот софтвер /...

Продолжи со читање

Успешна летна сезона за спасителите на вода од Охрид

Post Views: 247 Дузина интервенции на охридските спасители на вода, од кои единаесет на активни давеници и една на пасивен давеник, е билансот пред самиот крај на оваа туристичка сезона во Охрид. Станува збор за сериозни интервенции, кои се завршија без фатални последици, истакна претседателот на О.О. на Црвен Крст од Охрид, Сашо Точков. Покрај тоа, охридските спасители на вода и парамедици спровеле и дополнителни 800 интервенции на укажување итна помош.„Тоа не стимулира и понатака да продолжиме и да ја дефинираме оваа сезона како успешна, во делот на спасувањето. За жал,...

Продолжи со читање

Во вторник закажана седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 183 Полни раце работа за градските избраници на крај од месец август. Ново издание на седницата на советот на Општина Охрид, е закажано за вторник 29-ти август во 9 часот. Обмениот дневен ред од околу деведесет точки, ќе започне со Предлог-одлука за давање мислење на Програмите за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2023/2024, за основните и средните училишта од градов, Предлог-одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во две средни и едно основно училиште во Охрид, Предлог-oдлука за усвојување на...

Продолжи со читање

Сонот за елитен туризам, сам по себе не е доволен

Post Views: 341 Со слабеење на потрошувачката моќ на современиот турист, се дава предност на младата категорија посетители, кои впрочем се и гостите кои и оваа сезона се најбројни во нашиот град. Другата категорија посетители, оние повозрасните, со малку подлабок џеб, бараат краток престој, збогатен со богати културни содржини, објаснуваат туризмолозите. Проф. д-р Науме Мариноски, редовен професор на ФТУ, објаснува дека само преку диверзификација на туристичката понуда, можеме да целиме пред се кон квалитетна и успешна туристичка сезона.„Нашите истражувања беа насочени кон...

Продолжи со читање

Започна фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Post Views: 248 Стартуваше тринаесеттиот по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани. Синоќа со дефиле по вевчанските улици, Вевчани пулсираше во духот на народната култура и традиција.На просторот пред Мултикултурниот центар, посетителите имаа можност преку ревијата на народни носии и песни и ора од Леринско Поле, насловена „Моштенки“ на Филип Јаковлески, да се запознаат со етнолошкото богатство на овој крај.И годинава на фестивалот учествуваат ансамбли од земјата и странство, истакна Тошо Чочороски, директор на фестивалот.„И оваа година се потрудивме...

Продолжи со читање

Технолошки камп за справување со дезинформации и лажни вести на ФТУ

Post Views: 340 Четириесет наставници и осум ментори од САД, Обединетото Кралство, Грузија и од земјава, деновиве во Охрид, учествуваат на  Технолошкиот камп, во организација на Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД од Скопје, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и тимот на „TechCamp на“ на Стејт департментот на САД. Тие деновиве споделуваат најдобри практики за медиумска писменост во образованието, препознавање и справување со дезинформациите и лажните вести, како и стекнување основи по прашањето на сајбер-безбедноста и како овие знааења да се имплементираат...

Продолжи со читање

„Безбедна улица за нашите деца“ бараат жителите на Момчило Јорданоски

Post Views: 305 Тесни тротоари кои служат како паркинг, велосипедски патеки покриени со паркирани возила, но и отсуство  на успарувачи на брзина на движење за возилата, сообраќајни знаци за дозоволена брзина и сферни огледала. Ваква е сликата на улицата „Момчило Јорданоски“, која во вечерните часови знае да биде и место на кое младите возат со огромни брзини.Жителите на улицата апелираат до институциите да се интервенира и инфраструктурно и безбедносно, да се решат недостатоците, бидејќи инциденти има речиси секој ден, а имало и такви кои завршиле со фатални последици....

Продолжи со читање

Ќе се одредуваат заштитни зони околу изворите за водоснабдување на Охрид

Post Views: 231 Со цел заштита на водите на одредено извориште за водоснабдување на населението, неопходна е изработка на соодветни Елаборати за одредување на границите на заштитните зони на извориштата. Јавното претпријатие „Водовод Охрид“, е задолжено да изработи Елаборат за определување граници на заштитни зони околу извориштата за водоснабдување на градот Охрид и околните населени места, за што советниците ја изгласаа одлуката. Живка Ангелоска, координатор на советничката група на СДСМ на последната седница на градскиот Совет истакна дека го добиле барањето за задолжување на...

Продолжи со читање