Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 4 Цената на сировата нафта денеска нарасна откако трговците го искористија минатонеделниот пад на цените, додека инвеститорите ги чекааат новите економски податоци од Кина, наведуваат аналитичарите. Американската „лесна“ нафта, за испорака во текот на следниот месец, на Стоковата берза во Њујорк поскапе за 50 центи, на 88,51 долари за барел, пренесуват француските меидуми.На берзата во Лондон, истовремено, северноморската „брент“ нафта поскапе за 44 центи, на 100,09 долари за барел, повторно надминувајќи ја границата од 100 долари, што беше пробиена на почетокот на...
Десетици жртви во експлозијата во Тексас
Post Views: 6 Масовна експлозија ја потресла фабриката за ѓубрива во близина на Вако, Тексас. Се стравува дека има десетици мртви, а најмалку 172 повредени во несреќата. Спасувачите се справуваат со отровните гасови, кои се шират во соседството.Експлозијата се случила во средата околу 19.50 по локално време во градот Вест, северно од Вако. Била пријавена огнена топка висока речиси 30 метри и масивен прекин на струјата.Геолошкиот институт на САД регистрирал експлозија голема колку земјотрес од 2,1 степени, додавајќи дека „се мери само движењето на земјата, а не воздушниот бран,...
Погребана „Челичната лејди“
Post Views: 5 Во Лондон е во тек погребот на бившата британска премиерка Маргарет Тачер. На комеморацијата во катедралата Свети Павле, покрај кралицата Елизабета и британскиот премиер Дејвид Камерон, присуствуваат и многубројни странски државници. Семејството Тачер ги замолило присутните да не носат венци, а парите да ги донираат за Кралската болница во Челзи. Маргарет Тачер почина на 8-ми овој месец на 88 години. Дури и ѕвоната на кулата-часовник во Лондон, „Биг Бен“ денеска за миг ќе замолкнат за време на погребната церемонија за поранешната британска премиерка .Одлуката за...
Силен земјотрес ја погоди Нова Гвинеја
Post Views: 1 Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер изутринава го погоди северното крајбрежје на Папуа Нова Гвинеја.Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени и нема прогласена опаснсот за цунами.Епицентарот на земјотресот бил на околу 19 километри од градот Аитапе.Геофизичкиот центар на Папуа Нова Гвинеја во главниот град Порт Морсби објави дека потресот бил почувствуван и во Ванимо, на околу 145 километри од епицентарот.Пацифичкиот центар за рано предупредување од цунами соопшти дека нема поголема опасност од појава на цунами,...
Доделени „Пулицеровите награди“
Post Views: 8 Весникот „Њујорк тајмс“ ги освои овогодишните Пулицерови награди, вклучително за меѓународна репортажа на Дејвид Барбоса, кој откри случај на корупција на највисоко ниво во државната управа на Кина.„Њујорк тајмс“ ја доби и наградата за истражувачка сторија, со која се открива како синџирот продавници „Волмарт“ плаќал поткупи, за да стане доминантен на пазарот во Мексико.Агенцијата Асошиејтед прес го доби Пулицер за новинарска фотографија за граѓанската војна во Сирија.Пулицер се доделува секоја година од Колумбискиот универзитет по препорака на комисија новинари и...
Терористички напад или…?
Post Views: 5 Властите се уште не можат со сигурност да потврдат дали експлозиите во Бостон се терористички напад и не знаат кој стои зад него. Најмалку три лица загинаа, а 140 се повредени во двојната експлозија која се случи синоќа (15.04) за време на одржувањето на маратонот во Бостон. Властите го истражуваат масакрот како „потенцијален терористички“ напад, но засега се воздржуваат од конечни оценки. Со сигурност е исклучено, единствено дека се работи за несреќен случај, поради времето и местото на експлозиите.Анонимен извор од Белата Куќа соопшти дека нападот се третира како...
Хоророт наречен „Гвантанамо“
Post Views: 7 Озогласениот затвор „Гвантанамо“ е лоциран во заливот Гвантанамо во југоисточна Куба. Местото во 2002 година е прилагодено за задржување на политички притвореници од војната во Авганистан, а подоцна и од војната во Ирак.Првите цврсти простории се изградени во мај 2012 година. Илјада војници ја контролираат земјата од двете страни на јужниот дел на Гвантанамскиот залив и не дозволуваат пристап од морето. Територијата е земена под наем со договор од 23-ти февруари 1903 година за цена од 4.085 долари годишно, и секоја година се исплаќа со чек.Фидел Кастро примил ваков...
Австријците не сакаат признавање на муслиманските празници
Post Views: 7 Мнозинството Австријци се против официјално признавање на муслиманските прзници во Австрија, како што тоа го бара Исламската заедица во таа земја. Шеесет и девет отсто од Австријците, според истражувањето на Институтот „Кармасин“ се против признавање на муслиманските празници, а само 26 отсто го одобриле тоа барање.Исламската заедница побара на исламските верници во Австрија да им се овозможи да имаат слободен ден на своите верски празници.Организацијата предложи на муслиманите во Австрија да им се одобри празнување и слободни денови за верските празници по примерот...