Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 190 Селата Сирула и Вапила ќе се поврзат со асфалтен пат. Тој речиси целосно е тампониран, а се очекува асфалтирањето да започне идната недела.Проектот опфаќа реконструкција во должина од 1 700 метри и изработка на нов пат во должина од 2 700 метри.Рокот на изведба на работите ќе биде два месеци. Овој проект и проектот за асфалтирање на улиците во село Косел се дел од програмата на Локалната самоуправа за развој на руралните средини. Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.Надвор од овој проект ќе биде интервенирано и на санирање на ударните...
Охридската СДСМ бара одговори од охридската ВМРО ДПМНЕ
Post Views: 175 Од Општинската организација на СДСМ на денешната пресс конференција истакнаа дека зголемувањето на пензиите, зголемувањето на платите на администрацијата, минималната плата, и вработувањето на ранливите категории граѓани е тешка предизборна манипулација. СДСМ од Охрид упорно бара ДПМНЕ од Охрид да и одговори на охридската јавност што е направено и реализирано од ветеното од страна на актуелната општинска власт, а ВМРО ДПМНЕ од Охрид упорно зборува само за поранешната општинска власт, велат од Општинската организација на СДСМ. –СДСМ целосно ја понесе одговорноста...
Основците се учат како во секојдневниот живот да ги применат искуствата и откритијата од НАСА
Post Views: 213 Искуствата од НАСА ќе се применуваат и кај нас. Директорот на основното училиште „ Христо Узунов“ , Тони Сомоновски во месец јуни, ќе учествува на Академијата во Хантсвил- Алабама во седиштето на НАСА каде ќе се одржува петнаесетдневна обука на тема „Природни богатства и нивна искористеност“.Ова е втор пат Симоноски да го посети седиштето на НАСА. Прв пат на академијата беше во 2011та кога се здоби со сертификат за предавач и тоа на тема „Поттикнување на младите да ги изучуваат техничките струки и изучување на предметите по природни науки“.Поголемиот дел од обуката...
Се санира јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум
Post Views: 165 Капетанијата на пристаништа на Република Македонија со седиште во Охрид и јавното претпријатие „Нискоградба“ деновиве имаат полни раце работа. Го санираат свлечиштето на јужниот пристапен дел од пристаништето во Свети Наум што се појави под самите бекатон плочки. Причина за тоа е забот на времето, вели капетанот Горан Устијаноски. На санацијата работи јавното претпријатие „Нискоградба“ кое има стручно оспособена работна сила за вршење на вакви работи, а Министерството за транспорт и врски ги обезбеди материјалите. Се очекува овој зафат да заврши до крајот на седмицава,...
Општина Охрид на саем во Белград
Post Views: 178 Вчера започна 36-тиот Саем за туризaм во Белград. На овај меѓународен саем кој ќе трае до втори март, посетителите ќе можат да се запознаат со туристичката понуда на 54 земји, поставена на 1000 штандови. Во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот и Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид, на оваа најголема туристичка манифестација во Југоисточна Европа, учествуваат претставници на голем број познати охридски хотелско- угостителски брендови и туристички агенции. На штандот од Агенцијата ќе биде претставена речиси целата македонска...
Кујна како во Шератон хотел
Post Views: 180 Факултетот за Туризам и угостителство ќе добие ултра модерна кујна. 40 000 евра ќе бидат вложени во купување најсовремени апарати со кои таа ќе биде опремена. Овај голем проект ќе се реализира благодарение на соработката која факултетот уште пред четири години ја остварил со факултетот за прехрамбени технологии од Пловдив кој бил член на хотелската асоцијација со седиште во Женева. По на правените контакти и нашиот факултет влегува во оваа асоцијација, а услов за тоа било да организира четири семинари. Тие биле одржани и високо оценети по што фондацијата на факултетот...
Комплексот Плаошник, град во град
Post Views: 224 Варошани реагираат дека откако ќе се изгради комплексот Плаошник со се она што е предвидено на него, ќе им се наруши секојдневното живеење. Посочуваат дека во голема мера ќе се зголеми фреквенцијата на сообраќај, а нема ниту паркинг ниту соодветен пат за толкав проток на возила. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска вели дека нема место за загриженост. За комплексот бил планиран посебен паркинг лоциран од северната страна и него пред се ќе го користеле оние кои што ќе работат таму, а посетителите ќе паркирале кај Горна порта. Која сообраќајница...
Секретарот на општинта да си поднесе оставка поради „аферата лизгалиште“, бара советникот Блажески
Post Views: 203 За советникот од ЛДП, Дејан Блажески како што вели тој „аферата лизгалиште“ сеуште не е затворена тема. Тој денеска побара секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески да си поднесе оставка или да биде разрешен од страна на градоначалникот Никола Бакрачески. Причина за тоа е што на документот, за според Блажески нелегалното поставување на лизгалиштето стои потписот на секретарот Димтиар Спасески и неговата сопруга Ирена Здравеска.Ова е таа коализија на документи за која што ви зборував, се гледа дека еден документ со друг се судираат. Двоецот Спасески- Здравеска бараат...
Со донација до нови инструменти
Post Views: 285 Основното музичко училиште „Методи Патче“ доби донација во висина од 5 300 американски долари, со кои ќе се набават инструменти за училишето. Средствата ги подари oрганизацијата „Македонија 2025“ која во Охрид го организира Глобалниот инвестициски самит. Парите беа собрани од концертот што оваа организација го организира во октомври минатата година во црквата „Света Софија“ за учесниците на самитот. Донацијата ја врачи Зоран Мартиновски, член на Бордот на директори на „Македонија 2025“. Тој рече дека оваа организација и во иднина ќе инвестира во културата во Македонија....
Сувенирници има, недостасуваат автентични сувенири
Post Views: 214 Охридскиот бисер најпродаван во двете сувенирници во градов. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска вели дека во однос на тоа што сувенирниците работат само шест месеци, задоволни се од интересот на посетителите. Зачудувачки е, додава Паскали што сувенирниците повеќе се посетени од домашни туристи отколку од странци. Покрај бисерот се продаваат и копии од артефакти, мапи, сложувалки, беџови, магнети. Парите ги користиме строго наменски за трошоци и за хонорар на волонтерите. Сувенирите кои се продаваат бидејќи се земени на консигнација одпосле им...
Градот хортикултурно се уредува
Post Views: 188 Се уредуваат зелените површини во градов. Директорката на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа вели дека иако не е нивна обврска си поставиле задача хортикултурно да уредат четириесет качиња во градов. Денес се дотеруваше паркот кај згарадата на Ремис кој години наназад беше запоставен. Се посади трева, трендафили и палми, а се исчисти и шутот кој беше расфрлан. Скрческа ветува дека ќе се посвети внимание и на периферните делови од градот, а централното градско подрачје ќе се поднови со нови цветни садници и дрвца. Веќе се оплемени просторот околу чинарот, а се садеше...
Бурни реакции за ДУП-от за првата урбана заедница
Post Views: 204 Презентацијата на Предлог-деталниот урбанистички план за првата урбана заедница ја вжешти атмосферата во општинската зграда. Голем дел од жителите кои живеат во стариот дел на градот реагираа на новиот предлог-план за оваа урбана заедница.Не може план за стариот дел на Охрид да се носи без да се изврши геометарско испитување. Јас доставив доказ дека не се исти основите. Планот е изработен на стари, а не на нови основи. Дадов 200 евра да се направи геометарски елаборат затоа што не беше снимен еден кат. А пред мене воведоа два ката со тоа ги покрива комплетно. растојание...