Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 5 Петар Рупески по трет пат најсреќен меѓу стотината верници кои денеска скокаа по Светиот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј. Дваесет и шестгодишниот варошанец последен пат го фати крстот пред две години кога посака среќа во животот и вработување.Чуството е како прв пат да го фаќам крстот, секогаш е посебно, пресреќен сум што и годинава бев благословен од бога. Иако е многу ладно многу ми е топло во душава. Нема никакви посебни подготовки зџа овој чин. Крстот ќе го фати оној кој е...
Локалната самоуправа додели 50 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид
Post Views: 6 Локалната самоуправа додели 50 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид. Ова веќе е традиционална активност која се спроведува на 18ти јануари, ден спроти големиот христијански празник Богојавление- Водици. Пакетите содржат прехранбени производи и средства за лична хигиена кои се неопходни во секојдневното живеење.Со оваа хуманитарна акција ние само за миг им помагаме на граѓаните од ранливите категории. Сакаме и тие барем малку да ја почуствуваат топлината на празниците. Заедно со Црвен крст и понатаму ќе спроведуваме вакви акции во текот на целата...
Основното училиште „Христо Узунов“ интензивно се подготвува за новиот старт
Post Views: 7 Основното училиште „Христо Узунов“ интензивно се подготвува за почетокот на второто полугодие. Секојдневно се вршат технички зафати во училишната зграда. Денес се вршеше препокривање на дел од кровот бидејќи во една училница прокиснуваше. Се чистеја и парните котли. Директорот на училиштето, Тони Симоноски вели дека тоа е редовна активност која ја прават еднаш месечно. На реакциите од некои родители дека во текот на првото полугодие еден од парните котли бил расипан, а другиот работел со намален капацитет па во училиштето било прилично ладно, директорот со...
Охрид ќе добие нов театар
Post Views: 7 Охрид ќе добие нов театар. Од Министерството за култура најавуваат дека тој ќе биде изграден по сите стандарди за еден современ и луксузен театар кој ќе ја врати театарската традиција во градов. Театарот ќе се гради на местото на сегашниот Центар за култура, а покрај театар во просториите е планирано да биде сместена и современа кино сала.Во текот на оваа недела министерството ќе објави конкурс за идејно решение за изградба на театарот. Ги очекуваме идејните решенија кои од кога ќе заврши конкурсот ќе бидат отворени и разгледани, рече министерката за култура...
Во Охрид расте бројот на заболени од грип
Post Views: 7 Во Охрид расте бројот на заболени од грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека во текот на претходната недела биле регистрирани 45 нови случаи, а претходно имало само 10 до 15 неделно. Оваа бројка се должи на зголемената фрекфенција во градов за време на празниците со што се зголемуваат и можностите за пренесување на ова заразно заболување. Од Центарот кажуваат дека за сезоната на грип 2015-2016та набавиле 3000 вакцини и речиси сите се веќе потрошени. Има уште педесетина за сите оние кои сеуште сакаат да се вакцинираат.Сите мислат дека после нова година не е...
Субвенционирањето на станоиздавачите од мал обем оди по зацртаниот план
Post Views: 8 Субвенционирањето на станоиздавачите од мал обем оди по зацртаниот план. Веќе втора година по ред според програмата на Секторот ТЛЕР сите станоиздавачи кои се уредно пријавени и регистрирани во регистерот на станоиздавачи од мал обем во Општина Охрид по завршувањето на двата периоди од јануари до јули и од јули до декември можат да аплицираат за субвенционирање на 50% од туристичката такса која ја уплатиле во претходните шест месеци.Сметам дека како идеја е добра . Ние веќе во изминативе три шестмесечија имаме исплатено околу 7000 евра. Тоа можеби не е некоја...
Охрид подготвен за првиот снег
Post Views: 6 Снегот го заобиколи Охрид. Барем засега во градот не се очекуваат врнежи од снег, велат од Управата за хидрометереолошки работи. Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од дожд, а само на околните планини ќе врне снег. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 6 степени Целзиусови, информираат од УХМР. Облачно и врнежливо време ќе имаме и во наредните денови. Минималната температура ќе се движи помеѓу -2 до 6, а дневната од 3 до 12 степени. Од ЈП „Комуналец“ велат дека иако не се очекуваат врнежи од снег тие се подготвени...
Се подобруваат условите во градов и во државава за лицата со оштетен слух
Post Views: 4 Полека, но сигурно се подобруваат условите во градов и во државава за лицата со оштетен слух. Во охридското здружение на глуви и наглуви лица има околу 150 членови од кои неколку се малолетни лица. Двајца од нив се во основно образование, двајца се средношколци едн апсолвент,а има и едно 4 годишно дете кое оди на подготвителна настава во училиштето во Битола за деца со оштетен слух. Според сегашните законски решенија родителите се тие кои одлучуваат каде ќе се школуваат нивните деца, дали ќе посетуваат некое специјализирано училиште или пак ќе следат настава во...