Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

ТЛЕР бара начин како да им помогне на станоиздавачите од мал обем

Post Views: 8 Секторот за локален економски развој бара начин како да им помогне на станоиздавачите од мал обем поради проблемот кој се јави по имплементацијата на Законот за угостителска дејност со кој се оневозможени да издаваат решенија или да им ги продолжат старите решенија на сите станоиздавачи во колективните станбени згради, односно оние кои се наоѓаат под еден покрив. Неодамна ТЛЕР организираше јавна расправа на која беа присутни и хотелиери и приватни станоиздавачи и законодавците. На јавната расправа биле донесени неколку заклучоци, а пред се целта била да се изнајде...

Продолжи со читање

Се обучуваат водичи за на планина

Post Views: 4   Се создаваат услови за развој на авантуристичкиот и планинскиот туризам во Македонија, но и во Охрид.15 млади лица се обучуваат за да станат професионални интернационални водичи во планина. Обуката ја организира Македонската асоцијација на интернационални водичи.Обуката ја вршиме по меѓународни критериуми  и по највисоки стандарди и јас сум убеден дека оваа генерација  ќе биде една од подобрите  што излегле од нашата организација, вели Антонио Додевски, генералниот секретар на  на македонската асоцијација на интернационални водичи.Нашите планини нудат идеални...

Продолжи со читање

Млад охриѓанец го загуби животот во физичка пресметка што синоќа се случи во кафе барот „Табана“

Post Views: 4 Црн биланс по новогодишната ноќ во Охрид. Едно лице го загуби животот во тепачка што синоќа се случи во кафе барот „Табана“.Димитар М. (27) од Охрид, им подлегна на повредите во општата болница во Охрид, откако претходно пред  кафе барот „Табана“ бил физички нападнат од еден државјанин на Република Србија кој на сега починатиот на плочникот од улицата пред влезот на кафе барот му нанел повеќе удари со раце и нозе по главата и телото. На овој напад, му претходела жестока вербална расправија помеѓу две групи во кои од една страна бил сега починатиот Димитар и уште...

Продолжи со читање

Се размислува Охрид да добие парк за авантури

Post Views: 4 Дали Охрид ќе добие парк за авантури? Ова е една од идеите, на која ТЛЕР работи веќе една година, со која би можело да се аплицира во ИПА фондовите наредната година. Во тек е  изготвувањето на идејното решение за изградба на ваков парк, а истото ќе го  работи една реномирана словенска компанија која има проектирано вакви авантуристички паркови во повеќе европски градови. Претставници на локалната со членови на компанијата посетиле неколку локации во градов каде би можел да биде направен паркот.Ваквиот проект воопшто нема да  и наштети на околината и може многу...

Продолжи со читање

Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид ја одбележа својата 60 годишнина

Post Views: 7 Лицата со оштетен слух и глувите лица во годинава што изминува после долгогодишна борба успеаја да се изборат  за остварување на правото на глувост. Секое лице кое има оштетување на слухот над 80 децибели доби право на паричен надомест од 4000 ден. Славица Стефаноска, претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид вели дека ова има големо значење за лицата кои живеат во светот на тишината.Овој надомест не е многу но ќе го збогати буџетот на овие лица. Тие сите се работоспособни и имаат свои примања, но ова ќе придонесе за еден поквалитетен живот и...

Продолжи со читање

Од синоќа започна предновогодишната програма во градов

Post Views: 16 Градоначалникот Никола Бакрачески ја обелодени програмата за предновогодишните и новогодишните празници.  За дочекoт на Новата 2016-та година охриѓани и гостите ќе ги забавуваат групата „Компас бенд“,  охриѓанецот Боби Мојсоски, музичката ѕвезда Викторија Лоба, охридски ди џеј  и ансамблот „Билјана Јуниор“.Градоначалникот очекува за новогодишната ноќ плоштадот да биде исполнет со гости, а ветува одлична празнична забава.Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи,...

Продолжи со читање

реиран нов туристички производ од областа на планинскиот туризам

Post Views: 8 Креиран нов туристички производ од областа на планинскиот туризам. BALKAN HIKING ADVENTURE е создаден во текот на 2015та година со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, преку сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија со цел поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион. Се состои од 37 креирани и обележани планинарски патеки на Шар Планина, Бистра, Дешат, Крчин, Стогово, Јабланица, Галичица и Баба од кои 8 патеки се транснационални.Овие региони според...

Продолжи со читање

Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните и божиќните празници

Post Views: 4   Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните и божиќните празници. Хотелиерите велат дека најголем дел од гостите се од соседните земји и тоа од Србија и Бугарија. Цените за тридневен аранжман се движат од 110 до 150 евра по лице. Од хотелите Метропол и Белви велат дека многу се задоволни од продажбата на аранжманите во овој хотелски комплекс. Кај нив капацитетите се исполнети речиси 100% и тридневен аранжман чини 149 евра. Интензивно се подготвуваат за гостите од соседна Грција кои имаат резервирано за католички божик кој е на 25ти...

Продолжи со читање