Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 7 Во Охрид ќе се спроведуваат четиримесечни обуки на лицата со оштетен слух и вид. Обуките ги организира Агенцијата за вработување и тоа за струката водоинсталатер и заварувач каде можат да се пријават глуви и наглуви лица и масери каде можат да аплицираат лица со оштетен вид. Целта е да им се овозможи на оваа категорија граѓани да имаат поголеми можности за вработување.Ова е убава иницијатива но сметам дека не треба да се застане тука. Најдобро би било овие струки да се воведат во средното специјално училиште за глуви ученици. Кај нас работодавачите сеуште немаат...
Доделени стипендии на талентирани ученици од основното, средното и високото образованиe
Post Views: 9 Денес Локалната додели 85 стипендии на талентирани ученици од основното, средното и високото образование. 40 од нив се за основците, 35 за учениците од средните училишта и 10 за студентите. Вредноста на сите нив изнесува 1 174 500ден. За средноошколците и основците се издвоени 1 012 500 ден, а за студентите 162 000 ден. Овие суми се за 80% повисоки од минатата година. Основците ќе добиваат по 1500 ден. месечно и тоа за време од девет месеци, а средношколците и студентите по 2000 ден. Александар Грунчески кој е ученик во деветто одделение во ОУ „Христо Узунов“ по...
Дадено зелено светло за отварање на градинката во Пештани
Post Views: 34 Дадено зелено светло за отварање на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во Пештани. Комисијата пред две недели направила увид на просторијата и дворната површина и констатирала дека условите се идеални за згрижување деца.Веќе сме целосно подготвени за отварање на паралелката. Со помош на Министерството за труд и социјална политика и на Локалната успеавме да ги докомплетираме сите работи. Чекаме само термин кога ќе може бугарскиот конзулат да присуствува, бидејќи дел од средствата за изградба на оваа просторија ги донираа тие, вели Розе...
Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата
Post Views: 5 Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе се вршат систематски прегледи на видот на дечињата од три до шест годишна возраст. Овај проект се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална политика, а потребата за вакви прегледи се јавила од фактот што се поголем процент од децата уште во најмала возраст имаат проблеми со видот. После 16 ти февруари треба точно да се определи во кои денови ќе се вршат прегледите за да можат родителите да донесат здравствени книшки, но и да ги подготват своите деца доколку кај нив се воочи некаков проблем.И за возрасните...
Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси
Post Views: 6 Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сревисот на Локланата самоуправа поднесени се 529 барања на граѓаните. Секојдневно се доставуваат и по десетина барања, објаснува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ.Граѓаните треба да внимаваат. Само оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, вели Џамтоски.Доколку и има некакви обиди за легализација...
Српскиот државјанин обвинет за убиство на Димитар Матилоски ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства
Post Views: 7 Српскиот државјанин Бојан У. од Краљево обвинет за убиство на Димитар Матилоски од Охрид за време на Новогодишната забава пред кафе-барот „Табана“ во Охрид, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства. Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот српски државјанин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. Според полицијата, на 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид заедно со неговите пријатели М.П. и Ѓ.П. ,исто така државјани на Република Србија, и на...
Каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов
Post Views: 9 Се чекаат завршните сметки за да се види каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов. Граѓаните прашуваат во каква кондиција се наоѓаат, дали работат рентабилно, дали имаат загуба во работењето, но од Локалната самоуправа сеуште немаат комплетни податоци за тоа. Велат дека се обработуваат бројките со кои јавните претпријатија ќе излезат пред граѓаните и ќе дадат отчет.Ние знаеме дека најтешка е ситуацијата во МЈП “Проаква“, па потоа во ЈП „Комуналец“, а најповолна е во ЈП “Нискоградба“, „Градски гробишта“ и „Градски пазар“, но конкретни податоци сеуште...
На 24-ти април не би можеле да се спроведат квалитетни избори, сметаат од ЦИВИЛ
Post Views: 11 На 24-ти април не би можеле да се спроведат квалитетни избори, смета претседателот на центарот за слобода-ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Оваа констатација доаѓа како резултат на проценките на неговата организација која долги години наназад ги следи изборните процеси во Македонија. Цивил во сериозна комуникација и консултација со широка експертска група, која вклучува и меѓународни експерти со кои често соработуваме, дојдовме до заклучок дека навистина нема многу време до 24-ти април. Технички и стручно гледано, не веруваме дека има услови тие да се спроведат квалитетно....