Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Нема пари за изградба на цветен пазар

Post Views: 192 Доцни реализацијата на проектот за изградба на цветен пазар. Уште пред шест месеци беше обелоденето дека на плоштадот „Крушевска Република“, кај Чинарот, на самиот влез на пазарот треба да биде новата локација на современиот цветен пазар. Според планот инвестицијата требаше да изнесува 30 000 евра. Овие средства во моментов ЈП „Градски Пазар“ ги нема , а заради презадолженоста на општината и таа не е во можност да ги издвои овие пари. ЈП „Градски Пазар“ нема можност оваа идеја да ја реализира ниту со земање  кредит од комерцијалните банки, бидејќи претпријатието не...

Продолжи со читање

Жителите на улицата „Крали Марко“ бараат да се постави сферно огледало

Post Views: 208 Улицата „Крали Марко“, непрегледна и небезбедна, се жалат мештаните. Тие велат дека некои од жителите си ги прошириле дворовите со узурпација на општинско земјиште па со тоа се намалила прегледноста на коловозот. Приклучувањето во главната улица „Стив Наумов“ која е многу фреквентна станува опасно.-Многу деца одат на училиште, а и ние возрасните се плашиме да излезиме на улица. Пред извесно време две деца со точаци се судрија ако не закочеа навреме можеше некоја кола да ги прегази. Затоа бараме да се подобри безбедноста на улицава, вели  Цветко Јанкулоски-жител на...

Продолжи со читање

Охриѓани ќе почекат за да добијат современа рекреативна патека

Post Views: 177 Изградбата на современата пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк, доцни. Иако од страна на Локалната беше најавено дека веднаш по парламентарните избори кои се одржаа во месец април ќе биде распишан тендер на кој ќе се бара најдобриот изведувач за овој градежен зафат, постапката не е ни започната. Од проектираната должина на патеката од 1390 метри, само мал дел или поточно 200 метри треба да се уредат со средства од ИПА фондовите а останатите со средства од Локалната.  Од секторот ТЛЕР објаснуваат дека работите закочиле кај...

Продолжи со читање

Oхридските пратеници на гости во „Охридско лето“

Post Views: 183 Oхридските пратеници Александар Николовски и Сашо Василевски гости во „Охридско лето“. Тие со директорката на фестивалот  Елизабета Јанкуловска при посетата разговараа за условите и начинот на работа на оваа национална установа, како и за напорите што се прават за уште едно успешно фестивалско издание. Констатирале дека фестивалот од година во година е се поуспешен бидејќим ги носи најголемите светски имиња од светот на културата во Охрид.– Предизвикот што го имавме минатата година со добивање на највисоката награда за туристички настан за 2013 година за нас...

Продолжи со читање

Пукната водоводна цевка ги поплави дворовите на „Никола Карев“

Post Views: 172 Дворот на семејна куќа која се наоѓа на улицата „Никола Карев“, претворен во езерце. Веќе една недела тече вода од пукната водоводна цевка и ги поплавува имотите на граѓаните кои живеат тука. Дефектот бил пријавен уште минатиот понеделник, дошле некои екипи, нешто интервенирале, но не го решиле проблемот, водата и понатаму си тече, раскажува Ристе Карадимче еден од сопствениците на куќите чиј двор е поплавен.–Вишнава ми се исуши овде е се влажно и мислам дека  водата ми е навлезена и во темелите на куќата. Се чудам и не можам да разберам  ако ми се оштетат темелите...

Продолжи со читање

Охрид на прво место по бројот на иселени лица

Post Views: 214 Се поголем број млади луѓе го напуштаат градов. Овој факт загрижува и отвара многу прашања. Каде младите охриѓани  ја гледаат својата иднина, овде или во странство.  Колку тие се задоволни од можностите кои ги нуди градов за вработување и за обезбедување егзистенција.-Јас сакам да останам во градов и тука да ја градам својата иднина, вели една млада охриѓанка.-Го сакам градов но ако во странство ми се понудат подобри можности можеби би заминал, не сум размислувал за тоа, кажува еден средношколец.-Јас сум патриот и сакам да останам во земјава, а им советувам и на останатите...

