Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 5 Извештаите од УНЕСКО недостапни за советниците, реагира Дејан Блажески од ЛДП. Тој со низа забелешки за работењето на Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за 2015та год. Блажески посочи дека поради несоодветниот начин на презентација на извештаите кои треба да бидат преведени и доставени до советот на општината многупати истите се погрешно толкувани и од советниците и од медиумите. Тој рече дека секторот кој е задолжен за нив треба со официјален преведувач да ги обработи и да ги достави препораките од УНЕСЕКО до советниците кои се...
Готвачите и хуманоста
Post Views: 5 60 оброци зготвени од врвни кулинарски мајстори од Македонија и 40 десерти од слаткарницата Анабела денес ќе добијат социјално загрозените семејства кои се хранат во народната кујна во Охрид. Ова е дел од акцијата Готвачите и хуманоста која ја организираат маркетите Тамаро заедно со Вкусот на традицијата.Целта на денешната акција е да готвиме со љубов и хумана димензија и да им помогниме барем за миг на оние на кои тоа им е најпотребно, рече Адријана Алачки водителката на емисијата Вкусот на традицијата.Повеќе познати готвачи од Македонија подготвуваа различни...
Гастрономите од Македонија се обединија
Post Views: 6 Гастрономите од Македонија се обединија. Од неодамна се формира асоцијацијата „Гастромак“ во која можат да членуват готвачите од државава кои имаат диплома од некое средно стручно угостителско училиште. На ваков начин многу полесно ќе се решаваат нивните проблеми, но и ќе имаат можност да посетуваат разни курсеви, семинари и да разменуваат искуства од областа на кулинарството со нивните колеги од странство.Нас посебно ни е важна соработката со Охрид и охридските гастрономи бидејќи Охрид е еден значаен туристички предизвик за цел свет и треба во него многу да се...
Шарени чорапи за светскиот ден на лицата со Даунов синдром
Post Views: 20 Анастазија Жупан е млада девојка која ги сака истите работи како и нејзините врснички. Сака музика, обожува да се капи во езерото, да шета по охридската чаршија, да се дотерува, да се дружи со своите пријателки со кои ги споделува своите тајни. Анастазија секогаш е насмеана и ведра и со неа е задоволство да се разговара. Дури тоа ако знаеш можеш да го направиш и на шпански, бидејќи Анастазија има познавања и од овој јазик. Таа е активна и не бега од обврски, туку ги исполнува со задоволство. Таа е дел од Лајонс клубот „Деница“ каде учествува во сите активности...
Локалната самоуправа нема слух за развој на училишниот спорт, тврди Станкоски
Post Views: 8 Локалната самоуправа не дала ниту денар во 2015та година за развој на училишните спортови, критикува советникот на ВМРО НП, Јоне Станкоски. Тој додава дека тоа е несфатливо бидејќи развојот на училишниот спорт и тоа како е значаен за развојот на децата и на нивната личност. Станкоски вели дека иако биле предвидени средства во буџетот за 2015та година за училишниот спорт, досега не се префрлени на училиштата. Онаму каде локалната треба најмногу да се заложи, а тоа е развојот на децата, таа како да е глува. Не можам да сфатам зошто нема чуство за развојот на...
Охрид и охриѓани имаат долга традиција за дарување крв
Post Views: 11 Охрид и охриѓани имаат долга традиција за дарување крв. Тие во секоја прилика ја покажувале својата хуманост и ја дарувале течноста што значи живот. Црвен крст Охрид преку најразлични форми на организирање и дејствување, особено внимание посветува на мотивацијата на населението за доброволно дарување крв, што има за цел задоволување на потребните количества од драгоцената течност за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид. Во охридскиот црвен крст има регистрирани крводарители кои континуирано даруваат крв, па бројките се за секоја почит....
Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство
Post Views: 7 Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство. Единствената која функционираше во рамките на Женскиот центар „Бисера“ згасна пред неколку години поради немање финансиска подршка од локалната. Членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените која функционира во рамките на Советот на општина Охрид бараат сериозно да се разгледа овој проблем, нагласувајќи дека се поголем е бројот на жени, но и на мажи кои имаат потреба од стручна помош и совет поради трпење семејно насилство. Советничката Жаклина Лазаревска која е член на оваа...
Спортот во Охрид маргинализиран, сметаат опозиционерите
Post Views: 11 Спортот во Охрид маргинализиран, сметаат опозиционерите. Тие на вчерашната седница на совет беа гласноговорни кога дојде на ред точката за Извештајот за работа на Секторот за спорт, млади и невладини организации за 2015та година. Јован Стојаноски од СДСМ рече дека општината за некого е мајка за некого маќеа. Истакна дека дури 80% од средствата од буџетот наменети за развој на спортот во градов одат за РК „Охрид 2013“ или околу 60 000 евра општински пари плус околу 20 000 пари од спонзори, а останатите клубови и спортови не добивале ниту денар.Претседател на...