Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 211 Додека летово Општина Охрид се справува со проблеми со опожарување на депонијата Буково и жителите на регионот дишат чад, изградбата на регионалната депонија наиде на нов предизвик. Изградбата на регионална депонија во Новаци по се изгледа ќе зависи од изградбата на обиколницата, која оваа општина ја побара, како коридор по кој ќе се движат камионите кои ќе го носат сметот до депонијата, објасни неодамна Кирил Пецаков градоначалникот на Општина Охрид.„Општина Новаци, којашто ќе биде како локација за новата депонија, бараше средства за изградба на обиколница околу...
Охридските пензионери продолжуваат со протестите за линеарно зголемување на пензиите
Post Views: 409 Охридските пензионери денес повторно излегоа на протест. Се собраа пред просториите на Здружението на пензинери на Охрид и Дебрца, со едно и единствено барање, линеарно зголемување на пензиите. Бараат по 3.500 денари повисока пензија за сите пензионери. Поддршката од раководството на здружението на пензионери и денес изостана. Поради тоа, учесниците на денешниот протест побараа оставка од членовите на сегашното раководство на Здружението.Ристо Калајџиески од огранокот на ЗП од „Воска“ вели, дека се работи на менување на статутот на здружението, да не може...
Македонските таеквондисти заминуваат на Светското првенство во Астана
Post Views: 274 Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (ИТФ) дел од Светската Таеквондо ИТФ елита. Петчлена екипа ќе не претставува на Светското Таеквондо ИТФ првенство кое ќе се одржи во Астана–Казахстан од 18.08 – 26.08. Екипата се состои од две официјлани лица и тројца натпреварувачи кои се Европски медалисти и најдобри поединци.Боите на македонија во Астана ќе ги бранат Христијана Парулеска црн појас I дан, европски првак во категоријата кадети, Давид Крстески црн појас I дан, Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 и Елена Јанеска црн...
ОУ„Кочо Рацин“ ќе се сели на нова локација
Post Views: 380 Основното училиште „Кочо Рацин“ ќе се сели на нова локација, во просторот на поранешната касарна. Но, кога тоа ќе се случи, зависи од обезбедување на потребните финансии за реализацијата на овој голем проект за кој се залага Општина Охрид. Стојан Митрески, советник од редовите на СДСМ во советот на Општина Охрид, побара објаснување од претставниците на локалната власт за тоа до каде е реализацијата на овој проект.„Се работи на конкретен проект за префрлање на училиштето од постоечката локација, на локација кај касарната. Сакам да прашам до каде е таа работа,...
Фридман: Македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои
Post Views: 182 Еден од најпознатите американски лингвисти на својата генерација со славистичка и балканистичка ориентација д-р.Виктор Фридман, во чијшто творечки опус од 101 научен труд, 73 се од областа на македонистиката и балканистиката, денес во куќата на Уранија на МАНУ, ја прими Светската Награда на Хуманизам, за 2023 година.Со сета своја дејност проф. Фридман има придонесено многу за афирмацијата на македонскиот јазик, македонската лингвистика и македонистиката во целина, како во САД, каде што живее и работи, така и во бројни други центри во светот. Активен преведувач...
Промовирана програмата за првиот Ohrid Water Festival
Post Views: 243 Дефинирани се сите детали и деновиве финишираат завршните подготовки околу организацијата на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival. Оваа спортско-промотивна манифестација ќе се одржи во Охрид од 19-ти до 27-ми август. Ohrid Water Festival се организира со целосна поддршка на Локалната самоуправа и неговата основна цел е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид, како најголем туристички центар во Република Македонија. Концептот на фестивалот е токму...
Охридските пензионери бараат линеарно зголемување на пензиите од септември
Post Views: 390 Охридските пензионери денес на протест со едно единствено барање, а тоа е линеарно зголемување на пензиите од септември. Велат, спонтано се собрале пред седиштето на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца и имаат свои аргументи зошто бараат линеарно, а не процентуално зголемување. Пензионерите со објаснување дека потребно е утврдување систем на најниска пензија, која ќе изнесува 80% од минималната плата во земјата. Се сретнале со претставниците на Здружението на Пензионерите на Охрид и Дебрца, барајќи поддршка, но поддршка не добиле вели Кирил Јосифоски, пензионер.„...
Повторно се актуелизира потребата од пловило амбуланта на Охридско Eзеро
Post Views: 268 Повторно актуелизирана потребата од ставање во функција на пловило амбуланта за потребите на охриѓани и туристите за време на летната сезона. И градските советници на последната седница на советот дискутираа во насока на изнаоѓање на системско решение за ставање во функција на на ваков пловен објект.Зголемениот број на интервенции на итната медицинска помош, уште еднаш го актуелизира прашањето за вклучување на пловило или глисер кој за време на летната сеозна би можел да се користи за пренос на пациенти. И советниците на последната седница на Советот, на точката...
Во план е реконструкција и подобрување на инфраструктурата на градските гробишта во Охрид
Post Views: 211 На последната седница на Советот на Општина Охрид, посветена на советнички прашања, стана збор и за состојбата во која се наоѓаат градските гробишта. Советникот од ДУИ Бесник Османи со забелешки за состојбата на муслиманскиот дел од гробиштата, за што претходно имаше и реакции од граѓани.„Муслиманските гробишта се оставени во катастрофална состојба, одржувањето е катастрофа. Граѓаните се многу револтирани по минатиот Курбан Бајрам. Како што знаеме пред неколку совети се гласаше поскапување. Помина поскапувањето, да одиме сега да видиме навистина е катастрофа.“...
Комуналната хигиена во Охрид среде сезона жешка тема на седницата на градскиот совет
Post Views: 391 „Сведоци сме каков комунален хаос не има снајдено нас во Охрид, изјави денес од општинската говорница Бојан Михајловски, советник во Советот на општина Охрид од СДСМ. Обвини дека градот како никогаш досега се гуши во смет и запраша дали пред најпосетениот викенд кој ни претстои, јавното комунално претпријатие „Охридски Комуналец“ е подготвено да се справи со предизвикот?„И покрај вашите убедувања дека со изнајмувањето на приватната фирма ќе се реши комуналниот хаос во Охрид, не можеме да забележиме некоја разлика, ама забележуваме возила од повеќе градови...
Советот пренамени средства во буџетот за набавка на градежни машини
Post Views: 172 На 29-тата седница на Советот на Општина Охрид точките кои се однесуваа на Предлог-одлуките за измени на програмите за комунални услуги за 2023 година, измените на програмата за уредување на градежно земјиште во 2023 година и предлог-одлуките за измени на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година, беа причина за најжестока дискусија меѓу градските избраници. Советничката Живка Ангелоска – координаторка на Советничка Група на СДСМ, побара објаснување за пренамената на средствата и за постапката за набавка на градежна машина.„Редно е...
Жителите на Долно Лакочереј сакаат квалитетно снабдување со вода
Post Views: 400 Делови од охридското село Долно Лакочереј деновиве без вода. Жителите кои живеат во повисоките делови од ова село револтирани, велат дека мака мачат да се справат со извршувањето на основните потреби. Вода за пиење купуваат, а за технички потреби носат вода од селската чешма. Тешко е да се живее на овие температури без вода, велат тие.„Добиваме, 4 месеци во годината редовно вода, 8 месеци ги немаме. 160 куќи што живеат тука, 300 до 400 лица во просек, дел од нив заминуваат од вакви проблеми. Еве денес нема ни струја.“ – вели Горан Сотироски – жител...