Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Серија торнада ја опустоши американската држава Илиноис

Post Views: 8 Најмалку шест лица загинаа при големото невреме, проследено со разурнувачки торнада, што зафати делови од американската сојузна држава Илиноис, јужно од метрополата Чикаго.Oд невремето најтешко е погодена областа околу градот Пеорија, каде неколку помали населби се нашле директно на удар на торнада.Точните податоци за загинатите, повредените и штетите се уште се собираат, но се претпоставува дека најтешкиот удар на невремето поминал. Покрај досега потврдените шестмина загинати, повредени се уште десетици лица во Илиноис и Индијана.Невремето проследено со силните...

Продолжи со читање

Започна изградбата на тунелот Лион – Торино

Post Views: 4 Шест метри широка дупчалка почна да работи на пробивање на тунелот за брза железница, која ќе ги поврзува францускиот и италијанскиот град, Лион и Торино. Дупчењето почна во италијанскиот град Чиомонте. Последната фаза на овој проект претрпе низа одлагања, а известени се само италијанските и француските власти, како и медиумите, за да се избегнат насилни демонстрации.„Влеговме во фазата на пробивање и сега нема враќање”, вели Пјеро Фазино, градоначалник на Торино.Локалните жители и активистите за заштита на околината се противат на овој тунел, нарекувајќи го...

Продолжи со читање

Доаѓа ли детската парализа и на европско тло?

Post Views: 1 Можеби не е доволно против детска парализа да се вакцинираат само сириските бегалци, предупредуваат германски експерти кои велат дека таа болест може повторно да ја зарази Европа, во која ја нема веќе со децении.Во текст во научното списание Лансет, Германците велат дека за Европа опасноста од инфекции од вирусот на детска парализа лежи во дел и од типот на вакцината која се употребува во подрачја кои со години не ја регистрирале оваа болест.Детската парализа или полиомелитис се пренесува од контаминирана храна или вода, а во октомври е потврдена епидемија меѓу...

Продолжи со читање

„Рок“ масакр во Њу Јорк

Post Views: 5 Еден музичар од иранско потекло во Њујорк убил три лица, меѓу кои и браќа – членови на ирански рок-бенд, кои во САД се доселиле пред три години, а потоа извршил самоубиство, соопшти полицијата.Нападот се случил во Бруклин, во ноќта меѓу неделата и понеделникот, а во пукотницата е рането уште едно 22-годишно момче.Убиени се браќата Соруш Фаразманд (27), неговиот брат Араш Фаразманд (28) и пејачот на инди рок-бендот Јелоу догс, Али Ександаријан (35), јавува Wall Street journal.Нивните тела биле најдени на горниот кат од трикатна зграда во Бруклин, каде што...

Продолжи со читање

Миграцијата одлика на современото време

Post Views: 2 Бројот на емигрантите во светот изнесува повеќе од 214 милиони лица, покажуваат податоците во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) за демографските трендови во светот по 2015 година, цитирани од „БТА“.„Ова огромно прекугранично движење на луѓето претежно се должи на неколку фактори: воени конфликти, сиромаштија, климатски промени, тенденции на трудот“, пренесуваат од организацијата.Се очекува во 2050 година, бројот на емигрантите во светот да биде повеќе од 500 милиони лица, што одговара на прогнозата дека дотогаш бројот на населението ќе биде...

Продолжи со читање

Пустош после „Хаијан“

Post Views: 4 Светските сили забрзано доставуваат помош на Филипините, каде што се стравува дека има над 10.000 загинати луѓе од тајфунот Хаијан. Според Обединетите нации, околу 9,5 милиони луѓе биле погодени од катастрофата. Соединетите Американски Држави, членките на Европската унија, Австралија и Обединетите нации се меѓу оние кои најавија хуманитарна помош.Се организира испраќање пакети со храна, ќебиња, и засолништа за десетици илјади луѓе. Американското Министерство за одбрана испрати околу 90 маринци и морнари, како и авиони за спасувачки операции.Турција ќе испрати 65...

Продолжи со читање

Олимпискиот оган се врати од вселената

Post Views: 5 Како што беше планирано, капсулата на вселенскиот брод “Сојуз ТМА – 09М” слета во Казакстан рано утринава. Сите во неа се чувствуваат добро.Приземјувањето се случи на околу 147 километри од градот Џезказган во 03:49 часот по македонско време.Околу капсулата се распна шестметарско бело платно, за да се испочитува олимписката симболика. Факелот ќе биде предаден од командант на екипажот Фјодор Јурчихин на претставник на олимпискиот комитет. Се очекува токму со овој модел да биде запален и големиот олимписки факел во Сочи.На Земјата се вратија Русинот Фјодор Јурчихин,...

Продолжи со читање

Кај комшиите ќе се уништува хемиско оружје?

Post Views: 2 Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати призна дека САД побарале од владата во Тирана на своја територија да го уништува хемиското оружје од Сирија. Според весникот „Монд“, Бушати на средбата со својот француски колега Лоран Фабуис изјавил дека „албанската влада се‘ уште не донела никаква одлука за ова прашање“.Францускиот весник пишува дека Албанија се смета за прифатлива земја за уништување на хемиско оружје, поради нејзината географска положба што овозможува лесен транспорт на хемиското оружје до нејзината територија.Албанија има уникатно искуство...

Продолжи со читање