Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 10 Езерската вода е исправна за капење. Таа речиси по целата брегова линија е од прва категорија, а само на некои места е од втора. Ова го покажале последните наоди од контролите извршени на површинските води на езерското крајбрежје од страна на Центарот за јавно здравје. Во средината на јуни беше евидентирано загадување на водата на делот кај одморалиштето „Партизан“, поради што беше забрането капење на овој потег. Преставници на Центарот за јавно здравје заедно со директорите на ЈП Проаква и ЈП Нискоградба излегле на терен и констатирале дека загадувањето доаѓа од...
Спaсени трите лица кои беа завеани во Ржаново
Post Views: 14 Спасени три лица завеани во струшкот село Ржаново. 15 годишниот Цветан, татко му Горан и неговиот стрико Тоде Кузманоски во претпладневните часови беа извлечени од завеаното село со интервенција на хеликоптерската служба на МВР. Кузманоски од неделата беа во селото и не можеле да се пробијат до Струга од високите снежни наноси, а операцијата за извлекувањето била успешна. „Струја нема 3-4 дена , телефоните ни се испразнија, не можевме да контактираме. Метро и нешто има снег, движењето е ограничено само околу куќа , тоа што беше за јадење се изеде“, изјави...
Ново лето, стара слика
Post Views: 7 Ново лето, стара слика. Повторно дивите продавачи на бостан со камиони доаѓаат и се лоцираат на разни места низ градот продавајќи ги своите производи на диво, во несоодветни хигиенски услови и најчесто без фискална сметка. Оваа појава се провлекува години наназад, но никако да се реши.Тука треба инспекциските служби да интервенираат бидејќи секој има своја надлежност, во некои случаи треба и полицијата да интервенира, а и пазарната инспекција бидејќи најчесто овие продавачи немаат регистрирано фирма, вели Кристина Крлеска Деспотоска, директор на ЈП „Градски...
Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај
Post Views: 10 Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај. системот функционира, картичките се реевидентирани па засега нема некои поголеми проблеми, велат од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта. Картичките се издадени по основ на 4 категории, на правни лица, станозидавачи, жители кои постојано живеат во тој дел од градот и граѓани кои имаат куќи, а не и постојано живеалише во Охрид. За обезбедување на рампите се ангажирани лица од општината, а дополнително по потреба ќе се вклучува обезбедувањето кое се грижи за јавниот паркинг. Влезот на...
Каде да паркираме
Post Views: 6 Иницијативата да се создаде мини базар на некогашниот паркинг во близина на Чинарот, создаде проблем. Десеттина семејства кои имаат куќи на овој потег и кои своите автомобили ги паркирале таму, сега немаат каде да ги остават. Поради тоа поднеле барање до Локалната самоуправа, и до ЈП „Билјанини извори“ кое претходно стопанисуваше со паркингот и на кое му плаќале месечен или годишен надомест за паркирање, да го решат проблемот. Директорката на ова јавно претпријатие, Гордана Јованоска денеска на средба со засегнатите граѓани им објасни дека со одлука на совет...
Во сред сезона охридските плажи нерегулирани
Post Views: 9 Во сред сезона охридските плажи нерегулирани. Постапката за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи на крајбрежјето и една година по наддавањето, без епилог. Старите концесионери си стопанисуваат со плажите без да плаќаат ниту денар на општината за тоа. Ништо ни од најавата на Министерството за транспорт и врски дека државата ќе си ги врати ингеренциите врз плажите на охридско-струшкото крајбрежје. Додека на плажите се работи на црно инспекторатот не постапува. Од општината летово очигледно на сето ова ќе прогледа низ прсти. Изминатите две недели ние...
Пазар ли е или панаѓур
Post Views: 7 Секој понеделник педесеттина продавачи на импровизирани тезги го окупираат просторот и улицата околу пазарот. Сликата наликува на пазарите во некоја од источните земји каде стоката се продава буквално на земја. Ако се земе во предвид дека станува збор за храна, навистина купувачите треба да се замислат пред да купат нешто. Од ЈП „Градски пазар“ велат дека просторот не дозволува да се обезбеди дополнително место за оние кои продаваат само во понеделник кога во Охрид е пазарен ден, а интересот е голем. Тие не им наплаќаат на пазарџиите за тоа што ги изложуваат...
Новиот сообраќаен режим во стариот дел на градот ќе профункционира од наредниот понеделник
Post Views: 11 Новиот сообраќаен режим во стариот дел на градот ќе профункционира од наредниот понеделник. Иако беше најавено дека новиот режим ќе се спроведе од средината на минатиот месец, работите се пролонгираа. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека системот е готов, рампите се поставени, картичките се реевидентирани, но има потреба уште еднаш да се презентира начинот на одвивање на сообраќајот во стариот дел на градот затоа за утре е закажана повторна средба со граѓаните кои живеат таму бидејќи оваа година во системот има доста измени за разлика од минатата...