Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 166 Булеварот „Железничка“ стана бетонски ѕид за граѓаните кои живеат од едната и од другата страна на оваа сообраќајница. Поради големата брзина со која се вози и поради лошата патна сигнализација пешаците се плашат да ja преминат улицата. Граѓаните реагираат дека „Железничка“ плаче или за надвозник или за кружен тек. Тие секојдневно стравуваат за својата безбедност а посебно за безбедноста на децата за време на школската година.–На овој булевар досега се имаат случено повеќе сообраќајни незгоди а во дел од нив за жал имаше и жртви. Ние како Урбана заедница баравме...
Бледнее сјајот на Фестивалот на француски филм во Охрид
Post Views: 197 Годинава Охрид наместо домаќин на Фестивалот на француски филм мораше да се задоволи само со една проекција. Синоќа во Центарот за Култура “’Григор Прличев“ по седми пат беше послан црвениот тепих но за разлика од претходните години по него поминаа само мал број љубители на седмата уметност. Пред проекцијата на филмот посветен на познатиот француски моден креатор Ив Сен Лоран на присутните им се обрати Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој говореше за македонско – француските културни врски и за отворањето на Охрид кон светот, а посебно кон филмот како уметност.–...
Ќе се реши ли проблемот со бучавоста во градов
Post Views: 196 Инспекторите од општинскио инспекторат заедно со службите од СВР деновиве интензивно работат на изготвување на акционен план за справување со бучавоста. Според планот ова лето ќе има многу позачестени контроли и акции бидејќи минатите лета бучавата беше проблем број еден во градов за кој не се најде соодветно решение. Надлежните ветуваат секојдневно мерење и на бучавоста која доаѓа од објектите на брегот на езерото кои во летната сезона приредуваат разно разни концерти на отворено. Граѓаните , посебно оние од стариот дел на градот години наназад реагираа, собираа потписи,...
Ова лето нема пченки и крофни на градскиот плоштад
Post Views: 185 Доколку летово ви се пријаде печена прченка или американски крофни ќе мора дома да си направите бидејќи надвор ќе нема каде да купите. Општинскиот инспекторат во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не предвиде локации за продажба на храна на отворен простор. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа. –Не е дозволено продавање храна по тротоари и на плоштад. Доколку се затекне таква...
Како еден турист да стигне до Билјанини извори
Post Views: 244 Како еден турист да стигне до Билјанини извори? Ова не е наградно прашање туку прашање кое си го поставуваат туристите, но и охриѓани кои често го посетуваат ова место кое е едно од обележјата на градот. Нема патокази, нема ниту некоја табла која ќе асоцира дека натаму води патот до изворите каде Билјана го белела своето платно.–Јас многу често доаѓам овде и секогаш доаѓајќи си размислувам како еден турист би стигнал до Билјанините извори. Срамота е за градот за едно вака значајно место да нема никакво обележје, вели една наша сограѓанка.–Ова е уште еден...
(обновено)Бродска линија Охрид- Поградец
Post Views: 267 Денес се воспостави бродската линија Охрид- Поградец. Пред тргнувањето на бродот „Александрија 2“ со кој се реализира ова патување, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како и во настапот на подмладокот на КУД „Гердан“. На промотивното патување покрај многу видни луѓе од градов присуствуваа Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кои на пристаништето во Поградец беа пречекани од албанските колеги,...
Од денес официјално се воспостави бродската линија Охрид- Поградец
Post Views: 234 Од денес Охрид и албанскиот град Поградец поблиску еден до друг. Овие два езерски града години наназад правеа напори да се поврзат преку воден сообраќај. Од охридското пристаниште исплови бродот „Александрија 2“. Конечно се реализира долгонајавуваната бродска линија Охрид- Поградец. На бродот се наоѓаа видни луѓе од градов како и министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Пред тргнувањето на бродот, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како...
50 години од матура
Post Views: 211 Генерацијата матуранри 1964 од Гимназијата Св. „Климент Охридски“ го одбележа својот 50 годишен јубилеј. Дваесет некогашни ученици заедно со нивниот класен раководител Зарко Баче евоцираа спомени за нивните школски денови, за сите згоди и незгоди, скриени љубови. Во саботата претпладнето се собраа на класен час а вечерта прославија во ресторанот „Далга“. Тие се договорија ваквите дружби да ги практикуваат почесто бидејќи тоа им дава еден поголем смисол на нивните пензионерски денови. {loadposition content9}
Општинскиот комунален инспекторат во акција
Post Views: 207 200 столови и 50 угостителски маси беа подигнати при акцијата што ја спроведе Општинскиот комунален инспекторат. Ова следуваше поради непочитување од страна на голем дел од угостителите на одлуката која беше донесена уште во зимскиот период од Локалната, а со која сите беа обврзани да достават барања за поставување урбана опрема до Секторот за урбанизам најдоцна до 15 април оваа година. Од општинскиот инспекторат после овој рок спровеле акција и уште еднаш на терен ги опоменале сите кои немале доставено барања во рок од 15 дена да го направат тоа, но и покрај тоа...
Пристаништето во Свети Наум во незавидна состојба
Post Views: 184 Пристаништето во Свети Наум во незавидна состојба. Ова го тврдат некои сопственици на пловни објекти кои се усидруваат таму. Додаваат дека на пристаништето нема никакви услови и дека е прилично руинирано. Од Охридската капетанија ги отфрлаат ваквите забелешки објаснувајќи дека зимата бил извршен еден зафат на продлабочување на влезот на пристаништето и бил отстранет нанос од 1000метри кубни. Во месец февруари било санирано свлечилиштето кое се појавило од јужната страна односно на пристапниот дел на пристаништето–Пристаништето е во функционална состојба и без...
Раскрсницата кај новата автобуска станица опасна по живот
Post Views: 171 Раскрсницата кај новата автобуска станица опасна по живот. Граѓаните кои ја преминуваат велат дека е невозможна мисија да поминиш од едниот до другиот крај на коловозот. Нема семафори речиси и да нема пешачки премини, а возачите развиваат голема брзина бидејќи оваа сообраќајница е магистрален пат. Од Фондот за комунален развој знаат за овој проблем.–Моментално е обележана со хоризонтална и вертикална сигнализација према постоечките можности. За тој дел уште од порано беше разгледувана можноста за кружен тек но бидејќи бензинската пумпа од Мак петрол е на приватен...
Градски превоз сеуште се чека под ведро небо
Post Views: 202 Охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо. На голем дел од автобуските постојки во градов нема ниту настрешници ниту пак клупа каде да се седне, се жалат тие. На оние пак каде има некаков покрив над глава најчесто е искршен па изложени се на дожд, а и на сонце, категорични се граѓаните.Неуредените постојки преставуваат проблем и за автопревозниците.-Не се покриени постојките не се правилно обележани така да може да се случи доколку некој од возачите незнае дека на тоа место има постојка да ја промаши, вели Димитар Василевски-директорот на АД „Галеб“....