Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта

Post Views: 167 Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата СВ. Богородица Перивлепта. Конзерваторското одобрение е добиено и најавено е дека околу 15ти август ќе се отпочне со работа.  На реализацијата на проектот се ангажирани конзерватори од Македонија и двајца експерти од УНЕСКО кои во Охрид треба да пристигнат на 1ви Септември.–Се надеваме дека со оваа конзервација конечно ќе се стави крај на оние зборувања дека живописот во Перивлепта пропаѓа, се рони и го губи својот пигмент. Се надеваме дека со оваа конзервација ќе се направи најдоброто бидејќи отстранети...

Продолжи со читање

И на малиот полигон ќе се наплаќа за паркинг

Post Views: 193 Со паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови од денес ќе стопанисува ЈП „Билјанини Извори“. Тој паркинг простор е сопственост на ГП „Гранит“.  Ова градежно претпријатие склучило договор за издавање под закуп на просторот наЈП „Билјанини извори“ во траење од една година.  Со тоа  ова јавно претпријатие  ќе врши економско оперирање на паркингот за што на „Гранит“ ќе му исплаќа соодветен процент. Во случајов „Гранит“ добива, но граѓаните губат. Инаку паркингот ќе биде дел од зоната Б, така што за еден час паркирање  ќе се наплаќа 20 денари. Уредувањето на просторот...

Продолжи со читање

Дали тартанот на атлетската патека повторно ќе настрада

Post Views: 157 Љубителите на музиката на познатата балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ со нетрпение го очекуват вечерашниот концерт. Локацијата на концертот добро позната, стадионот на СРЦ „Билјанини извори“. Додека фановите се во исчекување на овај музички настан, атлетичарите од АК „Охрид“ се во грч за судбината на тартан патеката. Стравуваат да не дојде до оштетување на подлогата бидејќи тоа и претходно се случувало при вакви големи концерти кои се одржувале на стадионот. Од ЈП „Билјанини извори“ смируваат тврдејќи дека се превземени сите мерки за заштита на тартанот.–Ние цело...

Продолжи со читање

Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот

Post Views: 168 Maси и столици на тротоарите а пешаците на коловозот.  Ваква е сликата на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На овој потег има огромна фрекфенција на  пешаци и автомобили кои се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во угостителски објекти.   Пешаците стравуваат за својата безбедност и се прашуваат како Локалната дозволила поставување урбана опрема на двата тротоари и тоа не само во летниот период туку преку целата година. Од Локалната велат дека  опремата е поставена согласно програмата што се носи за поставување урбана...

Продолжи со читање

Полни раце работа за ЈП „Комуналец“

Post Views: 174 Градов полека, но сигурно се полни со гости. Се очекува во викендов што доаѓа Охрид да биде дестинација за голем број домашни туристи поради престојните илинденски празници. Но, тоа значи и полни раце работа за ЈП „Комуналец“ бидејќи зголемениот број на гости носи и преполни контејнери со смет. Од ова јавно претпријатие велат дека превземени се сите мерки за поголема ангажираност на вработените за подигање на сметот, одржување на хигиената на јавните површини и на јавното зеленило.–За подобра организација во работата воведовме и трета смена. Возилата ќе подигаат...

Продолжи со читање

Ќе се пишува монографија за Охрид

Post Views: 200 Ќе се пишува монографија за Охрид. Тоа ќе биде еден репрезентативен примерок за историјата на градов. Во книгата ќе бидат опфатени сите значајни настани, личности, културно-историски објекти, археолошки локалитети и природни убавини или со еден збор се она што му дава белег на градов. Иницијативата за пишување на една ваква монографија е на Општина Охрид, односно на Секторот за Туризам и локален економски развој.-Во моментов сме во фаза на избор на стручни лица  кои ќе работат на оваа монографија и веднаш штом ќе завршиме со тој избор пристапуваме кон процес на нејзина...

Продолжи со читање

Граѓаните си го бараат ветеното

Post Views: 178 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сте стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека  оваа пролет ќе биде направен, се останува само на ветување, вели Илија Магденоски, претседателот на УЗ Воска. Тој раскажува дека...

Продолжи со читање

Концертoт на виртуозот на пијано, Максим Мрвица, исфрли на површина повеќе организациони фалинки

Post Views: 176 Хрватскиот пијанист Максим Мрвица на сите кои саботата навечер беа на „Антички“ им приреди едно незаборавно доживување. Овој виртуоз на пијано кој настапи во рамките на фестивалот „Охридско лето“  на начин препознатлив само за него изведе кросовер композииции од своите десет албуми, како и еден помал блок класична музика и ја стана публиката на нозе. Овој концерт по се изгледа ќе се вброи во еден од најдобрите на овогодинешното фестивалско издание. Но, зачуди фактот што и за еден ваков светски настан античкиот театар пред почетокот на концертот остана полупразен па...

Продолжи со читање

Без стратегија нема развој на туризмот

Post Views: 153 Ќе се изготвува нова национална стратегија за развој на туризмот. На постоечката која е донесена во 2009год., а ревидирана во 2011 и истекува рокот нареднава година. Стратегијата е многу важен документ, вели Проф. Др. Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, бидејќи врз нејзина основа се донесуваат многу закони кои се значајни за развојот на туризмот. Врз основа на овој општ акт се донесуваат документи на регионално и локално ниво, како и стратешки документи, објаснува Мариноски. Тој учествувал во ревидирањето на стратегијата од 2009 при што тогашниот тим ставил акцент на...

Продолжи со читање

Итна седница на Локалниот економски совет поради нарушениот туристичкиот углед на Охрид

Post Views: 164 Неодамнешните пишувања и прилози во некои електронски и печатени медиуми околу ниското ниво на услуги во туристичкиот сектор и високите цени на туристичките услуги и производи во Охрид, беа причина Градоначалникот да свика итна седница на Локалниот економски совет во екот на туристичкава сезона. Седницата се одржа во проширен состав и на неа присуствуваа претставници од сите субјекти кои учествуват во креирањето на туристичката понуда во градов. Бакрачески рече дека  општ впечаток на сите бил дека обидите да се оцрни градов со констатации дека е прескап и дека не нуди...

Продолжи со читање

14 нови државни службеници ќе се вработат во Локалната самоуправа

Post Views: 166 Преку Агенцијата за администрација во Локална самоуправа ќе се вработат 14 нови државни службеници. Ќе се прима еден виш референт за архивско и канцелариско работење, двајца соработници за следење и донесување урбанистички планови, двајца помлади соработници за донесување на урбанистички планови, еден соработник за правни работи од областа на урбанизмот, еден виш соработник за следење и реализација на проекти, еден соработник за туризам и угостителство, еден виш референт – администратор, еден соработник за прибирање и обработка на податоци од областа на културата,...

Продолжи со читање

Жителите од Канео упатија петиција до градоначалникот Бакрачески

Post Views: 211 Жителите од Канео со петиција до Градоначалникот Бакрачески за спасување на „Мостот на желбите“. Петицијата ја пренесуваме во целост.  ДоГрадоначалник на Општина ОхридСовет на Општина ОхридДо средствата за јавно информирањеПЕТИЦИЈА Од сите жители на Вековната населба Канео – Охрид.Од незванични извори имаме информација дека ’’ Мостот на Желбите’’ во најскоро време ќе се сруши.Во име на сите нас кои овде живееме со векови, и во име на сите оние што години наназат го посетувале Канео и уште повеќе што сега како врвулица се движат по ’’ Мостот на желбите’’(како што популарно...

Продолжи со читање