Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Гикови и хакери на анти-конференција во Охрид

Post Views: 9 НСНД (Ništa se neće dogoditi) е настан кој се одржува некаде од 2007ма година низ разни градови на Балканот – како неформален собир на хакери, гикови, ентузијасти за технологија, членови на хаклабите од регионот и пошироко.После подолга пауза, правиме уште еден собир, овојпат во Охрид. Домаќин ќе биде Касарна Хаб, a добредојдени се сите заинтересирани. Настанот е замислен како неконференција (анти-конференција) без претходно одредена програмa. Програмата се дефинира на лице место и најчесто содржи:– работилници и предавања поврзани со слободниот софтвер /...

Продолжи со читање

Успешна летна сезона за спасителите на вода од Охрид

Post Views: 3 Дузина интервенции на охридските спасители на вода, од кои единаесет на активни давеници и една на пасивен давеник, е билансот пред самиот крај на оваа туристичка сезона во Охрид. Станува збор за сериозни интервенции, кои се завршија без фатални последици, истакна претседателот на О.О. на Црвен Крст од Охрид, Сашо Точков. Покрај тоа, охридските спасители на вода и парамедици спровеле и дополнителни 800 интервенции на укажување итна помош.„Тоа не стимулира и понатака да продолжиме и да ја дефинираме оваа сезона како успешна, во делот на спасувањето. За...

Продолжи со читање

Во вторник закажана седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 7 Полни раце работа за градските избраници на крај од месец август. Ново издание на седницата на советот на Општина Охрид, е закажано за вторник 29-ти август во 9 часот. Обмениот дневен ред од околу деведесет точки, ќе започне со Предлог-одлука за давање мислење на Програмите за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2023/2024, за основните и средните училишта од градов, Предлог-одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во две средни и едно основно училиште во Охрид, Предлог-oдлука за усвојување на...

Продолжи со читање

Сонот за елитен туризам, сам по себе не е доволен

Post Views: 9 Со слабеење на потрошувачката моќ на современиот турист, се дава предност на младата категорија посетители, кои впрочем се и гостите кои и оваа сезона се најбројни во нашиот град. Другата категорија посетители, оние повозрасните, со малку подлабок џеб, бараат краток престој, збогатен со богати културни содржини, објаснуваат туризмолозите. Проф. д-р Науме Мариноски, редовен професор на ФТУ, објаснува дека само преку диверзификација на туристичката понуда, можеме да целиме пред се кон квалитетна и успешна туристичка сезона.„Нашите истражувања беа насочени кон...

Продолжи со читање

Започна фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Post Views: 12 Стартуваше тринаесеттиот по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани. Синоќа со дефиле по вевчанските улици, Вевчани пулсираше во духот на народната култура и традиција.На просторот пред Мултикултурниот центар, посетителите имаа можност преку ревијата на народни носии и песни и ора од Леринско Поле, насловена „Моштенки“ на Филип Јаковлески, да се запознаат со етнолошкото богатство на овој крај.И годинава на фестивалот учествуваат ансамбли од земјата и странство, истакна Тошо Чочороски, директор на фестивалот.„И оваа година се...

Продолжи со читање

Технолошки камп за справување со дезинформации и лажни вести на ФТУ

Post Views: 9 Четириесет наставници и осум ментори од САД, Обединетото Кралство, Грузија и од земјава, деновиве во Охрид, учествуваат на  Технолошкиот камп, во организација на Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД од Скопје, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и тимот на „TechCamp на“ на Стејт департментот на САД. Тие деновиве споделуваат најдобри практики за медиумска писменост во образованието, препознавање и справување со дезинформациите и лажните вести, како и стекнување основи по прашањето на сајбер-безбедноста и како овие знааења да се...

Продолжи со читање

„Безбедна улица за нашите деца“ бараат жителите на Момчило Јорданоски

Post Views: 14 Тесни тротоари кои служат како паркинг, велосипедски патеки покриени со паркирани возила, но и отсуство  на успарувачи на брзина на движење за возилата, сообраќајни знаци за дозоволена брзина и сферни огледала. Ваква е сликата на улицата „Момчило Јорданоски“, која во вечерните часови знае да биде и место на кое младите возат со огромни брзини.Жителите на улицата апелираат до институциите да се интервенира и инфраструктурно и безбедносно, да се решат недостатоците, бидејќи инциденти има речиси секој ден, а имало и такви кои завршиле со фатални...

Продолжи со читање

Ќе се одредуваат заштитни зони околу изворите за водоснабдување на Охрид

Post Views: 18 Со цел заштита на водите на одредено извориште за водоснабдување на населението, неопходна е изработка на соодветни Елаборати за одредување на границите на заштитните зони на извориштата. Јавното претпријатие „Водовод Охрид“, е задолжено да изработи Елаборат за определување граници на заштитни зони околу извориштата за водоснабдување на градот Охрид и околните населени места, за што советниците ја изгласаа одлуката. Живка Ангелоска, координатор на советничката група на СДСМ на последната седница на градскиот Совет истакна дека го добиле барањето за задолжување на...

Продолжи со читање