Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Промоција на книгата „Боите на мојата музика” од Снежана Анастасова Чадиковска и Марко Коловски

Post Views: 443 „Записот е голема сила. Тој не дозволува нештата да бидат попатно оставени и заборавени“, ќе рече во една прилика, нашата истакната пијанистка, пијано педагог, музички публицист, аниматор и организатор, Снежана Анастасова – Чадиковска. Еден таков запис, но овој пат многу пообемен и посодржаен,  создаден во соработка со музикологот Марко Коловски, во рамките на програмата на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“, ќе ја доживее својата промоција. Книгата“Боите на мојата музика” е приказна  за животниот и творечкиот пат на Чадиковска. Книгата е збир...

Продолжи со читање

Малкович со Исповедите на сериски убиец, најексклузивниот настан на Охридско лето

Post Views: 292 Утревечер на сцената на Античкиот театар, несомнено еден од културните настани кој ќе го одбележи годинешното издание, на фестивалот „Охридско лето“, е претставата „Пеколната комедија: Исповеди на серискиот убиец“ , со американскиот актер Џон Малкович во главната улога. Огромна e заинтересираностa за настанот буквално од целиот свет. Токму Џон Малкович е една од ѕвездите која ќе ја испише фестивалската историја, а кои заблескале на фестивалската сцена, истакна Бисера Костадиновска Стојчевска,  Министерка за култура на Македонија.„Уверена сум дека утрешната...

Продолжи со читање

Трет Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на „Македонија 2020-2025“

Post Views: 131 Деновиве во Охрид се одржуваше третото издание кампот за високотехнолошка извонредност на организацијата „Македонија 2020-2025“ од македонската дијаспора. И овој пат,  25 млади луѓе, на возраст од  11-15 години од Америка, Хрватска, Словенија, Кипар и Македонија, се обидуваа да го подобрат дигиталното владеење, преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика, вештини за висока технологија. Исто така, кампот имаше за цел поттикнување на нивниот интерес за продолжување на СТЕМ образованието и кариерата. Многу наука, нови знаења, но и нови...

Продолжи со читање

Хидробиолошки Институт и УИНТ „Св. Апостол Павле„ потпишаа меморандум за соработка

Post Views: 180 Потпишан меморандум за соработка помеѓу двете реномирани установи Јавната Научна Установа Хидробиолошки Институт од Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле. Соработката ќе биде можност знаењата и практиките на современите информатичко-комуниакциски технологии со кои располага Универзитетот, да бидат ставени на располагање на потребите на Хидробиолошкиот Институт.„Целиот тим на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид како академскиот кадар, така и административниот, е подготвен да одговори на овој предизвик, на одличната соработка,...

Продолжи со читање

„IThink“ академијата на Сивус доаѓа во Охрид

Post Views: 439 Можноста да се совладаат компјутерските вештини од најрана возраст е квалитетна инвестиција во иднината на секое дете. Можеби еден од најдрагите проекти на Сивус едукативниот и развоен центар е првата академија за технологија за деца IThink. Од октомври и дечињата од Охрид, ќе имаат можност да ја посетуваат наставата токму за IThink академијата и тоа со физичко присуство. Уписите за учебната 2023/2024 се во тек.Преку трите на нивоа на оваа академија за најмладите, дечињата ќе може да совладаат дел од компјутерските вештини. Ќе ги научат концептите на технологијата...

Продолжи со читање

Полни раце работа за Брзата помош во Охрид

Post Views: 348 Само два тима од службата за итна медицинска помош и домашни посети од Охрид, деновиве се обидуваат да им помогнат на туристите и охриѓани, да се справат со последиците од топлотниот бран кој го зафати и Охридскиот регион.Бројот на случаи е огромен вели Д-р. Љупка Николоска, началничка на службата. Триесеттина случаи на ден имаат на колабирања поради високите температури, хронично болни пациенти, зголемен број на сообраќајни незгоди и амбулантски случаи.Викендите во Брзата помош во Охрид се посебна приказна. „Навистина ни е тешко да се справиме со напливот...

