Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 39Силното невреме што ја зафати Британија однесе два човечки живота. Поради невремето проследено со силни ветрови заробени се 400 лица на два фериботи во каналот Ла Манш.Не можеме да стигнеме до брегот и да ги истовариме патниците. Ќе треба да почекаме ветерот да се намали, соопшти компанијата оператор.Според метеоролозите бурата ќе почне да се намалува во следните неколку часа, по што се очекува отворање на пристаништата.Инаку, во Франција поради невремето над 75 илјади луѓе се без електрична енергија.{loadposition content9}
Првата дама на СФРЈ ќе почива покрај Тито
Post Views: 51Јованка Броз, сопругата на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, почина вчера после тешка болест во Ургентниот центар на 89-годишна возраст. И покрај вложениот труд и залагањето на целокупниот персонал на Клиничкиот центар за пациентката примена на 23-ти август оваа година во исклучително тешка состојба, во недела во 11:45 часот, дошло до прекин на работата на срцевиот мускул – стои во соопштението на Клиничкиот центар на Србија.Дека била тешко болна, никој не знаел точно. Дури кога и’ се слошило на крајот од август, јавноста дознала дека Јованка боледува од...
Нуклеарката во „Фукушима“ повторно извор на радијација
Post Views: 45Компанијата „Тепко“, која управува со јапонската нуклеарка Фукушима, соопштила дека силниот дожд предизвикал истекување на радиоактивна вода, која содржи канцедроген изотоп, во морето.Водата, која на едно место ја пробила бариерата, е контаминирана со стронциум-90 за 70 пати повеќе од законско дозволеното.Стронциум -90 се создава во текот на нуклеарните реакции, се акумулира во коските и е активна со години, предизвикувајќи различни видови на рак.Ова го соопштила компанијата „Тепко“ откако експертскиот тим на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија го заврши својот...
САД избегнаа банкрот во последен момент
Post Views: 43 Двата дома на американскиот Конгрес го одобрија договорот со кој заврши делумната блокада на владата, и со тоа ја оттргна земјата од работ на историски банкрот кој се закануваше со глобална финансиска катастрофа. Претседателот Барак Обама го потпиша законот, со кој привремено се поправаат, фундаменталните разлики околу буџетот меѓу репбликанците и демократите.Со договорот, кој најпрвин беше изгласан од Сенатот контролиран од демократите на Барак Обама, а потоа и од Претставничкиот дом кој е под контрола на републиканците, се деблокира работата на владата до 15 јануари. Исто...
Нобеловата награда за медицина во рацете двајца американци и еден германец
Post Views: 52Американците Џејмс Ротман и Ренди Шекман заедно со германскиот научник Томас Сидоф се добитници на Нобеловата награда за медицина 2013 бидејќи докажаа како протеините и другите материјали се пренесуваат низ клетките. Комитетот што ја доделува Нобеловата награда соопшти дека нивните истражувања за транспортниот систем на нашите клетки, им помогнале на научниците да сфатат како материјалите стигнуваат на вистинското место во вистинско време внатре во клетките.Пореметувањата на овој систем имаат штетни последици и придонесуваат за јавување на заболувања како невролошки...
Потона брод на бреговите од Јужна Италија, билансот повеќе од 80 жртви
Post Views: 54Десетици луѓе загинале откако бродот со кој се превезувале имигранти, потонал во јужна Италија. До несреќата дошло во близина на островот Лампедуса, а според локалните власти, досега настрадале над 80 луѓе. Сеуште е во тек спасувачката акција и се страхува дека бројот на настрадани може да биде и поголем, бидејки на бродот имало околу 500 луѓе, најголемиот дел од нив од Сомалија. Островот Лампедуса се наоѓа меѓу Сицилија и Тунис и е една од главните порти за имигрантите од северна Африка на патот кон Европската Унија. {loadposition content9}
Паѓа цената на нафтата
Post Views: 46Цените на нафтата денеска продолжиле да паѓаат и покрај загриженоста од продолжението на блокадата на владата во САД. Еден барел „лесна“ нафта за испорака во ноември на трговската берза во Њујорк се продавала за 103,69 долари, односнио 41 цент помалку, додека нафтата од типот „брент“ во Лондон поевтинила за 27 центи на 108,92 долари за барел. „Пазарите постојано го следат развојот на настаните во САД, бидејќи финансиската блокада на американската влада влегува во својот трет ден. доколку потрае оваа криза би можеле да се загрозат цените на нафтата“, сметаат аналитичарите....
Најголеми уживатели на дрога во Европа, французите
Post Views: 39Истражувањето покажува дека за разлика од кокаинот и синтетичките дроги, што се користат главно за време на викендите, марихуаната е секојдневно средство што го користат Французите.Податоци од истражување објавено од медиумите во Белгија, покажуваат дека Французите се најголеми уживатели на дрога во Европа. Резултатите од истражувањето се добиени со проверка на отпадните води во урбаните средини. Анализата во Францијапокажала дека концентрацијата на молекулите, што се содржат во канабисот, во водата е петпати повисока од податоците за Амстердам.Податоците од истражувањето...







