Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 15 Плажите се омилено место во овие екстремно жешки денови, но малкумина знаат дека кријат и безброј опасности. Капачите не знаат каква е конфигурацијата на дното на езерото, каде има карпи, а каде песок, колку е длабочината на водата на одредени места, кои се црни точки, дали има подземни извори и вртлози, дали на оние плажи каде има мост тој е безбеден и тн. Не беше така одамна кога на плажите, посебно на оние уредените и покрај хотелските комплекси постоеја знаци од кои можеа да се добијат вакви информации. Сега од некогашните обележја нема ниту траг, а нови не...
Унеско со пораки и поезија во одбрана на Охрид
Post Views: 10 Унеско со пораки и поезија во одбрана на Охрид. На апелите на уметниците, учесници на фестивалот “Охридско лето” (Александар Попоски, Влатко Стефаноски, Дуке Бојаџиев), за спас на Охрид и езерото, односто за зачувување на статусот – универзална културна и природна вредност, се приклучи и УНЕСКО, влијателна гранка на Обединетите нации. Преку Светската академија за поезија на УНЕСКО, со седиште во Равена, а во организација на Македонската академија на науките и уметностите и општина Охрид, во присуство на бројни членови на МАНУ, дипломати, универзитетски...
За спасителите на плажа полни раце работа
Post Views: 10 14 интервенции на извлекување на давеници од езерото на охридското крајбрежје, пет во Струга и две на Преспанското езеро. Тоа е билансот од работењето на спасителите на вода од Црвен крст Охрид од почетокот на сезонава па до денес. На Охридското крајбрежје има 35 плажи но само на 22 од нив има спасители на вода. Во Струга пак само пет капалишта се обезбедени со спасители на вода, а на Преспанското само четири плажи. Секоја година со истите проблеми се соочуваме, со недостаток на разбирање, одговорност, професионалност од страна на оние кои ги концесираат плажите...
И жените знаат да раководат
Post Views: 12 Во Локалната самоуправа, во јавните пртпријатија во градов како и во градскиот совет има многу помалку жени отколку мажи на раководни места. Само во секторот за образование и здравство има раководител од женски пол. Стереотипите наметнати од минатото и поделбата на машки и женски професии тешко се надминуваат. Родовата еднаквост сеуште е тема на која треба да се работи па затоа во градов се одржува тридневна работилница за родовите индикатори, родовите показатели и родовата статистика. На работилницата учествуваат преставници од локалната администрација и од...
Пешачката рекреативна патека од мостот до Горица прва повторно цел на вандали
Post Views: 9 Пешачката рекреативна патека од мостот до Горица прва повторно цел на вандали. Искршени и искорнати канделабри, уништени клупи, оштетен плочник е сликата поради која изминативе денови поголем број на граѓани реагира споделувајќи слики и видеа на социјалните мрежи. Од локалната самоуправа велат дека навистина се запрепастени од несовесноста на некои граѓани. Од кога патеката е направена, постојано се уништува. Лоакалната ги санира штетите, но тоа не е решение. СЕ прават непотребни трошоци, се фрлаат пари кои впрочем се на самите граѓани.Воопшто не е важно колку ќе...
Есенва ќе се врши санација на колекторот
Post Views: 10 Државното Јавно претпријатие „Колекторски систем“ треба да профункционира од есенва. Се е подготвено за да започне со работа, Владата го прифати делбениот биланс изработен од страна на МЈП „Проаква“, а со ребалансот на државниот буџет предвидени се 4 200 000 ден. за првична санација на колекторскиот систем. Најкритични точки се потегот од Даљан до Сатеска и од Синдикални до Парк. Со студијата Џајка која пред неколку години ја правеа јапонски експерти констатирано е дека има големо запушување на овие делови од колекторот така што тој работи со минимален...
Летниот приод е време кога многу често може да се заработи труење со храна
Post Views: 8 Летниот приод е време кога многу често може да се заработи труење со храна. Насекаде се продава се и сешто, најчесто без да се запазат основните услови за продажба на прехрамбени производи. Затоа од Центарот за јавно здравје советуваат граѓаните да бидат внимателни од каде и што купуваат. Да се внимава на видот на храната, дали е свежа, каква е, добро да се мие, да се чува во ладилник не повеќе од три дена, да се внимава на рокот,како е спакувана храната, дали пакоувањето е оригинално. Тука е и апелот до маркетите и продавниците кои продаваат вода во пластични...
Стефан Миленковиќ денес во рамките на „Охридско лето“ ќе одржи концерт во „Света Софија“
Post Views: 12 Охрид го чуствувам за мој. Со Охрид ме врзуваат спомени уште од детството, тоа е нешто повеќе од самите мои концерти, од самиот фестивал, тоа е практично дел од мојот живот и моето семејство. Тоа го изјави познатиот виолинист Стефан Миленковиќ на прес-конференција по повод неговиот денешен концерт во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“. Ќе настапи со неговиот колега, пијанистот Владимир Милошевиќ со атрактивна програма за концертот осмислен со, како што рече, „летен шмек“, изразувајќи уверување дека ќе и се допадне на публиката. Сите дела се историски...