Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 43 Од Општина струга информираат дека деновиве започна реализацијата на еден многу важен проект за Општина Струга, проект кој е во застој повеќе од 30 години. Во интерес на граѓаните започна реконструкција на пумпна станица на водоснабдување на Струга и околината, финансирана од Министерство за транспорт и врски со вредност од 4.5 милиони денари.Моментално се работи на инсталација на нови пумпи и реконструкција на објектот на пумпната станица во село Шум, Струга.
Се урна таванот на лондонскиот „Аполо“ театар, за среќа нема жртви
Post Views: 67Најмалку 88 луѓе се повредени од кои седум посериозно, откако синоќа се урна дел од таванот за време на театарска претстава во лондонскиот театар „Аполо“.Најмалку 88 луѓе се повредени од кои седум посериозно, откако синоќа се урна дел од таванот за време на театарска претстава во лондонскиот театар „Аполо“. Од повредени никој не е во животна опасност, а на повеќето повредени им била укажана лекарска помош на лице место.Сведоци раскажуваат дека најпрво слушнале крцкање пред да се урна покривот. Во моментот на несреќата во салата биле вкупно 720 луѓе, кои присуствувале на...
Продадена зградата на Европската комисија
Post Views: 44Белгија за 640 милиони евра ја продала зградата „Берлајмон“, во која е сместено седиштето на Европската комисија и на компаниите „БНП Парибас Фортис Банк“ и „АГ осигурување“.Големата деловна зграда „Берлајмон“ доминирала во областа Шуман во Брисел, каде се наоѓаат бројни институции на Европската унија.Економскиот весник “Ехо“ пишува дека зградата е изградена во 60-тите години од минатиот век како симбол на европската моќ и дека Белгија и’ го издала објектот на Европската комисија во 2004-та година за 553 милиони евра на користење во следните 27 години.Весникот наведува дека...
Поглаварот на Римокатоличката црква, поинтересен од рок ѕвезда
Post Views: 47Од март до денеска за општите аудиенции на папата Франциско во Ватикан се издадени неверојатни еден милиони 548 илјади и 500 влезници, додека во текот на целата 2012-та година за Бенедикт 16-ти се издадени само 447 илјади.Откако на 13-ти март застана на чело на Католичката црква, повеќе од два милиони лица дошле на општите аудиенции на папата Франциско на Плоштадот Свети Петар.Првиот неевропски папа привлекол четири пати повеќе луѓе од својот претходник Бенедикт 16-ти во текот на целата 2012-та година.Ватикан објави дека се издадени неверојатни 1.545.500 влезници за 30...
Американците во лов на мега-милјонската лото добивка
Post Views: 49САД вечерва ќе дознаат дали некој среќен граѓанин ќе ја добие исклучително високата награда на лотаријата „Мега Милионс“ во износ од 586 милиони долари.САД вечерва ќе дознаат дали некој среќен граѓанин ќе ја добие исклучително високата награда на лотаријата „Мега Милионс“ во износ од 586 милиони долари. Пред вечерашното извлекување Американците масовно купуваат тикети, кои чинат по еден долар, со што дополнително го зголемуваат наградниот фонд, кој се приближува до ланската рекордна премија од 656 милиони долари.– Продажбата на тикети порасна за 20 проценти од...
Во Австралија и до азил, малку потешко
Post Views: 45Во Австралија стапи на сила кодекс за бегалец,преку кој се утврдуваат правилата на однесување на странците кои побарале азил во земјата.Согласно кодексот, од бегалците се бара да ги почитуваат локалните закони, вклучувајќи ги и правилата на сообраќајот, да ги почитуваат правилата на властите по секакви прашања, како и да не го вознемируваат локалното население, да не го плашат, да не влегуваат во конфликти и да не учествуваат во антиопштествени појави.„Кодексот им дава право на властите, на оние кои нема да го почитуваат кодексот, да им ја одземат визата или да им ја укинат...
Ќе признае ли Обама дека не посетиле вонземјани?
Post Views: 42Во Белата куќа се врати Џон Подеста, шефот на персоналот за време на вториот мандат на Бил Клинтон, кој, сепак, во вториот мандат на актуелниот американски претседател Барак Обама нема да се занимава со секс-скандали, туку можеби со вонземјани.Според американските медиуми Подеста можеби ќе работи на подготовка на објавувањето на информациите што Владата на САД ги има за вонземски живот, за што овој вашингтонски инсајдер неколку пати има зборувано во јавноста. Уште во 2002 година Подеста спомена дека треба да се објават одредени информации за таканаречената Област 51, а во...
Нова ерупција на Етна
Post Views: 45Ерупцијата на вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, кој исфрли облаци од пепел, беше причина за затворањето на аеродромот во блискиот град Катанија.Како што соопштуваат од аеродромот, откажани биле 22 полетување, а 26 авиони кои требало да слетаат во Катанија биле упатени кон други аеродроми. Затворен е и аеродромот Комизо во истиот регион.Компанијата која управува со аеродромот во Катанија соопшти дека денеска ќе направи нова анализа на состојбата. Етна е активен вулкан и често еруптира, а нејзиното последно активирање почна во саботата и е најсилно во последните...







