Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Општинскиот инспекторат има нов комунален инспектор

Post Views: 12 Гоце Ристески е новиот комунален инспектор при општинскиот инспекторат. Оваа информација ќе е многу корисна за сите граѓани кои имаа комунални проблеми, а немаа каде да се обратат бидејќи во општинскиот инспекторат подолго време немаше назначено лице на ова работно место. Граѓаните реагираа до нашата редакција дека ги пријавувале своите случаи во општината, но истите неможеле да им бидат решени бидејќи немало комунален инспектор.Доколку на одредено работно место нема соодветно лице тоа не значи дека таа дејност или тој простор не е соодветно покриен. Иако немаше...

Продолжи со читање

Кај охридските занаетчии нема интерес за субвенционирање

Post Views: 7 Министерството за економија објави Јавен повик за Субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150 000 денари. Овој повик е согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2016 година. Право на учество на Јавниот повик имаат занаетчии и вршители на дејност кои не добиле буџетски средства од проектите во 2014 и 2015 година, имаат деловно седиште во Република Македонија и ги имаат подмирено сите обврски кон државата. Знам дека воопшто нема интерес за ова...

Продолжи со читање

Цвеќе, прегратка и убави зборови за жените телесни инвалиди

Post Views: 7   Со цвеќе, прегратка и убави зборови преставниците на локалната самоуправа им го честитаа 8ми март на жените телесни инвалиди, членки на здружението „Мобилност“. Заменик градончалникот Ангел Јанев рече дека ваквите средби им преставуваат задоволство и дека се трудат тие да бидат почести и не само по повод на некој празник. Јанев рече дека локалната и Градоначалникот Никола Бакрачески посебно внимание посветуваат на лицата со инвалидитет и се трудат во рамки на нивните можности да им го олеснат животот.Ние правиме напори да реализираме што повеќе проекти кои се...

Продолжи со читање

Ќе се прави адаптибилна плажа за телесни инвалиди

Post Views: 8 Ќе се прави адаптибилна плажа за телесни инвалиди.  Оваа идеја стара десетина години по се изгледа конечно ќе се реализира. Венко Голабоски, претседателот на здружението на телесни инвалиди од Охрид вели дека проектот е вклучен во нивната годишна програма и е доставен до Локалната самоуправа и дека од таму добиле зелено светло. Голабоски објаснува дека вакви плажи има насекаде во поголемите туристички места во светот. Тој го посочи примерот на Задар каде секое лето го поминува својот одмор. Плажата е со сите потребни помагала за лицата со инвалидитет па тие можат...

Продолжи со читање

Не е избрано идејно решение за преуредување на плоштадот „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот

Post Views: 9 Ниту едно идејно решение кое пристигна на Јавниот конкурс што беше објавен во декември 2014 година не ги задоволи критериумите на комисијата за избор за преуредување на централниот плоштад „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот, „Крушевска Република“. Право на учество на двата конкурси имаа домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејноста-предмет на конкурсот и домашни и странски физички лица, дипломирани архитекти или студенти по архитектура. Секој од учесниците имаше право да учествува со по еден труд. На јавниот конкурс за централниот...

Продолжи со читање

Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања

Post Views: 5 Годинешната програма за поставување урбана опрема претрпе измени и дополнувања. Таа содржи голем број новини со кои ќе се подобри урбаното живеење во градов. Најзначајно за граѓаните е што според неа е предвидено на три локации на улицата Македонски просветители да се постават подземни контејнери, а по се изгледа од ова лето ќе се намалат и проблемите со немање јавни тоалети. Тие ќе бидат поставени на неколку локации во градов каде фрекфенцијата на гости е најголема. Планирано е јавни тоалети да се монтираат кај Горна Порта, на Улицата „Кузман Капидан“ кај...

Продолжи со читање

11- месечниот Кирил Митрески заедно со своето семејство замина во Истанбул

Post Views: 6 11- месечниот Кирил Митрески заедно со своето семејство замина во Истанбул во болницата „Аџи Бадем“ каде малиот Кирил треба да биде опериран од малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок кај реномираниот неврохирург д- р Мемет Озек. Драги наши пријатели, сограѓани и граѓани на Македонија. Најпрво од срце ви благодариме за вашата несебична помош, хуманост и љубов. После многу консултации со многу клиники (Израел, Германија, Велика Британија, Швајцарија, Австрија) и многу доктори неврохирурзи и онколози решено е лекувањето на Кирил да се спроведе во...

Продолжи со читање

Да се плати на рати

Post Views: 5 Дел од родителите на учениците во трета година во средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ кои во средината на април треба да одат на екскурзија во Будимпешта и Виена, реагираат на начинот на плаќање на сумата за екскурзијата. Оваа тура чини 200 евра, а како најдобар понудувач на тендерот кој го распиша училиштето е избрана ТА Вис пој. На родителската средба која се одржала во месец декември на родителите им било кажано дека сумата ќе се плаќа на три рати. Но поради доцнење на целокупната процедура околу изборот на агенција сега сумата ќе треба да се...

Продолжи со читање