Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 265 На ФТУ ќе се гради ботаничка градина. Ова е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина.–Во таа ботаничка градина планираме да има зачини и лековити билки, а еден мал дел ќе биде оставен за органско производство. На тој начин...
Кузески:одговорните лица во ДПМНЕ даваа лажни ветувања за здравствените услуги
Post Views: 275 Непосредно пред вонредните парламентарни избори, одговорните во општата болницата се пофалија дека купиле најсoфистициран 4Д ултразвучен апарат за ран скрининг на плодот. Нека и објаснат сега на јавноста кој гинеколог е сертифициран за таков ран скрининг на плодот и каде се вршат таквите прегледи, кажа портпаролот Александар Кузески на пресот на ОО на СДСМ. Кон средината на септември минатата година истиот тој менаџмент на охридската општа болница изјави дека е направена првата лапароскопија во Охрид – ги прашуваме: колку лапароскопии се направена оттогаш во...
Заштитата на Охридското Езеро, приоритет на ВМРО НП
Post Views: 256 Заштитата на Охридското Езеро и ревитализацијата на Студеничишкото блато е можно само во време кога Македонија ќе го потпише Договорот за датум за челенство во Европската унија,рече кандидатот за пратеник, Владо Цветкоски на денешната пресс конференција на ВМРО НП . Тој потсети дека во времето кога Љубчо Георгиевски беше премиер на Република Македонија се реализира проектот за заштита на Охридското Езеро во вреЗаштитата на Охридското Езеродност од 20 милиони Г. марки односно во вредност од 10 милиони Евра. Цветкоски ги обелодени нивните планови за решавање на...
Охрид под снег
Post Views: 300 Снег на средината од април. Е овој снег навистина не изненади. Граѓаните кои забрзано се подготвуваат за најголемиот христијански празник-Велигден за кој вообичаено имаме убаво сончево време, изненадено велат дека според времето надвор како да доаѓа Божик. Снегот што од синоќа паѓа во поголемиот дел од западна Македонија формира покривка која на повискоите места достигна и до 40 сантимети. Во Охрид снегот не се задржува, меѓутоа снежна покривка и до 15 сантиметри е забележана во околните села и на повисоките места. Охриѓани загрижени за сопственото здравје поради...
Танасоски: „Богат и достоинствен народ е предуслов за просперитетна и безбедна држава“
Post Views: 295 Платформата на која се темели политичката програма на СДСМ, поаѓа од предизвиците со кои се соочува државата, и нуди реални, остварливи концепти кои можат да донесат позитивни промени за нов почеток, рече кандидатот за пратеник од СДСМ, Ѓоко Танасоски. Тој наброја дел од мерките содржани во програмата на СДСМ кои ќе ги реализирааат доколку ја добијат довербата на народот. 0% персонален данок за земјоделците, враќање на 15% од ДДВ на секој граѓанин,намалување на персоналниот данок од 10% на 9%, за 40% повисока социјална помош, намалување на глоби/казни за најмалку...
Многу проекти и подобра иднина за Охрид, вети Груевски
Post Views: 279 Вие ништо не му должите на ВМРО ДПМНЕ. Наша обврска е да создадеме подобри услови за живот, им се обрати синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на сите присутни на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“ каде ВМРО ДПМНЕ заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува митингот за предвремените парламентарни избори. Тој рече дека народот знае да направи разлика па затоа во првиот круг на претседателските избори со толкава предност водел нивниот кандидат за претседател, Ѓорѓе Иванов.–Уште еднаш се казнети оние кои во својата политичка...
За Велигден наместо јагнешко свинско на трпезите
Post Views: 371 Охриѓани забрзано се подготвуваат за престојните велигденски празници. Овој најголем христијански празник се карактеризира со богата трпеза, со јагнешко и со вапцани јајца. Но, длабочината на џебот на граѓаните за жал не дозволува еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство. Производителите на јајца велат дека и покрај нискиот стандард граѓаните купуваат. Цените се движат од 100 па се до 200 денари по шаблон и се многу пониски од минатата година.-Не е лошо, се троши, годинава е многу поефтино па повеќе се купува, вели еден од производителите на...
Еколошка ознака на туристичките услуги
Post Views: 252 Претставниците на туристичкичко- угосителскиот еснаф од Охрид и пошироко денес се обучуваа како да добијат еколошка ознака на туристичките услуги. Со воведувањето на еколошки означени туристички услуги, во чија основа лежи одржливиот развој на туризмот носителите на еколошката ознака ќе имаат повисок рејтинг, подобар имиџ и ќе се поконкурентни на пазарот- рече заменик- градоначалникот Ангел Јанев. Овие обуки беа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина.-Еколошкото означување не е цел само...
Инвестиција тешка 15 милиони евра ќе влезе во охридскиот регион
Post Views: 265 Првпат после 24 години во Охрид и охридскиот регион после период на масовно затварање на стопанските и индустриските капацитети и масовни испуштања од работа, ќе се отвори стопански капацитет во Охрид во кој ќе се вработат 1000 луѓе, рече на денешната пресс конференција Градоначалникот Никола Бакрачески. Оваа изјава е само потврда на вчерашната најава на премиерот Никола Груески дека германската компанија ODW ELEKTRIK планира да гради фабрика во Охридско-струшкиот регион. Инвестицијата ќе чини над 15 милиони евра. –Планирано е во текот на наредните...
Oтчетот на градоначалникот дежаву, обвинуваат од ОО на СДСМ
Post Views: 306 Ситните сработени работи како крпење на некоја дупка по улиците или поплочување на некој квадрат земја а презентирајќи дека е плоштад е само уште една манипулација дека нешто сработивте од тоа што ветивте, обвини на денешната пресс конференција Христина Гоговска. Од СДСМ потенцираат дека многу од работите кои се споменати во отчетот на Градоначалникот ја навредуваат интелигенцијата на луѓето и дека отчетот е дежаву за разлика од нивната програма која предвидува конкретни и реални проекти во три столба.–Со првиот предвидуваме да ја вратиме средната класа (да...
СДСМ бара ТВ дуел
Post Views: 247 Томислав Тунтев, кандидатот за пратеник од СДСМ во врска со обвинувањара од ВМРО ДПМНЕ во два наврати упатени на негова адреса кажа дека ДПМНЕ од Охрид никогаш не научило дека нормативната власт во општината – Советот, нема никаква врска со реализацијата на активностите од страна на извршната општинска власт – градоначалникот и стручните служби од локалната самоуправа. Тој додаде дека изречените лаги за него дошле од советничката на ДПМНЕ Дамоска – Секулоска, која точно знаела кои се ингеренциите на советниците, на градоначалникот, а кои на...
„Три рефлексии на погледот“
Post Views: 242 Повеќегодишниот труд на професионалниот фотограф Зоран Велјаноски-Лертра ставен во книгата „Три рефлексии на погледот“. Ова дело денес беше јавно преставено пред охридските новинари со цел оваа промоција да се совпадне со Деновите на саемот на книгата. Летра објаснува дека трите рефлексии се однесуваат на езерото, културно- историските споменици, и погледот на светот. На почетокот на книгата се наоѓаат фотографии на кои се овековечени дрва кои сега веќе се пресечени.–Смислата на уметноста и на фотографијата е всушност и смислата на животот на еден уметник...