Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Нема место за паника поради бактеријата листерија, велат од ЦЗЈЗ

Post Views: 194 Во Охрид засега е регистриран еден случај на пациент кај кого лабораториски е потврдено присуство на бактеријата листерија, велат од Центарот за јавно здравје. Станува збор за повозрасна жена која по лекувањето во Скопје, е пуштена дома и е во добра здравствена состојба. Од таму додаваат дека нема место за паника. Оваа бактерија не е нешто ново,  ја има насекаде во природата и во почвата и таа лесно може да се намножи и во овошјето и во зеленчукот.  Посебно проблеми се јавуваат во летниот период кога температурите се повисоки а храната е поподложна на расипување. Листериозата...

Продолжи со читање

Најавено па одложено рушењето на „Мостот на желбите“

Post Views: 195 „Мостот на желбите“ се спаси, но до наесен. Среде туристичка сезона денес беше  најавено па одложено неговото рушење. Утрово 50 -тина  жители  од Канео и стар град со жив штит се спротиставија на решението на општинскиот инспекторат да го срушат мостот. Еден од жителите кој се спротистави на рушењето  е и Величе Велјаноски. Тој вели со оваа одлука  се руши нивниот сон Канео да биде поврзан со градот и да не мора да ја искачуваат  500 метарската стрмна нагорнина. Сега кога годините натежнаа и ни е ограничено движењето низ стар град со режимот за сообраќај оваа  одлука...

Продолжи со читање

Охридскиот Сонк стапи во солидарен штрајк со глад

Post Views: 187 Охридскиот регионален  синдикат за образование, наука и култура од  утрово е во штрајк со глад.  Аце Речкоски, претседател на регионалниот Сонк, вели  даваат поддршка на тројцата професори од штипскиот универзитет кои штрајкуваат со глад барајќи ги своите прекршени законски права за да бидат реизбрани  за вонредни професори. Речкоски нагласува дека со солидарниот штрајк регионалните одбори на Сонк, меѓу кои и нивниот, бараат Универзитетот „ Гоце Делчев“ да постапи според решението на Државниот просветен инспекторат.  Тоа значи да се повтори гласањето на нучно наставниот...

Продолжи со читање

Засилени контроли поради појавата на бактеријата листерија

Post Views: 166 Граѓаните деновиве во паника поради појавата на смртоносната бактерија листерија од која за еден месец се заразија седум, а починаа три лица. Бактеријата може да ја има во месото и млекото, пастеризирано и непастеризирано, млечните и месните производи, морските плодови и рибата, како и во овошјето и зеленчукот. Од Центарот за Јавно здравје од Охрид велат дека од почетокот на годината во лабораторијата исконтролирале 100тина примероци од прехранбени производи од најразлични видови, од готови јадења, до слаткарски производи, сладоледи, меса, млечни производи. 70% од...

Продолжи со читање

Американци со македонско потекло во посета на своите корени

Post Views: 210 Ник, Едвард и Дебора Марков се американци со македоско потекло. Нивните дедовци Ламбе и Војдан Маркови во 1909 година го напуштиле своето родно огниште во Ржаново и заминале во САД. Од оваа далечна земја повеќе не се вратиле, но љубовта и традицијата на македонското семејство не заборавиле да ја пренесат на своите внуци.  Браќата Ник и Едвард  Марков потомци на Ламбе, се по втор пат во Охрид и  Ржаново.Дошле пред 5 години,  а сега допатуваа со своите сопруги. Ник Марков врли среќен сум што се вративме на корените од каде што потекнуваме. Како дете слушав многу приказни...

Продолжи со читање

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Охрид и Квинбиан

Post Views: 190 Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески се сретна со неговиот колега Тим Оверал од австралискиот град Квинбиан. Во негова придружба беше и советникот на општина Квинибиан Величе Трајаноски, македонски иселеник кој потекнува од охридско. Градот Квинбиан  брои  42.000 жители, а  околу 2000  од нив се македонски иселеници. Во овој град во државата Нов Јужен Велс  живеат веќе трета генерација Македонци, а  скоро  800 од нив  по потекло се од  охридскиот  регион. Бакрачески и Оверал  потпишаа меморандум за соработка помеѓу  двете општини. Градоначалникот Бакрачески кажа...

