Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 442 Чамците кои се користат на езерата во државава кои не се впишани во регистарот на пловни објекти ќе може да се легализираат до 3 септември годинава. Ова е овозможено со измените и дополнувањата на Законот за внатрешна пловидба што неодамна беа усвоени од страна на Собранието на Република Македонија. Легализацијата на чамците ќе се врши со поднесување предлог за легализација до надлежниот суд според местото каде што се наоѓа живеалиштето на сопственикот на тој пловен објект. По поднесениот предлог за легализација, судот во рок од три дена ја известува Капетанијата...
кинескиот амбасадор во Македонија го посети Градоначалникот
Post Views: 172 Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска прими кинеска делегација предводена од Амбасадорот на Република Кина во Република Македонија, Цуј Џивеи чиј мандат истекува во месец мај годинава.Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за сите заложби и активности , што Амбасадорот Џивеи ги направил за доброто на Република Македонија но и за градот Охрид, посебно истакнувајќи ги неговите заложби за реализација на проектот што се однесува на изградба на автопатот од Кичево до Охрид, а кој е особено значаен за туристичкиот и стопански развој на градов. Амбасадорот Цуј Џивеи...
Се намали комуналната такса за поставување урбана опрема
Post Views: 163 Пониски цени за закуп и комунална такса. Угостителите и другите правни лица кои пред своите објекти ќе сакаат да постават урбана опрема, во иднина за оваа давачка ќе треба да издвојат помалку пари. Така беше одлучено на вчерашната 20-та седница на Советот на општина Охрид. Според Програмата за поставување на урбана опрема, цената на закуп на метар квадратен ќе чини 250 денари во првата зона, 150 денари во втората и 100 денари во третата градска зона. Исто така ќе биде намалена и висината на комуналан такса од 10 денари на 7,5 денари.-Во изминатиов период имавме интензивна...
Св. Кирил и Методиј, ново средно училиште во градов
Post Views: 189 Се формира ново општинско средно училиште. Економското училиште и медицинската паралелка се издвоиja од Гимназијата Св. Климент Охридски. Секретарот на Општината, Димитар Спасески вели дека ова била идеја уште на минатиот совет во 2010год. кога донеле одлука за поделба на ова училиште. Сега додава Спасески се создале услови таа идеа да се реализира. -На крајот на минатата недела Министерството за образование ја даде согласноста за поделба. Претходно стручна комисија од министерството направи увид врз објектите, наставниот кадар, бројот на учениците и утврди дека сите...
Завршната сметка на буџетот на Општина Охрид, неприфатлив за советниците од опозицијатa
Post Views: 284 Извештајот за остварените приходи и извршените трошоцина буџетот по завршната сметка на буџетот на Општина Охрид за 2013год., неприфатлив за советниците од СДСМ. Координаторот Томислав Тунтев вели дека низ него провејуваат политички квалификации од типот дека до април минатата година се работело незаконски со асигнации, цесии, компензации и др. и дека немало усогласеност со законската регулатива, а дури од доаѓањето на новата власт почнало да се работи законски.–Ако осум години се работело незаконски со виртуелни пари како што велат, каде тогаш биле централните...
Повик за волонтери и набљудувачи за претстојните претседателски и парламентарни избори
Post Views: 164 И на претстојните Претседателски и Парламентарни избори, Коалицијата со голем број на акредитирани набљудувaчи и волонтери активно ќе го следи изборниот процес и политичките кампањи кои се составен дел на изборите. Ги повикуваat сите заинтересирани граѓани од Република Македонија кои сакаат да се пријават за акредитирани набљудувачи и волонтери да се пријават најдоцна до 25 март 2014, на следниве адреси:izlezidaglasas2014@gmail.com или на поштенски фах 79За да бидете набљудувач потребно е :• Да сте граѓанин на Република Македонија;• Да имате навршено 18 години...
Денови на идеи
Post Views: 181 Од вчера охриѓани можат своите идеи да ги напишат и да ги остават на пунктот на плоштадот Св. Климент Охридски. Ова е пракса на ВМРО ДПМНЕ во последниве неколку години а со цел граѓаните да можат своите лични идеи за тоа што треба да се направи во средината во која живеат или пак во државата да ги искажат тајно. Потоа идеите се разгледуваат и оние кои се издржани се ставаат во програмата која се подготвува за наредните парламентарни избори за таа да биде поблиска до народот.Многу идеи кои граѓаните ги дадоа на пример за едно евро за метар квадратен за продажба на...
Насоката на ФТУ, гастрономија, исхрана и диететика, се попривлечна за новите студенти
Post Views: 207 Насоката на ФТУ, гастрономија, исхрана и диететика, се попривлечна за новите студенти. Со новините кои е планирано да се внесат ги пратиме светските стандарди во оваа област, вели Проф. Д-р Ангела Василеска. За овој летен семестар планирано е по втор пат да се организира работилница за вино која ќе ја води врвен енолог од винаријата Стоби кој студирал енологија во Франција и е еден од најдобрите во Македонија.Сметам дека исклучително е потребно студентите да имаат добри познавања од оваа област. За жал во угостителските објекти сеуште многу малку се обрнува внимание...
Охрид доживеа преродба, велат од ВМРО ДПМНЕ
Post Views: 177 „Охрид со Градоначалникот Никола Бакраческим за една година доживеа преродба. Се подобри патната инфстрактура и се реконструираа многу патишта во Општината“, рече портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ на денешната пресс конференција. Како пример ги посочи асфалтирањето на улицата Радојца Новичиќ, улицата Сирма војвода, улицата Богомилска, улицата Петрино, улицата Крум Точко, улицата Јане Сандански, улицата Ристо Чадо. Митровиќ рече дека асфалтирани се и поголем дел на тесни улички пред значајни институции како што се градинки, училишта и уште многу други...
Денот на албанската просвета и албанскиот учител одбележан со свечена програма
Post Views: 185 Основното училиште „Братство единство“ од Охрид денес гo одбележа 7-ми Март- Денот на албанската просвета и албанскиот учител. На овој ден во 1877 год. било отворено првото училиште на албански јазик во Корча, а во 1961год. е одлучено овој датум да се прославува. Директорот на ОУ Братство единство, Муамер Доко вели дека сите овие години се вложувале напори да се издигне професијата на албанскиот учител на едно повисоко ниво и во тоа се успеало, но додава дека сеуште има простор за работа на оваа тема.–И понатака треба да се трудиме за да ги подобриме условите...
Основците во градов немаат топол оброк
Post Views: 183 Дали ќе се врати топлиот оброк во основните училишта во градов. Ова прашање подолго време се наметнува од советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни...
Охридската градинка „Јасна Ристеска“ ќе воведе скратена програма
Post Views: 180 Поради големиот интерес за згрижување на најмладите охриѓанчиња, охридската градинка „Јасна Ристеска“ од 15- ти март ќе отпочне со примена на скратена програма. Секој ден од 9 до 12 часот децата на возраст од три до шест години ќе можат да бидат згрижени таму. Оваа програма е влезена во Законот за заштита на децата и наскоро ќе почне да се применува.-Причина заради што за прв пат ја воведуваме оваа програма е огромниот интерес на родителите за престој на децата во градинка а капацитетите на градинките се мали не можеме да ги примиме сите со целодневната програма или...