Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 8 Во основното училиште „Св.Климент Охридски“ се подготвува специјална училница за децата со посебни потреби. Таа ќе биде направена по сите стандарди за да ги задоволи нивните барања и да им го олесни процесот на учење. Училницата се прави во соработка со Црвен крст од Охрид и треба да биде комплетирана во текот на наредните месеци. Покрај оваа училница планирано е да се направи и тоалет за децата со хендикеп кој ќе им овозможи самостално да ги извршуваат своите физиолошки потреби. Ова училиште е единствената образовна институција во градов каде учат деца кои...
ТЛЕР ги обработи податоците за туристичката сезона 2015та
Post Views: 12 Туристичката сезона 2015та многу поуспешна од 2014та. Ова го покажуваат податоците од Секторот за туризам и локален туристички развој. Бројките кажуваат дека има подобрување на вкупниот број на гости и во однос на наплатата на туристичката такса, а и во бројот на остварени ноќевања. Во 2015 за 6,6% остварените ноќевања се поголеми од минатата година, со тоа што ноќевањата на домашни гости се намалени за 2,9%, а во однос на тоа пак ноќевањата на странски гости се зголемени за 11,4%. Ова се податоци од ТЛЕР и тие се поклопуваат со оние од Државниот завод за...
Дали рентабилно работи автопазарот во Охрид
Post Views: 6 Дали рентабилно работи автопазарот во Охрид. Граѓаните кои го посетиле овој пазар кој се отвори пред речиси две години, а и оние кои се само случајни минувачи покрај пазарот кој е лоциран на дел од паркинг просторот кај охридските градски гробишта, го поставуваат ова прашање. Сликата за овој автопазар е едно паркирано постаро возило, а најчесто и ниту едно.Ние како Локална самоуправа сме задоволни што авто пазарот ја исполнува својата функција. Морам да сум искрен дека тој не работи со некоја добивка ама не генерира ниту загуба, објаснува портпаролот на...
Заврши конкурсот за идејно решение за изградба на градска марина
Post Views: 13 Заврши конкурсот кој го распиша Министерството за Транспорт и врски за идејно решение за изградба на градска марина во Охрид. Од министерството информираат дека пристигнати се седум идејни решенија од архитекти и проектантски куќи од повеќе градови во Македонија. Во огласот, Министерството бараше идејни решенија за две можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Посебна жири комисија составена од преставници од...
На Мауцкер покрај градежен шут се депонира и комунален отпад
Post Views: 10 Охриѓани реагираат дека на Мауцкер се одлага комунален отпад. Кажуваат дека отпадот потоа се пали што создава непријатна миризба на чад. Се жалат дека овој простор кој веќе е затрупан со градежен шут сега прераснува во депонија. Од Локалната велат дека кај нив досега не е пријавен ваков случај и дека немаат никакви сознанија оти на Мауцкер се депонира комунален отпад.Јас ве уверувам дека уште утре инспекциските служби ќе излезат на терен и ќе проверат дали навистина состојбата е таква. Одговорно тврдам дека ако има отпад тогаш тој е депониран од несовесни...
Стево Пендаровски; За Македонија е опасно да оди на избори на 24ти
Post Views: 7 За Македонија е опасно да оди на избори на 24ти април затоа што не се испочитувани клучните столбови на пржинскиот договор, смета професор Стево Пендаровски. Според него во моментов не постојат услови тие да се одржат на овој датум затоа што не е извршена регулацијата на медиумите, пречистувањето на Избирачкиот список доцни, а не се обезбедени ниту услови за непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.Македонија не смее да си дозволи луксуз- да има еднострано закажани избори на 24 април не затоа што тоа не чини, е интерес или страв, туку затоа што не се...
Се обновува СОСУ Св.„Кирил и Методиј“
Post Views: 6 Средното општинско стручно училиште Св.„Кирил и Методиј“ час поскоро треба да се поднови. Од буџетот на Општина Охрид секоја година се издвојуваат средства за реновирање на основните и средните училишта, но на оваа образовна институција и е потребна поголема финансиска инјекција. Училиштето бидејќи години наназад работеше во рамките на гимназијата Св. „Климент Охридски“ малку беше подзаборавено. Уште пред четири години требаше да се реновира фискултурната сала, да се изградат нови соблекувални и кабинет по физичка култура, но досега сеуште ништо од тоа. Во...
Завршна екскурзија во Будимпешта и Виена
Post Views: 5 Средното општинско стручно училоште „Св. Кирил и Методиј за прв пат од неговото основање организира завршна екскурзија. Вчера излезе и јавниот повик за прибираење понуди од туристичките агенции. Комисијата која е формирана и која ќе е задолжена околу организацијата на екскурзијата треба да ја одбере најповолната понуда. Според претходно извршената анкета на учениците тие ќе патуваат на дестинација Будимпешта- Виена.Ми се чини дека посетата на едно место е попродуктивно и поефикасно отколку посета на повеќе градови бидејќи на тој начин децата најголемиот дел од...