Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 202 Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ и понатаму опасна по безбедноста на пешаците. И покрај безбројните ветувања од надлежните, веќе десеттина години семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Тие бараат под итно да се пуштат семафорите во функција.Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека...
Нов советник и нови координатори во советот на општината
Post Views: 200 Виолета Мицкоска е новиот член во советот на Општина Охрид. Таа доаѓа од редовите на СДСМ и е на местото на Томислав Тунтев кој беше разрешен поради верификација на неговиот пратенички мандат. Инаку, Мицкоска беше и во претходниот состав на советот на општината. Денес беа назначени и новите координатотри на советничките групи. Илија Арнаудоски од ВМРО ДПМНЕ ќе биде гласноговорникот на владејачкото мнозинство во советот. А кај опозиционерите оваа функција ќе ја извршува носителот на листа на СДСМ, проф. д-р Јован Стојаноски. Арнаудоски доаѓа на местото на Сашо Донев...
Oваa локална власт ја повтори грешката од минатото, обвинува Станкоски
Post Views: 191 Изгласани најинтересните точки од дневниот ред на продолжението на дваесет и третата седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП„ Билјанини извори“ за усвојување на физибилити студија“ и „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“ кренаа најголема прашина и отворија голем број дискусии. Јоне Станкоски...
Ќе се брендира охридскиот чамец
Post Views: 478 Ќе се брендира охридскиот чамец. Ова е идеја на Охридската капетанија која се планира да се реализира наесен откога ќе заврши туристичката сезона. Капетанот Горан Устијаноски вели дека охридскиот чамец или како што охриѓани го викаат кајче има свои специфики по кои е препознатлив и поради што тешко кој друг освен охридските мајстори може да го изработи.–Охридскиот чамец не е автохтон. Тој е донесен од Холандија, но во Охрид се развиле такви мајстори кои во неговата изработка оделе до такви детали поради што чамецот заслужува да остане онаков каков што е засекогаш,...
Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух
Post Views: 201 Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух. Тие успешно ја завршија обуката за комуникација со глуви и наглуви лица која ја спроведе националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Обуката била многу интересна и корисна и за фармацевтите и за глувите лица.–Досега лицата со оштетен слух навистина има проблем. Тие ќе му ја дадеа рецептата на апотекарот и тој ќе им го дадеше бараниот лек но не можеше да се воспостави една подобра комуникација. Не можеа да прашаат...
Батериска ламба
Post Views: 190 Граѓаните кои живеат на дел од улицата „Прва македонска ударна бригада“ пред да излезат навечер надвор од своите домови обавезно си земаат батериска ламба. Оваа сообраќајница е опасна по живот бидејќи по неа се движат голем број возила, нема тротоар, а нема и улично осветлување. Ако жителите сами не си го осветлат патот не им се гледа прст пред око. Неколкуте бандери на кои се поставени светилките кои се прегорени се дополнителен проблем бидејќи се наоѓаат на самиот коловоз. И учениците кои учат во ОУ “Христо Узунов“ кога се попладне нашколо мора дома да си одат...
Без радио станица нема пловење
Post Views: 207 Сопствениците на пловилата со посилен мотор од 20 киловолти кои имаат подрачје на пловидба повеќе од една наутичка миља одалеченост од брегот, имаат уште половина месец да си набават опрема која им ја налага новиот правилник за пловидба. Покрај тоа што мораат да имаат аларм за високо ниво на вода во потпалубата, електрична пумпа за празнење на вода, рачна пумпа за празнење на вода од чамецот, обврзен елемент во самата опрема станува и ВХФ радио станица. –Со тоа ќе се подобри комуникацијата и ќе се подобри преносот на информациите од капетанија према учесниците...
Дипломира првата генерација на Универзитетот „ Свети Апостол Павле“
Post Views: 174 Триесеттина студенти од првата генерација дипломци при Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, денес ги доби своите дипломи. Ректорот на универзитетот Проф. Д-р Нинослав Марина рече дека е среќен што заврши оваа прва генерација и додаде дека тие ќе бидат квалитетен кадар бидејќи ова е единствениот универзитет во регионот кој дава образование на англиски јазик, а воедно е специјализиран за информатички науки и технологии. Фактот што на „Св. Апостол Павле“ доаѓаат да предаваат професори од познати високообразовни институции од светот...
Кој ќе биде бројот на новите студенти во Охрид
Post Views: 186 Министерството за образование ги објави квотите за запишување студенти во новата студиска година 2014-2015. На ФТУ и на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле веќе се знае првичниот број на идните студенти. Деканот на ФТУ, Сашо Коруновски вели дека оваа година на нивната високообразовна институција одобрено е да се запишат 215 студенти или педесеттина помалку од лани. Тоа се должи на укинувањето на студиската прогрма за менаџмент во услужен сектор, која била отворена минатата година. Коруновски објаснува дека тие ќе ги вложат сите напори...
Охрид го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Post Views: 176 Со положување цвеќе пред споменикот на ослободителите на Охрид денеска официјално беше одбележан 9-ти мај – Денот на победата над фашизмот. Цвеќе положија делегација на Локалната самоуправа, преставници на Советот на Општина Охрид, преставници на ОО на СДСМ и на ОО на Сојузот на борци за Охрид и Дебарца. Делегација на Сојузот денес положи цвеќе и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ „Кременатец“ во месноста Рашанец во Дебрца. Заменик градоначалникот Ангел Јанев уште еднаш потсети на значењето на овој светол ден кога со потпишувањето на безусловна капитулација...
Азбестни покриви над главите на нашите ученици
Post Views: 236 Децата сеуште учат под азбестни покриви. Речиси сите основни училишта во градов се покриени со азбестни плочи кои не се променети со децении. Знаејќи ги штетните последици од азбестот кој е радиоактивен материјал ова е податок кој сите сериозно треба да не загрижи. Во основното училиште „Григор Прличев“ директорката Силвија Мојсоска вели дека и двете згради се покриени со азбест. Постарата зграда е од 1959 год. И тогаш покривот бил направен со азбестни плочи. И после реконструкцијата која била направена во меѓувреме тие не биле отстранети. И новата зграда која е...
Внимавајте, почна сезоната на крлежите
Post Views: 253 Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог.–Ми се закачи крлеж и отидов на лекар па интервенираа. Многу непријатна случка. Сега многу внимавам кога се движам каде што има високи треви, вели еден наш сограѓанин.–Крлежите ги има по тревата ама и од милениците. Тие што имаат кучиња и мачки треба да водат сметка за нив, вели една охриѓанка.Лекарите објаснуваат...