Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Лидери во електротехничката, машинската и сообраќајната струкавв

Post Views: 5 Благоја Терзиев, ученик во четврта година во Општинското средно училиште „Никола Карев“ во Струмица ќе се бори да стане лидер во областа автомеханичар мехатроничар. Тој е еден од 150те учесници на вториот државен натпревар за лидерство кој се одржува во ЕМУЦ Св.„Наум Охридски“. Благоја првпат учествува на овој натпревар и очекува победа.Главен мотив за да учествуваме на овие натпревари ни е желбата да си ги измериме силите со нашите врсници од другите градови на Македонија. Да видиме до каде е нашето знаење. Јас многу си ја сакам мојата струка и планирам да...

Продолжи со читање

Избран најстариот жител во општина Охрид и Дебрца и брачниот пар со најдолг брачен стаж

Post Views: 5 Избран најстариот жител во општина Охрид и Дебрца и брачниот пар со со најдолг брачен стаж. Заврши конкурсот кој охридскиот Црвен крст го распиша на почетокот на ноември, а беше дел од одбележувањето на Неделата посветена на старите лица. На конкурсот се пријавиле пет кандидати за најстар жител и пет за брачен пар кој најмногу години е во брак. Најстар жител е 96 годишен охриѓанец чие име денес не беше обелоденето бидејќи тоа ќе биде направено на утрешната манифестација која ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Брачниот пар кој победи на овој...

Продолжи со читање

Љубица Дојчиноска секојдневно се бори со животот

Post Views: 9   82 годишната Љубица Дојчиноска долги години живее сама во својата семејна куќа во Варош. Секој нов ден за неа е нова борба бидејќи нема кој да и помогне да ги заврши секојдневните работи. Тетка Љубица едвај се движи поради оштетувањето на зглобовите на нозете.  Двапати неделно доаѓа жена која и пазари, готви и чисти, но тоа е премалку за оваа осамена старица. Јас неможам ништо да направам сама. Ниту да зготвам нешто ниту пак да работам во куќава. Од вратава подалеку не излегувам. Понекогаш доаѓаат комшиите да ме посетат и ќе ми донесат нешто за јадење. На...

Продолжи со читање

Оваа година нема доделување на Св. Климентовата повелба

Post Views: 4 Оваа година нема доделување на Св. Климентовата повелба. Така едногласно одлучи Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија до која пристигнале три апликации, но ниту една од нив не ги задоволувала критериумите за добивање на ова престижно општинско признание.Од она што го разгледавме Комисијата поради малиот број на апликации одлучи оваа година да не се додели повелбата. Се надеваме дека сите заедно ќе поработиме до година оваа манифестација да си го врати стариот сјај и што поголем број граѓани да конкурираат за да ја...

Продолжи со читање

„Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“

Post Views: 6 „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, ова е пораката која центарот ЦИВИЛ ја испрати од Охрид.  На средбата на која присуствуваа претставници од медиумите, граѓани и граѓански организации, и претставници на политички партии, беше нагласена целта од целокупниот проект, јакнење на свеста на граѓаните и граѓанките за моќта која тие ја имаат на самиот ден на изборите.Граѓаните зад параванот на самите избори имаат право слободно да ја изразат својата волја и со тој чин да ги изберат оние кои ќе ја спроведат нивната политичка волја и кои за сите свои постапки...

Продолжи со читање

Хотелиерите ќе се субвенционираат

Post Views: 5 Хотелиерите ќе се субвенционираат со цел да привлечат што повеќе домашни гости во своите капацитети. Ова е проект кој допрва треба да го разгледува Владата на РМ, а идејата за вакво нешто доаѓа поради фактот што во последните години е се помал бројот на гостите од земјава, во споредба со гостите од странство. Субвенциите би ги стимулирале хотелиерите да размислуваат во тој правец. Секое субвенционирање е добредојдено. Секако дека сме за ваквата иницијатива. На тој начин хотелиерите ќе бидат ослободени од некои давачки, па ќе можат да ги намалат цените за...

Продолжи со читање

И во охридските училишта одбележан Светскиот ден на детето

Post Views: 5 „Стоп на насилството врз децата“ – под ова мото денеска се одбележува 20-ти ноември Светскиот ден на детето. Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија, подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот.Да им посветиме повеќе внимание на децата што повеќе да разговараме со нив, да им даваме љубов, бидејќи сега се садат вистинските вредности од кои подоцна треба да ги жнееме плодовите, вели...

Продолжи со читање

Една цена на рафт, а друга на каса

Post Views: 3 Кога одите на пазарување треба да отворите четири очи бидејќи во супермаркетите често се случува на производот изложен на рафт да има една цена, а кога ќе плаќате на каса продавачот да ви каже друга, најчесто повисока цена. Граѓаните реагираат и укажуваат дека тоа се недоразбирања кои најчесто се поврзани со ценовникот или со неправилно означување на производите. Најчесто цехот го плаќаат помалку внимателните купувачи, бидејќи овие трговски трикови многу тешко можат да се забележат кога се купува во поголеми количини.Од Организацијата на потрошувачи во Охрид велат...

Продолжи со читање