Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 4 Три деца загинаа, а седум лица се повредени во пожар што избувнал на Божиќ во камп со приколки во Луизијана, држава на јужниот дел на САД, изјавија официјалните лица на противпожарната служба.Во пожарот загинаа браќата на возраст од 9 и 12 години, и нивната 13-годишна сестра. Родителите на жртвите и уште едно дете од семејството, како и уште четири деца биле пренесени во болница во Батон Руж, главниот град на Луизијана.Пожарот избувнал во текот на ноќта, а кога пожарникарите пристигнале околу 2.30 часот наутро приколката била во пламен.Таткото успеал да спаси само...
ХИВ вирусот опасно брзо се шири низ Русија
Post Views: 3 Во Русија од почетокот на годината се регистрирани повеќе од 62.000 нови случаи на ХИВ инфекција, изјавила Ана Попова, вршител на должност шеф на Федералната инспекција за заштита на правата на потрошувачите и доброто на граѓаните „Роспотребнадзор“.„До први декември оваа година во Русија се регистрирани вкупно 783.210 лица заразени со ХИВ, а во изминатите 11 месеци пријавени се 62.250 нови случаи“, рекла Попова.Таа додала дека во тој период околу 24,6 милиони Руси направиле тест за проверка на ХИВ. Официјалните податоци покажуваат дека околу 20.000 луѓе починале во...
Уапсен Хашим Кандил поранешниот премиер на Египед
Post Views: 8 Египетската полиција го уапси поранешниот премиер Хашим Кандил, поради тоа што судот во април го осуди на една година затворска казна поради не извршување на одлуката за национализација на приватните компании, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесе „Франс прес“.Турската агенција „Анадолија “потсети дека египетскиот суд го осуди тогашниот премиер и наложи тој да биде разрешен од сите должности. Имено тој е осуден поради неизвршување на претходната судска одлука, со која се поништува претходната приватизација на текстилна компанија во државна...
Ќе преживее ли човештвото?
Post Views: 6 Луѓето толку многу ја смениле планетата што нивното истребување е сосема реална можност доколку продолжат „по старо“, пишува „Хафингтон пост“.Меѓутоа, ако најдеме начин да формираме одржлив систем, некои делови од човечката цивилизација би можеле да станат квазибесмртни, тврди еден научник. Предизвикот лежи во заедничкиот општествен фокус и прифаќањето на одговорноста дека човештвото игра клучна улога во обликувањето на судбината на планетата, наместо да реагира на одделни моментни кризи и краткорочни цели.„Нашата цивилизација би можела да стане нов ентитет на...
Педофилијата, ориентација, состојба или болест?
Post Views: 6 Хетеро, хомо, би, транс и… педофили? Да, двајца канадски експерти велат дека педофилијата е сексуална ориентација, која барем делумно е поврзана со мозокот, пишува „Торонто стар“.„Сè потешко и потешко е педофилијата да се објасни само како последица на трауми од детството“, вели Џејмс Кантор од Центарот за зависности и ментално здравје. „Тоа е или чисто биолошко или комбинација од биолошко и искуствено.“Неговите докази: педофилите вообичаено се пониски, леваци се или исто ги користат обете раце, имаат малку понизок коефициент на интелигенција и повреди на...
Инцидент на авион на Бритиш Eрвејс во Јоханесбург
Post Views: 7 Авион на Бритиш Аервејс со 185 патници и 17 членови на екипажот доцна синоќа при полетување од аеродромот во Јоханесбург за Лондон удри со десното крило во една зграда, при што четири лица се здобија со повреди, соопштија властите во ЈАР.Портпаролот на Јужноафриканската агенција за цуивилна авијација Финдиве Гвебу изјави дека боингот 747 – 400 за полетување користел писта која за тој тип авиони е премногу тесна.– Поради тоа авионот со десното крило удри во деловната зграда на аеродромот. Од контролната кула пилотот го упатиле на една писта, а тој тргнал на...
Пад на светската цена на нафтата
Post Views: 3 Цените на нафтата се намалија бидејќи инвеститорите се фокусирале на позитивните податоци за економскиот раст на САД.Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во февруари на Трговската берза во Њујорк поевтини за 10 центи на 99,22 долари за барел, додека иста количина од северноморската нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 111,67 долари, што е намалување од десет центи.„Минатонеделните податоци за силниот раст на бруто домашниот производ на САД влијаеја на падот на цените на нафтата“, рекол Џезмонд Чуа, пазарен аналитичар.Американското...
Лансиран досега најмоќниот сателит за правење ѕвездена картографија
Post Views: 0 Европската вселенска агенција (ЕСА) вчера го лансираше најмоќниот сателит „Гаја“ кој ќе изгради, до сега, најпрецизна тридимензионална мапа на ѕвездите од нашата галаксија за да се соберат информации за потеклото и еволуцијата на вселената.Проектот чинел 740 милиони евра и е еден од најамбициозните кои некогаш ги спровела ЕСА. Камерите на телескопот траба да ги забележат прецизните положби и оддалеченоста на повеќе од милијарда ѕвезди во нашата галаксија. Освен тоа, ќе ја следи брзината и оддалечувањето на околу 150 милиони ѕвезди од Сончевиот систем. Тоа на...