Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 14 „Заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните природни вредности како дел од Светското природно наследство на УНЕСКО и еден од најважните рефугиуми центри на биолошка разновидност во европски и светски рамки, Охридско Езеро се прогласува за заштитено подрачје од III категорија – Споменик на природа“ – стои во првиот член на Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата, по кој денес во Општина Охрид се одржа јавна расправа. Во Нацрт законот предвидено е да се формира...
Заеднички проект на Охридската и библиотеката од Врање
Post Views: 12 Со презентација на тема: Обработка, презентација и негување на културниот идентитет на Врање, бибилотекари од Врање, соседна Србија, деновиве во НУ Градска Библиотека „Григор Прличев“, ја продолжуваат работната посета, како дел од проектот со кој Охридската Библиотека конкурираше и го доби, од Министерството за култура, во рамки на годишната програма за работа во оваа 2023 година. Соработката меѓу двете установи, паралелно се одвива на неколку нивоа, преку релаизација на голем број активности.„Ние како институција сме заинтересирани за она што тие го...
Регионален реставраторски камп за недвижно културно наследство и археолошки локалитети од Охридскиот регион
Post Views: 12 Студенти од неколку земји од Македонија и Балканот, деновиве, во Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апотол Павле“ во Охрид се дел од „Регионалниот Реставраторски Камп“, кој пак е само дел од големиот проект, „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство на Заводот и музеј –Охрид“. Преку овој проект, кој се организира под закрила на УНЕСКО, студентите од меѓународни и домашни експерти, учат, како најсовремените дигитални...
Изгласан нов ребаланс на буџетот на Општина Охрид за 2023 година
Post Views: 16 Изгласан уште еден ребаланс на буџетот со кој се обезбедија средства за исплата на долгови кон доверители. Советниците од опозицијата во советот на Општина Охрид, прашуваат уште колку ребаланси се потребни до крај на календарската година. Координаторката на советничката група на СДСМ од Охрид Живка Ангелоска, се надева дека измените на еден дел од програмите и измени на буџетот за 2023 година, кои се предизвикани главно од веќе извршена, но и очекувана заплена на извршни средства од буџетот, се во рамки на законската регулатива. „Уште колку ребаланси на...
Општинскиот буџет закрепнува, реализација на капитални проекти ќе има
Post Views: 6 Позитивната финансиска состојба на Буџетот покажана во вториот квартал од годинава да се искористи за реализација на големи проекти. Големата сума финансии кои централната власт ги префрла на сметка на локалните самоуправи со цел да ја зголемат нивната самостојност, согласно измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа треба мудро да се искористат. Исто така, голем е приливот на средства и од данок на имот, каде се бележи зголемување за околу 59 милиони денари, кажа од говорницата во советот Живка Ангелоска – Координаторка на советничка...
Петицијата на жителите на улицата „Момчило Јорданоски“ останува на хартија
Post Views: 21 Петицијата која ја потпишаа повеќе од 150 жители кои гравитираат на улицата „Момчило Јорданоски“ е доставена до општина Охрид и СВР Охрид. Во неа е наведено дека жителите бараат поставување забавувачи на брзината на движење, сферни огледала и отстранување на непрописно паркираните возила на улицата. Но, истата, за жал, сега за сега, ќе остане на хартија. За овој сообраќаен проблем стана збор и на последната седница на Советот на Општина Охрид. Бојан Михајловски, советник од СДСМ од говорницата подвлече дека во извештајот за сообраќајна сигнализација има уште...
Утре започнува новата учебна година, мал дел од учебниците ќе доцнат
Post Views: 8 Учебната 2023/24 ќе започне навреме, на 1- ви септември, за прв пат и со пролетен распуст. Најголем дел од учебниците за основното образование се веќе испорачани до училиштата, но шестоодделенците, сепак ќе почекаат за нови учебници. Имено, се чека одобрување од националната комисија за учебници, а дотогаш, учениците ќе учат од помошни материјали, од бирото за развој на образованието, кои ги има на веб страната на Бирото, кажа на денешната прес конференција Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.„Најголем дел од учебниците за основното...
Охриѓанката Јована Котушеска во борба за европски шаховски медал
Post Views: 15 Црно белата табла на шахот еволуираше повеќе од две илјади години за да биде она што е денес. Има богата историја, преполна со многубројни возбудливи приказни што чекаат да бидат раскажани. Една таква приказна, на почетокот на месец септември, од Европското првенство за младинци, во Мамаја Романија, ќе се обиде да раскаже и младата охридска шахистка, Јована Котушеска. Таа ќе ги брани боите на Македонија и на Шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Струга. Љубовта кон оваа игра, уште кога имала само 5 години, на Јована и ја пренел нејзиниот дедо, а првата нејзина средба со...