Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Се крои буџетот на општината за 2016

Post Views: 5 Се крои буџетот на општината за 2016та. Граѓани, невладини организации и здруженија активно партиципираат во креирањето на програмите за работа на Локалната самоуправа. Денес се одржа јавна дебата за нацрт програмите и нацрт буџетот за 2016та. Секретарот на општината Димитар Спасески вели дека оваа постапка е согласно законската регулатива, но и начинот на работа на Локалната која се залага за транспарентност кон граѓаните. Многу добро функцонира овој модел на комуникација со граѓаните бидејќи многу нивни проблеми и потреби се доставуваат до нас или јавно се...

Продолжи со читање

„Зимска бајка“ во Охрид

Post Views: 4 Охрид ќе биде дел од зимска бајка. Главни актери во оваа предновогодишна забава на која ќе се изведуваат безвременските македонски евергрини ќе се Емилија Маринова – вокал и пијано, Јован Куциноски – вокал, Горан Папаз – саксофон, Филип Стојковски Зизи – тапани, Јане Тодороски – бас и Јован Бочвароски – гитара. Уметниците веќе интензивно се подготвуваат за на охриѓани да им приредат една незаборавна вечер исполнета со празнична магија. Настанот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ и ќе биде посебен по многу...

Продолжи со читање

Охрид конечно ќе добие софистицирани јавни тоалети

Post Views: 5 Охрид конечно ќе добие софистицирани јавни тоалети. Еден од проектите на Југозападниот плански регион е токму овој со кој веќе аплицирале за добивање средства од европските фондови. Јавните тоалети ќе бидат поставени како урбана опрема, а со истиот проект се опфатени и Струга, Вевчани, Дебар и Кичево. Тоалетите ќе бидат изработени од најквалитетен материјал.Тоалетите сами ќе се чистат, тие ќе бидат како една мини пречистителна станица. Во Охрид ќе бидат поставени на две локации и тоа по три тоалети. Еден  машки еден женски и еден наменет за лицата со посебни...

Продолжи со читање

Охрид му оддаде почит на заштитникот на градот, Св. Климент Охридски

Post Views: 5   Охрид му оддаде почит на заштитникот на градот, Св. Климент Охридски. Со свечена академија што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“ завршија овогодинешните чествувања посветени на патронот на градов. Со изведбата на химната за Свети Климент од Димитар Масески  од страна на хорот при ОСУ Св. „Климент Охридски„ беше поздравена бројната публика, претставници од јавниот и политичкиот живот и гости од земјава и странство кои беа присутни на академијата. Свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој рече дека тука сме за да го чествуваме...

Продолжи со читање

Каква забава ги очекува охриѓани и гостите за Новогодишните празници

Post Views: 7 Каква забава ги очекува охриѓани и гостите за Новогодишните празници. Ова прашање деновиве се повеќе се поставува. Интересот е голем околу тоа дали ќе има организиран дочек на новата година на градскиот плоштад и која музичка ѕвезда ќе ја загрева атмосферата. Се споменува името на балканската дива Каљопи, но сеуште не се знае дали охридскиот буџет ќе може да го покрие нејзиниот поприлично голем хонорар . Првиот човек на градов, Никола Бакрачески не открива многу детали околу програмата за новогодишните празници.Програмата сеуште не е готова, се работи во одделот...

Продолжи со читање

Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ и основното училиште „ Св. Климент Охридски“го одбележаа патрониот празник

Post Views: 5   Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. Оваа најстара образовна институција во градов која веќе 100тина години продуцира квалитетни кадри, синоќа со посебна програма му оддаде почит на светецот чие име го носи. Директорот на Гимназијата Ѕвонко Трпески рече дека името и делото на Св. Климент е вонвременско и дека голема чест, но и одговорност преставува залагањето да се оправда истото.Ние ја градиме иднината врз темелите на минатото, а при тоа го зачувуваме највредното и најскапоценото во овие времиња кои не ставаат на...

Продолжи со читање

Докторите и пациентите во општата болница во Охрид тврдат дека во болницата нема греење

Post Views: 6 Некои од вработените во охридската Општа болница деновиве реагираа преку социјалните мрежи дека во болницата нема греење. На овие коментари се приклучија и некои пациенти кои биле на одделенијата во оваа здравствена установа потврдувајќи дека во болницата навистина е ладно. На некои одделенија пациентите си носеле кварцни печки од дома колку да замлачат малку во болничките соби.  Директорот на болницата Д-р Љубен Арнаудов објаснува дека тие се трудат во рамките на нивните можности да обезбедат греење во болницата потенцирајќи дека системот е стар и дотраен и дека...

Продолжи со читање

Охриѓани „засадија успех“

Post Views: 4 Охриѓани засадија успех. Ученици, административци, јавни претпријатија, пензионери се приклучија на 16-та по ред акција „Ден на дрвото“ која се одржа под мотото „Засади успех“. Во Охрид се садеше на повеќе локации и тоа на влезот во градот каде беа засадени 50 садници јапонски багрем ,  на магистралниот пат Охрид Св. Наум каде се посадија 500 садници охридски чемпрес,на потегот од мостот према хотел Парк каде се посадија 50 садници коталиа и на Мауцкер. Акциите кои ги спроведува ЈП „Комуналец“ се доста успешни. Во досегашните акции кои се организираа минатите...

Продолжи со читање