Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Од ОО на СДСМ обвинуваат дека ВМРО ДПМНЕ им се заканува на вработените во јавната администрација

Post Views: 163 Вработени во јавната администрација и здравствени и образовни институции во Охрид приморани и уценети од партиското раководство на ВМРО ДПМНЕ да носат сигурни гласачи на престојните избори, обвинуваат од ОО на СДСМ. Од таму велат граѓаните да не се чудат доколку на роденден, слава, визита или на кафе им се појават на врата новопримени наставници, професори, негователки, лекари, медицински сестри или службеници од локалната самоуправа или од јавните претпријатија, кои го нудат отчетот на Ѓорге Иванов или агитираат за ВМРО. Додаваат дека тие не по нивна вина се приморани...

Продолжи со читање

Централната градинка „Јасна Ристеска“ ќе се реконструира

Post Views: 169 Централната градинка „Јасна Ристеска“ ќе се реконструира со пари од Светска банка. Директорката на градинаката Розе Костоска вели дека централниот објект ќе биде реновиран комплетно и дека за тоа ја имаат целокупната потребна докумнтација. –Ќе се менува покривната конструкција, санитарните јазли, надворешната и внатрешната дограма и фасадата со што градинката ќе добие нов, современ и поефикасен лик. Ќе се менува и електричната инсталација која во многу случаи знае да ни направи проблем, вели директорката. За останатите три објекти во тек е подготовката на проектната...

Продолжи со читање

Охридскиот регион ќе биде големо градилиште

Post Views: 203 Носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во петтата изборна единица Антонио Милошоски денес во посета на Охрид. Тој на пресс конференцијата покрај тоа што зборуваше за 2046те нови проекти кои ќе овозможат 64 илјади нови вработувања во Македонија најави дека охридскиот регион ќе биде едно големо градилиште во текот на наредните четири години.–Охрид и Охридско во наредните 4 години ќе биде едно големо градилиште како што не било во последните 50 години. Тоа градилиште ќе почне со автопатот – Кичево-Дебрца-Охрид,...

Продолжи со читање

Започна решавањето на статусот на волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 176 Започна решавањето на статусот на волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“. Директорката Розе Костоска вели дека од септември минатата година за потребите на оваа детска установа биле ангажирани 30 работници преку агенцијата за времени вработувања. Откога во јануари агенцијата ја изгубила лиценцата и згаснала работниците биле ангажирани на волонтерска основа. Од вчера започна постапката за повторно нивно времено вработување.–Ние имаме реална потреба од овие работници, дури и за повеќе од оваа бројка, но средствата моментално се тие па дел од волонтерите ќе...

Продолжи со читање

Промотивна тура „ Охрид 2014 “

Post Views: 316 Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На оваа тура присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово кои во наредните два дена ќе  ги посетат хотелските капацитети во градов, културно-историските знаменитости, формите на алтернативен туризам, руралните средини, планината Галичица, Заливот на коските, клубот за параглајдинг и др. -Јас верувам дека оваа година како пилот проект ќе успее но ќе има и конкретен...

Продолжи со читање

Предложениот модел со студијата најприфатлив, тврдат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 173 Kако Одлука на совет која претходно беше изгласана и од советничката група на СДСМ преку ноќ беспредметно се критикувa, се прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ, во врска со изнесените наводи на пресот на СДСМ за изгласаната физибилити студија за изградба на затворен градски пазар. Добро е што СДСМ низ наводни критики всушност  ги промовира капиталните проекти на ВМРО ДПМНЕ, кажа Јованка Дамоска Секулоска. Партијата која што осум години не успеа да направи никаков јавен објект вклучувајќи и затворен пазар кој ќе служи за интересот и потребите на граѓаните на Охрид, денес критикува...

Продолжи со читање

Детската литература во Македонија на работ на опстанокот

Post Views: 194 Во Македонија речиси и да нема писатели за детска литература. Денес на меѓународниот ден на книга за деца и млади уште еднаш на виделина излегоа сите проблеми со кои се соочуваат книжевните работници. Писателот и поет Тоде Илиевски кој зад себе има четири книги за деца вели дека Македонија сеуште не е влезена во меѓународната организација на Светскиот совет на детската книга и покрај неговите долгогодишни заложби. Тој додава дека државава долги години наназад не размислува за детско издаваштво–Имам 62 години а спаѓам во најмладите писатели за деца во Македонија....

Продолжи со читање

Денешниот дневен ред на седницата на градскиот совет остана покус за една точка

Post Views: 169 Одложена една од најинтересните точки од дневниот ред на дваесет и втората седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“, беше тргната на барање на секретарот на општината Димитар Спасески. Причина, изготвувачите на физибилити студијата кои требало да пристигнат од Скопје не стигнале поради дефект на возилото. За опозицијата ова...

Продолжи со читање

Галичица се попривлечна за посетителите

Post Views: 188 Галичица се попривлечна за посетителите. Нивниот број во последниот период е во пораст за 5 до 10%.  На главните влезови во националниот парк поставени се дигитални бројачи кои ги евидентираат возилата, пешаците, велосипедистите. Во тек е обработување на податоците за минатата година. –Секојдневно пристигнуваат барања за групна или индивидуална посета на паркот. Паркот стана препознатлива туристичка понуда. Ги обележавме и пешачките патеки во должина од 50 километри кои се наменети за пешачење од неколку категории, вели Номче Новески-ЈУНП „Галичица“.Природните...

Продолжи со читање

Кој ги уништува клупите во градов

Post Views: 171   Настрадаа клупите во стариот дел од градот. Патниците намерници нема каде да седнат да се одморат зошто од клупите останата е само металната конструкција. На ваквиот вандалски чин посебно реагираат повозрасните бидејќи после напорното искачување по варошките стрмни улички, клупите им беа благословено место за починка.–Јас кривицата за ваквата појава прво би ја нашла во родителите, а после во децата. Многупати родителите гледаат како нивното дете прави штета и воопшто не реагираат. Значи прво треба да се развие свеста кај возрасните, вели една револтирана граѓанка.Од...

Продолжи со читање

Паркинзите повторно ги разбрануваа политичките страсти

Post Views: 169 На седницата на совет која е закажана за во вторник помеѓу точките на дневен ред се најде и „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“. Оваа точка се искористи како погоден терен за прибирање политички поени. Партиите од опозицијата обвинуваат дека за она за што пред две години се фрлало со дрва и камења по претходната Локална власт која ги дала паркинзите...

Продолжи со читање

Националниот парк „Галичица“ опожарен

Post Views: 420 Националниот парк „Галичица“ опожарен. Само за четири дена овој месец во паркот се случиле два пожари. Првиот, кој зафатил површина од два хектари се случил на 20-ти март, кажа Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во НП „Галичица“ . Направен е увид на лице место и веќе се претпоставува  кои се сторителите на овие казнени дела, велат од  управата на паркот. Целокупната документација е испратена до органите на прогонот.–Според првите индиции од терен и разгледувањето на местото на пожарот се гледа дека станува збор за намерно палење. Според наши искуства,...

Продолжи со читање