Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 170 Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“, на митингот кој синоќа се одржа во Охрид рече дека не случајно кампањата започнува од тука бидејќи Охрид е најсилен светилник на вербата и победата. Тој подвлече дека никој не и ја подари незавиосноста на Македонија туку дека самите се изборивме за неа. Иванов потенцираше дека довербата на граѓаните се добива со реализација на ветените проекти затоа рече дека е горд што ветената програма од 2009 во целост ја реализирал. Притоа остварил и 450 средби со претседатели...
Се додека општината работи домаќински ќе ја има подршката од централната власт
Post Views: 189 Уште во текот на летото во Охрид ќе се реализираат десетина капитални проекти во вкупна вредност од над 4 милиони евра со поддршка од Владата и со реализација на проекти кои се обезбедени од Светска банка, Европската банка за обнова и развој и други институции, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески кој денес имаше работен состанок со Градоначалникот Никола Бакрачески. Ставрески рече дека општината и понатаму се наоѓа во тешка финансиска состојба која е наследена, но подвлече дека Владата останува посветена во решавањето на ова прашање. –Од Владата и од...
ВМРО ДПМНЕ ја започна претседателската кампања од Велгошти
Post Views: 172 ВМРО ДПМНЕ ја започна претседателската кампања од Велгошти. Денешниот ден беше посочен како денот кога во Велгошти и Охрид пред една година била извојувана најголемата победа на ВМРО ДПМНЕ. Таа симболика ќе биде водилка и на овие претседателски избори, а Велгошти како место од каде започнале многу револуционерни походи ќе ја детерминира нашата иднина, рече Градоначалникот Никола Бакрачески пред многубројните присутни во салата Тодор Александров.–И денес од овде ќе испратам силна порака дека кај нас нема наши и нивни. Ние секогаш сме биле тоа што сме и никогаш...
Aлкохолизмот, потенцијална опасност за сите генерации
Post Views: 172 Триесет млади луѓе на возраст од 14 до 20 години денес се здобија со сертификат со кој ќе можат да вршат едукација на своите врсници како да се заштитат од алкохолот. Ова следуваше после посетата на четири работилници на кои тие учесатвуваа во изминатите месеци, а на кои предавања на ова тема им држеше Владимир Панзов, претседателот на здружението „Здрав живот“.Панзов вели дека алкохолизмот е потенцијална опасност за сите генерации, а особено за младите. Статистичките податоци покажуваат дека се поголем број млади луѓе незнаејќи ги штетните последици од конзумирањето...
Алергиите земаат се поголем замав
Post Views: 186 Алергиите заземаат се поголем замав. Годинава поради високите температури и малото количество на врнежи на дожд и снег бројот на пациенти со поленозни алергии во охридската алерголошка амбуланта е зголемен за седум проценти. Тие доаѓаат да се лекуваат тука и од другите градови во државава.-Синот имаше проблеми со алергија уште пред две години. Киваше, му отекуваше носот и очите. Долго време немавме решение и примаше антибиотици. Ние сме од Дебар и не упатија да дојдеме тука. Сега син ми е многу подобар бидејќи прима соодветна терапија, вели таткото на еден пациент.Алергологот...
Потрошени вртоглави суми за патни расходи во земјата и странство, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ
Post Views: 150 Енормното трошење на средства во периодот од 2005 до 2013 година, тема на денешната пресс конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ рече дека СДСМ недомаќински работела со што потрошила милионски суми за службени патувања во периодот од 2005-2013 година заклучно со месец март. Митровиќ таксативно ги наброја сумите за патни расходи во земјата и странство од најмалата, 752 632ден. во 2005год. и највисоката забележана во 2010год., 4 140 594 ден. Во овој период од раководењето на СДСМ со Локалната самоуправа според ВМРО потршени биле вртоглави суми...
Директорите на училиштата сугерираа во иднина да не се злоупотребуваат образовните институции за партиски цели
Post Views: 155 Директорите на училиштата сугерираа во иднина да не се злоупотребуваат образовните институции за партиски цели бидејќи децата кои таму учат се на сите нас. Директорот на најголемото основно училиште во градов, „Христо Узунов“, Тони Симоноски рече дека мора да проговори за невистините кои беа искажани од страна на СДСМ. Тој ги демантираше тврдењата од општинските социјалдемократи дека на некои училишта во градов им биле блокирани жиро сметките поради неисплаќање на опремнините на пензионерите.-Во ниту едно училиште не е заостаната неисплатена опремнина на пензионерите...
ДПМНЕ манипулира со охридската јавност, обвинуваат од СДСМ
Post Views: 154 Локалната власт од ДПМНЕ никако да престане да манипулира со охридската јавност, кога се работи за образованието, обвинуваат од општинската СДСМ. Одговорните лица упорно се обидуваат да ја убедат охридската јавност дека градската власт ги одблокирала сметките на училиштата во Општина Охрид, поради наводното нестручно и недомаќинско работење на поранешните директори. За блокираните сметки на училиштата во Охрид вината исклучиво ја сноси Министерството за образование и наука, велат од СДСМ. По освојувањето на локалната власт, за таквата состојба неоправдано и популистички...
Црвениот крст од Охрид на поединци, институции им додели благодарници за развој и унапредување на крводарителството
Post Views: 208 Црвениот крст од Охрид го одбележа Светскиот ден на крводаротелството. Претседателот Сашо Точков рече дека изминатата година била и повеќе од успешна со реализирани 1734 дарувања крв и надминување на предвидениот план за 2.79 отсто. На вчерашната централна манифестација на Црвениот крст на РМ во Скопје, ЦК Охрид се здоби со посебно признание и плакета за исполнет план на крдовадарителството за изминатата година.–Особено радува фактот што најголем број од крводарувањата кои се реализирани се од млади луѓе од средните училишта и факултетите. Тоа секако ни дава...
220 000 евра за развој на туризмот
Post Views: 175 Министерството за Економија обезбеди 220 000 евра за развој на туризмот. Денес започна проектот за обуки и тренинзи и изнаоѓање на поврзаноста помеѓу туризмот и останатите индустриски гранки, во организација на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија и Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации. Овој проект е прв и единствен од ваков вид во државата, кој е обезбеден преку Словенечкиот билатерален проект за техничка помош од каде се одобрени 220.000 евра за период од 2 години. Главниот фокус на овој проект ќе биде ставен на...
Се поизвесно воведувањето на бродската линија Охрид- Поградец
Post Views: 172 Се поизвесно воведувањето на бродската линија Охрид- Поградец. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски вели дека досега биле одржани повеќе работни средби на работни групи од кои едната била од Поградец каде биле донесени неколку заклучоци.-Ги информиравме албанските колеги дека во законската регулатива на РМ за отварање привремен граничен премин кај Св. Наум нема никакви пречки. Во моментов сме во исчекување на информации од албанска страна дали тие можат да донесат аналогно решение од нивното Министерство за внатрешни работи за отварање привремен...
Децата во градинката Росица го одбележаа Летник
Post Views: 169 Дечињата згрижени во детската градинка Росица со песна на сите јазици од етничките заедници го одбележаа Летник. Празникот се одбележа весело со песна и со подарување на мартинки и варена пченка. Преку приредба децата од сите етникуми кои се згрижени во овој објект прикажаа дел од обичаите кои се карактеристични за денот Летник. Според верувањето овој ден е почеток на новата година или крај на зимата и почеток на летото. Се верувало дека мартинките симболизираат среќен живот и здравје заштита од штетници. Полната трпеза – значи богатство на трпезата преку целата...