Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“ го одбележа меѓународниот ден на спортот

Post Views: 7 6ти април со одлука на Генералното собрание на ООН   во 2013та година е прогласен за меѓународен ден на спортот. Со тоа му се дава заслуженото место на спортот кој е најголемиот амбасадор во светот и кој ги руши сите бариери и предрасуди. Асоцијацијата „Спорт за сите, сите за спорт“ со низа активности се приклучи кон одбележувањето на овој ден. Организираа спортски настан за сите граѓани, а во ОУ „Григор Прличев“ децата и нивните родители ќе можат да вежбаат аеробик на отворено. Во ланч барот „Ноа“ за повозрасните ќе се промовира ЕХО фестивалот кој е фестивал на...

Продолжи со читање

Законот за вршење угостителска дејност претрпе измени во корист на приватните станоиздавачи

Post Views: 9   Собранието на РМ ги донесе измените на членот 46 од Законот за вршење угостителска дејност со што им се овозможи на приватните станоиздавачи кои се наоѓаат под ист покрив како што е случајот со стамбените згради да можат да ги издаваат своите објекти. Досега право на тоа имаше само еден станоиздавач и тоа по принципот прв дојден, прв услужен. Сите наредни барања за вршење туристичка дејност беа одбивани од Комисијата за категоризација. Локалната самоуправа и ТЛЕР, со подршка на Агенцијјата за подршка и промоција на туризмот, Министерството за економија, а...

Продолжи со читање

Ќе се гради катна гаража кај Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 8   Со средства од ЕЛЕМ ќе се гради катна гаража кај Центарот за култура „Григор Прличев“. Државната компанија објави конкурс за избор на идејно решение, а архитектонските трудови треба да се достават најдоцна до 6 мај. За изгледот на катната гаража ќе одлучува посебна жири – комисија оформена од ЕЛЕМ.Проценките се дека катната гаража ќе почне да се гради во втората половина од оваа година, или пак во текот на 2017 година. Не се  работи за  специјална катна гаража туку се работи целосно нов комплекс односно изградна на нов Центар за култура на местото каде што е...

Продолжи со читање

Радмила Шеќеринска денес меѓу охриѓани

Post Views: 7   Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска денес меѓу охриѓани. Таа на заедничката средба со граѓаните уште еднаш истакна дека Македонија се наоѓа во сериозна политичка, економска и државна криза предизвикана од погрешните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ. Како резултат на тоа  голем број граѓани се иселуваат од државава, се соочуваме со низок економски стандард, со медиумски мрак, изборни измами и сериозни индиции за голем криминал, рече Шеќеринска. Ваквата состојба може да се промени само со фер и демократски избори, но и овие денови може да се...

Продолжи со читање

Кој ќе стопанисува со плажите во Охрид

Post Views: 6 Со доаѓањето на пролетта се актуелизира темата околу одржувањето на плажите на охридското крајбрежје. Од локалната кажуваат дека и ова лето со 9 плажи ќе стопанисуваат концесионерите кои потпишаа договор со општината и кој тарае до 2017та. Досега најголемиот дел од концесионерите ги почитуваат одредбите од договорите и општината нема некои поголеми проблеми со нив, но има и такви кои не се толку ажурни, вели портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски.Можам да кажам дека двајца концесионери сеуште не ги имаат подмирено давачките кон локалната. Повеќе пати...

Продолжи со читање

Дел од улицата „Нада Филева“ и по седум децении сеуште неасфалтирана

Post Views: 8   „Нада Филева“, една од улиците во старото градско јадро, поточно кај Саат Кулата, остана неасфалтирана повеќе од седум децении, кажуваат жителите од овој дел на градот. Прашуваат како може во 21 век на само неколку метри од центарот на Охрид да поминуваат низ кал кога времето е врнежливо , а на лето пак  да голтаат прашина. На оваа улица има повеќе од дваесеттина куќи во кои живеат околу стотина жители и секојдневно се соочуваат со овој проблем. Жителите на ул „Нада Филева“ во неколку наврати до Локалната самоупрва, односно до Фондот за комунален развој...

Продолжи со читање

Улицата „Кирил и Методиј“ ќе се подновува

Post Views: 6   Улицата „Кирил и Методиј“ ќе се подновува. Започнаа градежните работи околу нејзината реконструкција. Ова е дел од годишната програма на општината за санација на улици и потпорни ѕидови во УЗ Стар град, а пред два месеци општината распиша и тендер за изнаоѓање најдобар изведувач. На тендерот најповолна понуда имаше АД „Илинден“ од Струга, со кого е потпишан договор за извршување на градежните работи.Согласно планираното АД „Илинден“ треба да изврши санација по цела должина на овој крак, од чинарот, па до Горна Порта. Вредноста на проектот е 2милиона и 400 000...

Продолжи со читање

Црвен крст го одбележа својот 71ви роденден

Post Views: 7 Одбележан 71виот роденден на Општинската организација на Црвен крст Охрид. На 17 март 1945 година е формиран Црвениот крст на Македонија, а веднаш потоа, меѓу првите општински организации, на 26 март 1945 година е формирана охридската организација. По тој повод денес беше  отворена изложба на фотографии и изданија кои го прикажуваат историјатот, формирањето, растежот и развојот на Црвениот крст на Македонија и Црвен крст Охрид.Се одлучивме на ваков начин наодбележување на роденденот бидејќи сакавме посебно најмладите да видат преку фотографиите од нашата архива...

Продолжи со читање