Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“

Post Views: 190 По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“. По тој повод вечерва концерт ќе одржат пијанистите  од Франција – Уго Леклер и Елен Котино-Коен.Леклер е француски пијанист кој изградил многу успешна кариера, настапувајќи во најпрестижните концертни сали со реномирани оркестри. Дипломирал пијано, музичка теорија и камерна музика со високи одликувања. Настапува како солист и камерен музичар, а неговиот репертоар го сочинуваат дела од речиси сите епохи. Вечерва заедно со својата колешка ќе изведат дела од Дебиси, Пуланк и Стравински.–Навистина сум среќен што имам...

Продолжи со читање

Полициски службеници и граѓани, синоќа патролираа низ Охрид

Post Views: 165 Полициски службеници и граѓани синоќа  патролираа низ Охрид. Заменик градоначалникот Ангел Јанев, претставници од секторот за образование во локалната самоуправа, претставници од урбаните заедници, од училишните одбори, од советот на родители, наставници, репрезенти од  советодавните групи на граѓани и други заинтересирани институции, синоќа посетија повеќе угостителски објекти и места каде во изминатиов период се случиле кривични дела и прекршоци. Овие заеднички патроли се дел од проектот „Соседска патрола“ кој го спроведува МВР.–Сите што беа поканети на синоќешната...

Продолжи со читање

Јавна расправа

Post Views: 190 Општина Охрид ги поканува месните заедници, и сите заинтересирани правни и физички лица на јавна расправа која ќе се одржи утре, 12ти август, со почеток во 13 часот, во малата сала на општината. На јавната расправа  ќе се презентираат капитални инвестициски програми и тоа:– рехабилитација на неколку улици и два локални патни правци– набавка на специјална опрема за ЈП Охридски Комуналец– и аплицирање на Општина Охрид во рамки на проектите кои се финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка. {loadposition cont...

Продолжи со читање

Учениците од генерацијата 1948/49 со почит возвраќаат на училиштето Григор Прличев

Post Views: 225 Со донација од поранешни ученици, во ОУ Григор Печичев  ќе се доопремат санитарните јазли во старата зграда. Трисеттина ученици од генерацијата 1948/49 собраа парични средства во висина од околу 1500 долари за да го поправат осветлувањето во училишните тоалети. Александар Сталески кој живее во Индијана, САД,  вели дека тој и неговите соученици  се вклучиле во акцијата секој  колку што може. Ние имаме должност кон училиштето кое засекогаш е во нашите спомени,  да бидеме општествено одговорни и да ги подобриме условите во училиштето, во кое сега учат нашите внуци.„ Мене...

Продолжи со читање

Полека се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов

Post Views: 179 Полека ама сигурно се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов. Климент Наумов од охридското здружение на туристички водичи „Кеј“ вели дека нивната најголема главоболка а тоа е нелојалната конкуренција се намалува. Согласно Законот за туристичка дејност, туристички водич не може да биде странски државјанин. Тоа може да биде единствено локален водич- лице кое го положило стручниот испит, регистрирано да ја извршува дејноста, државјанин на РМ и со завршено минимум средно образование. –Оваа година сето тоа е ставено на едно повисоко ниво....

Продолжи со читање

Џенгис Пател е единствен водич кој води бесплатен разглед на Охрид

Post Views: 197 Џенгис Пател е единствениот туристички водич во Охрид кој организира бесплатни разгледи на градот.  Ова не е нова работа во светот, во Европа постои околу 15 години, а слободни разгледи  има во сите поголеми светски градови Барселона, Лондон , Брелин, Париз Белград , Њујорк, кажува Пател. Покрај редовните разгледи, тој веќе 3 години е дел од клубот кој  го применуваат  новиот тренд.  Овој начин на работа потекнува од Германија, поточно од Берлин од туристичкиот водич Сандеман, раскажува Пател. Додава дека е штета да се дојде во Охрид и градот да не се разгледа со водич,...

