Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта

Post Views: 7   ЈП „Билјанини извори“ ќе се грижи за детското игралиште во близина на каналот Студенчишта.  Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Причина за ваквата одлука е што ова детско катче после цели 11 години пред десет дена целосно е реконструирано, адаптирано и проширено, со помош на средства во висина од 8.000 евра доделени од амбасадата на СР Германија. Проектот е реализиран во соработка со Локалната самоуправа, од Охрид. Општината сакајќи да го зачува во добра состојба му одреди стопан.Генералниот став на локалната е за одредени добра во градов  да има...

Продолжи со читање

Општина Охрид по четврти пат ќе го покрие долгот што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија

Post Views: 5 Општина Охрид ќе го покрие долгот во висина од околу 300 000 ден. што ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија. Ова беше одлучено на денешната седница на Совет. Градските избраници по четврти пат носат ваква одлука откога пред три години ЕВН му ја исклучи струјата на ова училиште поради неплатен долг. Причина за тоа е блокираната сметка на школото поради спорот кој веќе години наназад го води со физички лица кои се сопственици на дел од дворот на училиштето.Уште при носењето на првата одлука од страна на градоначалникот беше ветено  дека проблемот со...

Продолжи со читање

Сопствениците на менувачниците и златарите на средба со преставници од СВР

Post Views: 8 Васил Маркоски, сопственикот на менувачницата „Васко М“ која неодамна беше цел на крадци, денес заедно со остнатите сопственици на менувачници и на златари од Охрид, на заедничка средба со полицијата. Маркоски раскажа за неговиот случај кога во менувачницата на сред бел ден било извршено разбојништво, а неговата сопруга која се наоѓала на благајната била преплашена. За среќа тој навреме интервенирал па крадците избегале без плен. Со полицијата соработката треба да биде на едно повисоко ниво и службениците да се поприсутни во чаршијата и тоа во униформи а не во...

Продолжи со читање

Новиот директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со полни раце работа

Post Views: 9 Новиот директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски со полни раце работа. За овој неполн месец од кога е поставен на оваа функција во оваа институција се направи внатрешна реорганизација како во програмското оделение  така и во народниот театар. Изготвени се акт за внатрешна организација  и за внатрешна систематизација и сето тоа веќе е поминато во Министерството за култура.Во иднина сите овие луѓе кои работат во администрација ќе си ги добијат соодветните места. Намерата ми е убаво внатрешно да се распопредат за да можат да се постигнат...

Продолжи со читање

Се зголемува бројот на заболени од грип

Post Views: 8 Во Охрид расте бројот на заболени од грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека допочетокот на 2016та година бројот на заболени бил многу мал. Имало по 10 до 15 случаи неделно. Во текот на првата недела од оваа година биле регистрирани 45 нови случаи, а втората недела се зголемил на 69. Моментално бројката на заболени од грип кои се пријавени во центарот е 103.Се очекуваше вакво зголемување на бројот на заболени од грип  посебно тоа е карактеристично за јануари и, а посебно за февруари кога е шпицот на ова заболување. Посебен проблем преставуваат променливите...

Продолжи со читање

ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица

Post Views: 4 ВМРО НП категорично против изградбата на експресниот пат на Галичица. Според нив овој проект е само уште еден обид на моќниците од ВМРО-ДПМНЕ, на неуставен и противправен начин да се стекнат со имот кој е во сопственост на РМ, на граѓаните или на МПЦ и тоа имот кој е дел од најатрактивните крајбрежни зони на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица. Изградбата на експресниот пат и ски центарот на Галичица се само параван зад кој се кријат лични интертеси на локални и државни моѓници кои имаат за цел да се изградат четирите најавени хотели кај автокампот...

Продолжи со читање

Кривична пријава против струшкиот градоначалник Зијадин Села

Post Views: 8   Кривична пријава против струшкиот градоначалник Зијадин Села. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава протоив него и уште тројца други.  За ова дело се товарат и Р.Х., раководител на секторот за урбанизам при општина Струга, Ѓ.Д., претседател на Комисијата за легализација на бесправно изградени објекти при Општина Струга и В.Л.А., директор на Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура. Градоначалникот на општина Струга и одговорно...

Продолжи со читање

Охриѓани го прославија Денот на Рибарите

Post Views: 5   Охриѓани го прославија Денот на Рибарите. На култното место Сараиште каде се празнувал од памтивек, со староградските песни на групата Билјана јуниор, со рибната чорба која ја подготвија учениците од СОУ „Ванчо Питошески“, традиционалната пача направена од студентите на гастрономската насока на ФТУ, вино и топла ракија,  уживаа граѓаните кои пристигнаа во голем број од сите краеви на државава, па и од странство. Овој настан подеднакво е интересен и за најмладите, но и за повозрасните генерации.Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека Денот на рибарите е еден...

Продолжи со читање