Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Мртов ли е или не?

Post Views: 5 Потпретседателот на Венецуела и министер за надворешни работи Николас Мадуро ги демантираше информациите дека претседателот Хуго Чавез е мртов.Тој тврди дека Чавез земјата ја води од болнички кревет и дека покрај проблемите со дишењето, може да издава наредби и да комуницира.„Има тим на луѓе кои апсолутно му се подредени и тој им издава наредби“, рече Мадуро.Мадуро рече дека Чавез одржал петчасовен состанок со своите соработници со кои комуницирал пишувајќи им.Инаку некои латино-американски медиуми ја пренесоа изјавата на Џулермо Кочез, поранешен амбасадор на Панама...

Продолжи со читање

Насилство, возење под дејство на алкохол, сообраќајка-СВР Билтен

Post Views: 9 На 19.01.2022 година во 19.40 часот во угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид, А.Ф.(41) физички го нападнал Г.Б.(58), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 18/19.01.2022 година од 21 до 02 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, при сообраќајни контроли на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, констатирале 3 прекршоци. Возачите се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. На 19.01.2022...

Продолжи со читање

Папата Бенедикт Шеснаесетти се обрати за последен пат

Post Views: 11 Римокатоличкиот поглавар Бенедикт Шеснаесетти вчера на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан последен пат им се обрати на над повеќе десетици илјади насобрани верници.Презедов тежок товар кога дојдов на оваа функција во 2005 година, но Бог ме водеше и го чувствував неговото присуство секој ден. Верувам во иднината на црквата. Се повлекувам за нејзино добро, а не за свое – порача папата Бенедикт Шесенасетти. Тој претходно јасно порача дека се повлекува во мирен живот, исполнет со молитви и со медитирање, но се смета дека во Ватикан и понатаму ќе биде многу...

Продолжи со читање

Експлозија на балон над Луксор усмрти 19 лица

Post Views: 5 Агенцијата Франс прес, повикувајќи се на претставник на безбедносните власти, јави дека меѓу загинатите има туристи од Велика Британија, Франција и Јапонија. Телевизијата Си-Ен-Ен пак, јави дека има и загинати Белгијци.Во балонот имало вкупно 21 патник, а во времето на уривање тој се наоѓал над квартот Курна, на висина од околу 300 метри. Балонот прво го зафатил оган, а потоа експлодирал, изјави претставник на властите во Египет. Во несреќата има двајца преживеани, меѓу кои и лицето што управувало со балонот. Повредените се пренесени во болница.Луксор со неговите...

Продолжи со читање

Рускиот метеор, 60 пати повреден од злато

Post Views: 2 Голем број на ловци на богатство пристигнаа во Челјабинската област во Русија каде на 15 февруари падна голем метеор.Голем број на ловци на богатство пристигнаа во Челјабинската област во Русија каде на 15 февруари падна голем метеор, со надеж дека ќе пронајдат делови од огромниот метеор кој падна и чија вредност од еден грам може да достигне цена од 2500 евра, што е 60 пати повеќе од цената на златото, чија моментална вредност е 40 евра.Колекционерите секојдневно лицитираат за истите преку интернет сајтовите и ја зголемуваат сумата. Просечна цена за небескиот камен...

Продолжи со читање

Од јуни и руските пушачи нека му ја мислат

Post Views: 3 Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој од први јуни пушењето ќе биде забрането во јавниот транспорт, на железничките и автобуските станици и во административните згради. Во јуни идната година забраната ќе биде проширена и во хотелите и рестораните. Со законот исто така се забранува рекламирање тутунски производи, како и спонзорства од тутунските компании. Русија е една од земјите со најголема стапка на пушење во светот, со над 40 насто од возрасното население кое пуши редовно. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Силен земјотрес повторно ја погоди Јапонија

Post Views: 4 Силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, денеска ја стресе Јапонија.Потресот бил почувствуван и во Токио, каде зградите се нишале околу половина минута.Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Тошиги, северно од Токио на 10 километри под површината на земјата.Засега нема информации за евентуални жртви и причинети материјални штети, ниту пак е издадено предупредување за цунами.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Во Северна Кореја и фризурите се регулирани со закон

Post Views: 6 Владата на Северна Кореја презеде еден бизарен потег. Имено отсега жените во оваа земја смеат да ја носатсамо една од 18-те дозволени фризури, а сето тоа со цел „да се спречи користењето на западниот стил“.На мажените жени, им се препорачува кратка коса, боб, или трајни локни, додека шишки се дозволени само за девојките.Овие фризури се дефинирани во 2005 година, на една телевизиска емисија наречена “Се потстрижуваме во социјалистички стил”. Забраната на одредени „западни“ фризури наводно е воведена поради здравствена причина, поради тоа што долгата коса одзема...

Продолжи со читање