Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Живка Ангелоска е новиот претседател на советот на град Охрид

Post Views: 387 Живка Ангелоска од коалицијата предводена од СДСМ, е новиот претседател на совет. Ангелеска беше изгласана за прв човек на советот со 12 гласа ЗА. За неа гласаа советниците од коалицијата предводена од СДСМ, освен советникот Филип Јованоски кој се воздржа од гласање и од коалицијата ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. Ангелоска им се заблагодари на сите потенцирајќи дека ќе работи во интерес и на советниците кои и ја дадоа довербата, а и оние кои се воздржаа од гласање. Посака овој состав на совет да има плодна рабопта, а од говорницата да се слуснат многу конструктивни...

Продолжи со читање

ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица

Post Views: 356 ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица. Според нив овој проект е само уште еден обид на моќниците од ВМРО-ДПМНЕ, на неуставен и противправен начин да се стекнат со имот кој е во сопственост на РМ, на граѓаните или на МПЦ и тоа имот кој е дел од најатрактивните крајбрежни зони на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица.  Изградбата на експресниот пат и ски центарот на Галичица се само параван зад кој се кријат лични интертеси на локални и државни моѓници кои имаат за цел да се изградат четирите најавени хотели кај автокампот Градиште,...

Продолжи со читање

Еколошките проблеми на Струга во фокусот на трибината на МОСТ

Post Views: 528 Загадувањето на водата за пиење во Струга главна тема на синоќешната средба која ја организира граѓанската асоцијација МОСТ. Стружани изреволтирани од актуелните случувања околу квалитетот на водата побараа проблемот да се издигне на повисоко ниво и да се истакне во парламентот на РМ.Ова не е прв пат водата да е загадена. И летото имавме слична ситуација. Секаде беше кажано и реагирано но никој не превзеде ништо. Нас не не интересира од каде доаѓа проблемот туку бараме под итно да биде решен. Па до кога ќе бидеме труени пиејќи загадена вода, праша Мате Гогоски, од...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината

Post Views: 387 ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината. Како што велат од оваа партија, расходните ставки од општинскиот буџет мора да претрпат промени уште веднаш со кратење на сите нерационални трошоци и пренамена на средствата за поддршка на стопанството и сограѓани во социјален ризик. Предлаат итно да се свика седница на Совет и да се донесе одлука со која ќе се спречи натамошно трошење на пари од буџетот за намени како патни трошоци, репрезентации, донации и времени вработувања. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлози, кои очекуваат...

Продолжи со читање

Охриѓани викендов се рашетаа по околните планини

Post Views: 342 Охриѓани викендов се рашетаа по околните планини. Избегнувајќи ја опасноста од Корона вирусот тие масовно почнаа да бараат спас во природата. Но, бегајќи од една опасност можат многу лесно да западнат во друга. Вчера член на група возачи на планински Off-Road мотори доживеа несреќа и се стекна со сериозни повреди на левата натколеница. Била побарана помош од оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид која после 30тина минути Off-Road возење, ја лоцирала групата, а повредениот целосно го имобилизирала и транспортирала до специјалната...

Продолжи со читање

Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа

Post Views: 568 Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа. За да можат граѓаните да се снабдат со основните животни производи, тие вложуваат максимални напори, па вработените во прехрамбената трговија се на своите работни места и за време на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19. Маркетите МИСА работат со намален персонал поради препораките на Владата оние кои што се самохрани мајки, имаат деца под 10 год. или се хронично болни да се ослободени од работните обврски. Од 170 вработени, сега работат 145. Но, тоа не значи дека не се на ниво на задачата....

Продолжи со читање

Охриѓани го почитуваат полицискиот час

Post Views: 595 Охриѓани го почитуваат полицискиот час. Oграничувањето на движењето на граѓаните во периодот од 21.00 до 06.00 часот кое на сила стапи од синоќа, не го прекршило ниту едно лице. Полициски службеници сношти вршеа мото-патроли на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид, со цел доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Во Охрид...

Продолжи со читање

Матичните лекари контактираат со своите пациентите исклучиво телефонски

Post Views: 412 Матичните лекари контактираат со своите пациентите исклучиво телефонски. Секој кој има некаков здравствен проблем или потреба претходно треба да се јави во ординацијата, па лекарот ќе процени дали е потребен преглед или не. Се што можие се врши по телефон освен во итни случаи каде мора да извршиме преглед тогаш пациентот ќе дојде. Оние пациенти кои треба да бидат прегледани задолжително мора да носат заштитна маска, пред да влезат во ординацијата се дезинфицираат, а во чекалната се пуштаат мал број пациенти кои седат на растојание од метар и половина и не смеат да...

Продолжи со читање

Стоп за говорот на омраза кој се шири преку интернет порталите

Post Views: 479   Ширењето на говор на омраза особено преку интернет порталите, проблем со кој се почесто се соочува нашето општество. Фондацијата Метаморфозис организира обуки за новинари, уредници и сопственици  на интернет портали за да се зајакне нивниот капацитет за препознавање на говор на омраза. Познавачите на оваа проблематика велат дека ваквата појава треба што поскоро да се спречи, а оние кои го користат овај начин на пренесување информации да бидат санкционирани.Говорот на омраза иако нема посебен закон за негово санкционирање може да се санкционира како дел од кривичниот...

Продолжи со читање

Угостителските објекти во Охрид почитуваат вонредни мерки

Post Views: 497 Во Охрид затворени 90 угостителски објекти. Градот функционира во согласност со мерките за превенција од Корона вирусот, препорачани од националната комисија формирана за превенција и заштита од Ковид 19. Пазарната инспекција заедно со полицијата контролира дали се почитуваат препораките. Ние од четвртокот сме постојано на терен деноноќно и цело време ги следиме мерките кои ги носи Владата. Од кога се донесе мерката за целосна забрана за работа на угостителските објекти секојдневно ги контролираме заедно со полицијата, објаснува Цветко Ристески- пазарна инспекција. Од...

Продолжи со читање

Состојбата со нивото на водата во Охридското езеро, засега стабилна

Post Views: 396 Состојбата со нивото на водата во Преспанското езеро, алармантна. Овај воден басен полека, но сигурно ке го снајде судбината на Дојранското езеро доколку Владата под итно не преземе соодветни мерки и не престане неконтролираното искористување на водениот ресурс за наводнување и тоа во трите држави на кои им припаѓа, а тоа се Македонија, Албанија и Грција. За среќа состојбата со Охридското езеро и со нивото на водата засега е стабилна, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт во Охрид. Иако оваа зима е релативно сушна и немавме некои пообилни врнежи од...

Продолжи со читање

Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа, прекриен со отпад

Post Views: 512 Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа прекриен со разноразен отпад од пластика. Во должина од неколку километри може да се види цврст отпад, шишиња, кеси и друга пластична амбалажа кои ги донесе реката Черава, која од соседна Албанија се влева во Езерото. Локалните жители апелираат до надлежните служби и Локалната сампуправа да преземат најитна акција и да се исчисти крајбрежјето бидејќи овој отпад повторно ќе заврши во езерото. Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ утрово започнаа акција за расчистување на теренот од кампот Љубаништа према Св. Наум...

Продолжи со читање