Продолжи со читање

Забаено или забораено

Post Views: 181 Охриѓани желни за театарска претстава. Показател за тоа е и преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ на трите претстави  „Отело“, „Многу врева за ништо„ и „Аферата Елсинор“ кои се одржаа во рамките на фестивалот „Охридско лето“. За жал, граѓаните претстава можат да видат само благодарение на овој фестивал бидејќи охридскиот театар кој постои веќе три години, една година нема поставено претстава на штиците што живот значат. Од охридскиот театар даваа разно разни објаснувања зошто не се изведуваат претставите и ветија дека на публиката ќе и се оддолжат...

Продолжи со читање

Општината ќе распише тендер за отстранување на двата билборди во Парк

Post Views: 184 Општината и по еден месец не го пронајде сопственикот на нелегално поставените билборди  во комплексот Парк. Општинскиот Инспекторат го објавил повикот во  Службен весник за да се јави сопственикот на билбордите. но без успех.Бидејќи сопственикот не се јавил сам во законскиот рок, следува Локалнaта власт да ги отстрани билбордите.  За да се отстранат  големите билборди, потребно е ангажирање на дигалки од поголеми размери или да се ангажира фирма која ќе ги исече билбордите на делови, информираат од одделението за односи со јавност при ЛС. Додаваат дека со оглед...

Продолжи со читање

Противпожарната единица од Охрид доби нова опрема

Post Views: 271 Противпожарната единица од Охрид доби нова опрема. Преку донација од противпожарната од  Лејден -Холандија пожарникарите добија заштитни одела, чизми и наочари со кои ќе се зголеми нивната безбедност при гаснење на пожари.–Ваква опрема не ќе можевме уште многу години да набавиме, тоа не ќе можеше да го стори ниту Локалната бидејќи е многу слкапа. Едно одело чини 1500 евра. Оваа опрема е користена, но е од 2009, 2010 и 2011год., а онаa која ја имаме ние е стара 20год. А сепак со неа пожарникарите одеа на интервенции. Затоа оваа донација за нас многу значи, вели...

Продолжи со читање

Цистерна се заплетка во пајаковата мрежа од кабли

Post Views: 173 Цистерна со скопски регистрации синоќа околу 23 часот на пресекот на улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ сруши два електрични столоба од уличното осветлување и пет столбови од кабелските оператори. Немилиот настан се случил поради тоа што каблите од повеќе оператори биле поставени пониско од пропишаните 4 и пол метри, па цистерната која била со висина од 3метри и 90 се заплеткала во нив. За среќа освен материјална штета немаше повредени во синоќешниот инцидент, но очевидците кажуваат дека сликата била застрашувачка, а во еден момент згаснало целото улично...

Продолжи со читање

Се возобновува фестивалот на сирење и вино

Post Views: 174   Се возобновува фестивалот на сирење и вино. После петгодишна пауза оваа дегустаторско-продажна манифестација  повторно ќе се одржи и тоа во средината на август, најавуваат од Локалната. Овојпат тој ќе има регионален карактер па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија како и од Корча , Албанија. Виното и сирењето не се карактеристични за ова поднебје но организаторот смета дека на фестивалот охридски шмек ќе му даде плашицата. –На истата оваа манифестација ќе биде промовирана и плашицата бидејќи е еден препознатлив...

Продолжи со читање

Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка

Post Views: 220 Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка. Очевидците кои ги затекнавме таму велат дека таа вчера во попладневните часови била многу поголема, а денес остатоци од масло можеа сеуште да се забележат на десниот кеј од каналот. Радован Димитриески, претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“ вели дека тоа се должи на несовесното однесување на сопствениците на пловните објекти кои ги гаражираат таму. Димитриески додава дека не е прв пат на ваков начин да се загадува каналот, а инспекциските служби да не излезат на терен.–Досега такво нешто...

Продолжи со читање