Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 46 Кино проекциите се закажани за наредната среда (24.11.2021) и четврток (25.11.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.Џакомо отсекогаш сакал да има мал брат за да си игра, а од кога ќе се родил, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш помалиот брат Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови. Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште и...
Кој тоа ја налути ЕУ?
Post Views: 44Европската комисија соопшти дека ќе ги преиспита билатералните односи со Швајцарија откако граѓаните на таа држава на референдум поддржаа воведување на квоти за доселување на странци во земјата. Исходот на референдумот го повредува принципот на слобода на движење на луѓето, истакнаа Комисијата во Брисел и грчкото претседателство со Советот на ЕУ.„ ЕУ ќе ги преиспита последиците од таа иницијатива врз севкупните односи на Унијата и Швајцарија, се вели пак во соопштението на Европската Комисија публикувано откако беа објавени резултатите од референдумот на кој беше усвоен...
Поплави во Франција и Шпанија
Post Views: 56Француската метеоролошка служба прогласи највисоко, црвено ниво на тревога поради поплавите во крајбрежната област Бретања.Во изминатите денови баскиската област на француската граница со Шпанија, ја погоди невреме кое предизвика огромни бранови, силни ветрови и поројни дождови.Во невремето еден шпански товарен брод удри во ѕид во француското пристаниште Бајон.Во Шпанија ветрот со јачина од 130 километри на час, предизвика бранови на западниот брег високи осум метри и предизвикаа штети од повеќе милиони евра.Невреме ја погоди и Велика Британија, која ја ангажираше кралската...
Ескалираат протестите во Тузла
Post Views: 41 Протестите кои веќе два дена траат во Тузла, а кои од четвртокот се проширија и на други градови во Босна и Херцеговина(БиХ), за во петок се најавени ширум земјата. По целодневните протести во четвртокот во Тузла кога ескалираа судирите меѓу демонстрантите и полицијата, во петок граѓаните повторно ќе излезат на улиците во потрага по своите основни права.Така за петок протести се најавени во Тузла, Сараево, Приједор, Бугојно, Орашје, Бањалука, Зеница, Витез, Бихаќ, Мостар, Брчко и други градови.Протестите во БиХ започнаа пред два дена, кога пред зградата на Владата на...
Хидробиолошки завод-Охрид доби финансиски средства од државата за реализација на тригодишни проекти
Post Views: 43 Седум Јавни научни установи и Институти, по цела деценија добија финансиски средства од државата за тригодишни проекти, со кои треба да се збогати нашата научна дејност.ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид е еден од научните институти кој преку ваков национален проект ќе ја испитува еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато.Државата за оваа намена издвои средства во висина од вкупно 19 милиони денари, кои се директна поддршка на истражувањата.МОН и Владата продолжуваат да вложуваат и да градат систем со кој ќе се обезбеди континуитет во финасирањето на...
Снежната бура продолжува да беснее на североисток од САД
Post Views: 34Повеќе од 600.000 лица останале без електрична енергија во североисточниот дел на САД, а илјадници летови се откажани што предизвика вистински хаос за милиони патници.Поради силниот ветер и мразот соборени се голем број дрвја како и електрични кабли.Во Њу Џерси и Њујорк прогласена е вонредна состојба каде што помалите резерви на сол се користат за топење на мразот.До крајот на јануари во Њу Џерси веќе се потрошени 277.000 тони со што е за 18.000 повеќе за разлика од претходната зима. Од невремето погодени се и Пенсилванија и Конектикат.Само во текот на вчерашниот ден се...
Повторно спасени имигранти во водите на Сицилија
Post Views: 62Италијанските поморски сили соопштија дека спасиле во Средоземното Море над 1.100 имигранти, кои се обидуваат на девет големи сплавови да стигнат до Сицилија.Патролни хеликоптери вчера ги забележале пренатрупаните сплавови, а потоа четири бродови се приклучиле кон спасувањето на имигрантите, пренесува „Ројтерс“. Се’ уште нема податоци за националноста на бегалците.Минатата есен над 560 лица се удавија во два инцидента на патот кон италијанските брегови.{loadposition content9}
Штрајк на вработените во лондонското метро
Post Views: 41Работниците во лондонското метро стапија во 48 часовен штрајк поради планот за укинување на билетарниците.Планот за укинување на билетарницата е дел од напорите да се модернизира лондонското метро. Според синдикатот со тоа ќе бидат укинати 750 работни места.Од лондонското сообраќајно претпријатие наведуваат дека со затворање на билетарниците ќе се заштедат околу 50 милиони фунти (60 милиони евра) бидејќи помалку од три отсто од луѓето ја користата билетарницата. Само за информација, лондоснкото метро дневно превезува 3,5 милиони луќе со своите 11 линии и 270 станици....