Продолжи со читање

Угостителите и оваа сезона мака мачат со вработување на келнери и кувари од Охрид

Post Views: 218 Охридските угостителски објекти мака мачат со вработување на образовани келнери и готвачи од градов. Години наназад повеќето од нив практикуваат ангажирање на угостителски кадар од другите градови посебно од источниот дел на земјава. Овој проблем го потвруваат и од Агенцијата за вработување од Охрид. Од нивната евиденција се гледа дека од 4 196 лица кои бараат активно работа и околу 3500 пасивно , околу 300 се келнери, кувари и угостителски техничари. На спискот кои бараат работа има 90 келнери и дури 170 готвачи. Додека 20 -тина лица се угостителски техничари и хотелиери....

Продолжи со читање

Колку е безбедно да се минува под Долни сарај

Post Views: 176 Безбедноста на граѓаните кои минуваат под Долни сарај, повторно актуелизирано со најавата за рушење на Мостот на желбите. Покрај тоа што мостот бил дивоградба, опасноста од одрони кои можат да ги повредат минувачите беше исто така експлоатирано како причина повеќе за отстранување на мостот под сарајот. Од Завод и музеј потсетуваат дека  уште пред една година биле потрошени 3мил. и 300 000ден., средства од Министерството со кои се санирале ѕидните јужни платна кон езерскиот брег и скалите. Од оваа национална установа најавија дека од наредната година по се изгледа ќе...

Продолжи со читање

Во катедралната црква Св. Софија по трет пат гостува музичкото дуо Трусови

Post Views: 169 На Фестивалот Охридско лето вечерва гостува уште еден виолински виртуоз. Во катедралната црква Св. Софија по трет пат ќе настапува рускиот виолинист Кирил Трусов во пијано придружба на неговата сестра Александра Трусова, информира музичкиот селектор Гордана Неделкова  Јосифоска. „Трусов  е име кое одамна ја достигнало светската слава на престижни музички сцени.Како показател за тоа е неговоиот настап на музичкиот фестивал Вербиер во Швајцарија каде го имаше последниот настап. После Вербиер во Охрид е показател дека Охридско лето ги има најдобрите светски уметници“,...

Продолжи со читање

Oдморалиштето „Радости“ на охридското езеро не е на продажба

Post Views: 171 Детското одморалиште „Радости“  сместено на  охридското крајбрежје не е на продажба. Не е на владиниот список  со кој од вчера  се  продаваат  неколку детски одмаралишта во земјава. Директорот Игор Поповски објаснува дека Републичкиот Сојуз за грижа и воспитување стопанисува и се грижи за одржување на овој  објект кој има 300 легла, а е изграден пред 62 години.„ Сојузот за грижи и воспитување е непрофитна организација и приходите одат во хумани цели. Се трудиме за сите дечињата да  обезбедиме достоен одмор.  Цените за престој се минимални, ретко кое од децата од социјалните...

Продолжи со читање

Ново лето, стари проблеми

Post Views: 179 И ова лето Охриѓани и туристите со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Никако да се надминат  старите проблеми. Повторно  некои од таксистите одбиваат да возат на кратки релации, не издаваат фискална сметка па цената која ја наплаќаат  ја тресат од ракав, љубезноста не е на завидно ниво како и услугата. Многупати патниците сами треба да си го сместат багажот, а таксистот си седи во возилото, ова се само дел од поплаките на патниците.Од Локалната велат дека свесни се за проблемите кои се провлекуваат во такси превозот во градов. –Знаеме за полаките...

Продолжи со читање

ЈП „Комуналец “хортикултурно ќе ги уредува сообраќајниците во градов

Post Views: 172 Хортикултурно ќе се уредува зелениот појас на патниот правец Охрид-Св. Наум. Иако овој магисрален пат е под ингеренции на Македонија пат, Јп „Комуналец“ согледувајќи ја потребата од негово уредување на сопствена иницијатива ќе го исчисти, нивелира и оплемени просторот.-Во наредниот период подготвени сме да направиме два бунари и на целиот ќе се постави водоводна мрежа за наводнување, а наесен ќе го озелениме со соодветни растенија за ваков простор, вели Елена Скрческа, директорката на ЈП „Комуналец„.Директорката вели дека ќе се погрижат за хортикултурно уредување ...

Продолжи со читање