Продолжи со читање

Стартува петтиот „Летен маратон на комедијата“

Post Views: 211 Оваа сабота во просториите на малата сала на „Народениот театар Охрид“, со добро познатото шоу „Импровокација“, започнува петтото издание на „Летен маратон на комедијата“ во Охрид. Од локалните комичари кои се дел од овој маратон од самите негови почетоци, публиката ќе ужива и во настапите на„Comedy jam“ и „Црн Хумор“ , аќе има и гости комичари од регионов, вели Никола Тодороски, актер и стендап комичар.„Имаме и едно поголемо шоу оваа година кое ќе биде изведено на сцената на Долни Сарај, „Best of Balkan“, шоу во кое ќе имаме гости од Србија и Црна Гора. Ја повикуваме...

Продолжи со читање

Одложено рочиштето за случајот Пендиков, првообвинетиот се разболел

Post Views: 349Одложено денешното рочиште за случајот Пендиков, поради отсуство на обвинетиот Илија Сапасески. Неговиот адвокат Димитрија Цобоски, пред судот презентираше медицинска документација, во која  е наведена дијагноза тромбофлебит. Адвокатот на оштетениот Христијан Пендиков, Стефан Камишевски, рече дека отсуството на обвинетиот доволно зборува за намерата на неговата одбрана, додаде дека Пендиков се уште има последици и се лекува од повредите, а добива и  закани кои ги пријавиле во полиција. Тој не  му дозволи на својот клиент да одговори на прашањето на новинарите...

Продолжи со читање

Екипи на Црвен Крст Охрид ќе им помагаат на граѓаните за полесно справување со горештините

Post Views: 188 Топлотниот бран и високите температури кои веќе ја зафатија Македонија и нашиот регион причина Центарот за јавно здравје да ги потсети граѓаните на општите препораки за заштита од топлотен бран. Од Центарот апелираат за сериозно почитување и придржување кон препораките за заштита на здравјето за време на високи температури.„Она што е најважно, да се избегнува излегување во периодот 10-17 часот на овие температури. Многу е важно носењето на  светла и лесна облека кога мора да се излезе и секако да се избегнуваат прехранбени производи кои се лесно расипливи,...

Продолжи со читање

Рационално да се користи водата за пиење, апелира директорот на охридски Водовод

Post Views: 289 По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за топлотниот бран во периодот што ни претстои, ЈП Водовод Охрид испрати апел до сите корисници за разумно користење на водата за пиење. ЈП Водовод Охрид апелира до граѓаните да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа за наводнување на земјоделските насади. Марјан Ристески, Директор на ЈП „Водовод –  Охрид“, вели дека овие апели имаат за цел да ја подигнат свеста и кај охриѓани и кај туристите да не се злоупотребува водата за пиење.„Апелираме оние кои имаат можност да користат техничка вода за наводнување,...

Продолжи со читање

Пациентите со дијабет тип 1 се снаоѓаат како знаат и умеат да набават игли за инсулин

Post Views: 541 Осми месец како пациентите кои се со инсулинозависен дијабетес или дијабетес тип 1 како немаат игли неопходни за апликација на инсулин. Иако инсулин има и во аптеката во Општата болница во Охрид, нема ни игли, ни тест ленти за мерење на гликемија, кои им се потребни на пациентите и со двата типа на дијабетес. Долго време како овие пациенти не ги замениле ни глукомерите, односно апаратите за мерење на шеќер во крвта. Димче Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, истакна дека на неодамнешната средба ги доставиле барањата до Министерот за здравство...

Продолжи со читање

Во тек е увид на штетите од невремето во Охрид од страна на Комисијата за проценка

Post Views: 276 Во тек е увидот од страна на Комисјата за проценка на штети, после страшното невреме кое кон крајот на месец јуни ги зафати општините Охрид и Дебрца. Билансот после невремето, речиси во целост уништени земјоделски насади и голема материјална штета на објекти за домување,  особено во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, кои и беа најпогодени од невремето.Досега во архивата на Локалната се обработени 500 барања. Од Локалната велат дека сигурно уште толку ќе има во периодот кој претстои. Комисијата ќе врши увид согласно барањата, како ќе пристигнуваат....

Продолжи со читање