Продолжи со читање

Охридските плажи под будното око на општинскиот инспекторат

Post Views: 262   Ќе се стави ли ред на охридските плажи. Од општинскиот инспекторат велат дека минатото лето ретко кој концесионер го испочитувал правилото на плажата да има најмалку 40% слободен простор каде гостите ќе можат слободно да си постават свои реквизити и да не плаќаат за тоа, а наспроти тоа плажите биле преплавени со лежалки  што предизвикувало голем револт кај посетителите.Милески вели дека ќе се контролира дали концесионерите се придржуваат  на проектот кој им бил одобрен од страна на општината, дали објектите на плажите се во дозволениот габарит, дали на плажата се...

Продолжи со читање

Кој треба да ги подигне хаварисани бродови од каналот Студенчишта

Post Views: 196 Каналот Студенчишта наместо туристичка атракција  станува отпад за хаварисани бродови, се загадува и има се помалку риба. –Рибарите и сопствениците на пловните објекти кои се згрижени во каналот Студенчиште велат дека тој е многу запуштен и запоставен. Додават дека ниту државата ниту локалната водат сметка за него.Потребно е да се отстранат сите непловни бродови и каналот да се ревитализира, затоа што флората и фауната во каналот интензивно се уништува, предупредуваат рибарите. Тие додаваат дека на овој канал дневно имало и по 300 спортски риболовци кои ловеле...

Продолжи со читање

И ова лето забрана за скутерите

Post Views: 160 И ова лето забраната за скутерите важи во периодот од 11 до 19 часот. Од охридската капетанија објаснуваат дека во овој временски интервал е најголемата фрекфенцијата на капачи па затоа ќе се воведуваат засилени контроли како не би дошло до некоја несакана незгода. Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и  превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во Капетанијата...

Продолжи со читање

Нова линија многу прашања

Post Views: 191 Новата водена линија Охрид- Поградец  која неодамна беше промовирана кај охриѓани наиде на голем интерес, но им наметна многу прашања. Се интересираат колку често ќе се спроведува, колку ќе чини билетот, каде ќе се врши царинската контрола и со кој брод ќе се патува. Овие дилеми ги разреши капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски. Тој вели дека најпрво треба да се разјасни дека оваа линија е чартер, а не редовна бродска линија.Ние создадовме услови за спроведување на оваа линија. Овозможивме извршување на сите гранични и царински формалности, а пазарот...

Продолжи со читање

Започнаа уписите во среднообразовните училишни центри

Post Views: 201 Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ со завршено основно училиште ќе се запишат 272 ученици во осум паралелки. Новина е што годинава  економското училиште и медицинската паралелка се одделуваат од гимназизското. Па така во средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ односно во економското училиште ќе имаат можност да се запишат вкупно 170 ученици. Од нив 136 во економско-правната и трговската струка, а 34 ученици во здравствената струка. Уписите се спроведуваат денес и на 25 јуни. Ланската година паралелките броеја околу 25-27 ученици па се очекува тој...

Продолжи со читање

Кој затаи во спроведувањето на Законот за јавна чистота

Post Views: 197   Охриѓани како да подзаборавија да го почитуваат Законот за јавна чистота. Насекаде по градов повторно можат да се видат расфрлани отпушоци, гуми за џвакање, повторно се сечат дрва на јавна површина, се фрлаат отпадоци на улица се продава зеленчук на импровизирани тезги. –Хигиената не е на завидно ниво, се фрлат отпушоци насекаде, вели еден наш сограѓанин.-Криви сме и ние граѓаните ама и тие кои треба да го спроведуваат законот. Нека казнуваат па ќе видиме дали некој ќе фрла каде ќе му текне, вели друг.–Секој фрла каде ќе му текне, кај нас ништо не функционира,...

Продолжи со читање