Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 176 Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони. Тие во годината што измина до одделението на државниот пазарен инспекторат поднеле 94 пријави и преставки по овој однос. Граѓаните кои ги анкетиравме за среќа немале некое поголемо лошо искуство со ваква неквалитетна стока.Граѓаните кои реагирале до пазарниот инспекторат се пожалиле и на надминувањето на работното време во некои кафулиња низ градов, на неиздавање фискални сметки, а незадоволство покажале и на квалитетот на одредени апарати за домакинство како што се електрични шпорети, машини за перење и др.техничка...
Езерото го загадуваат фекалии кои години наназад се влеваат во реката Сушица
Post Views: 173 Жителите од населбата Радојца Новичиќ веќе дваесет години се борат со еден ист проблем. Во реката Сушица која минува низ ова место се влева канализациона цевка која ја загадува водата, но шири и непријатана миризба која на моменти е неподнослива.Фекалиите од Застава се влеваат овде. Од таму доаѓа ужасна реа, жива болест, вели Јонче Тололески-жител на Радојца Новичиќ.Загрижените граѓани реагирале до инспекциските служби во Локалната самоуправа, од каде излегле на терен. Според кажувањата на граѓаните резултатите од претходните инспекциски контроли покажале дека водата...
Палас може да се менува
Post Views: 188 Судбината на хотелот Палас актуелна деновиве. Откога беше промовирана брошурата „Инвестирајте во Охрид“ во која како една можна инвестиција беше посочен токму овој хотел се отворија многу дилеми. Јавноста прашува како овој хотел може да им се нуди на инвеститорите кога е ставен под трајна заштита на Завод и музеј. Директорката на оваа национална установа, Тања Паскали Бунташеска објаснува дека тоа не значи оти од Палас ќе се прави музеј. Практично ја заштитивме само неговата намена, вели директорката.Не дозволуваме да се надградува и доградува. Дозволуваме внатрешно...
Директорката на НУ Завод и музеј ги отфрла сите обвинувања за Плаошник
Post Views: 191 На Плаошник ништо не се уништува, напротив се гради нешто со што ќе се гордеат и идните генерации, рече Тања Паскали, директорката на НУ Завод и музеј на денешната пресс конференција свикана како реакција на изнесените обвинувања на претседателот на Општинската Организација на СДСМ, Томислав Тунтев, околу градежните зафати на Плаошник. „Возобновувањето на Светиклиментовиот Универзитет се врши според претходно изработена Локална урбанистичка планска документација, а не според желбите на Министерството за култура на РМ“, потенцираше Паскали. На Плаошник ќе се изградат...
Десет години празни ветувања
Post Views: 181 На жителите од зградите кај болничкиот комплекс веќе им е преку глава од празни ветувања. Десет години чекаат за да добијат основни услови за живот. За да стигнат до нивните домови мора да поминуваат низ општата болница.Станарите од овие згради се жалат дека покрај тоа што газат во кал до колена и навечер дома си одат со батериска ламба, не се приклучени и на канализациона мрежа. Револтирано велат дека живеат како да се во 19ти а не во 21ви век.Од Локалната знаат за состојбата во која се наоѓаат овие наши сограѓани. Објаснуваат дека најголема причина што досега не...
Граѓаните ќе се учат на комунален ред со спроведување на казнени мерки
Post Views: 182 Комуналните редари ќе работат во две смени. Потребата од оваа нова пракса се наметна поради тоа што дел од граѓаните не го почитуваа редот и динамиката кој го спроведува ЈП „Комуналец“, вели директорката Елена Скрческа. Таа објаснува дека соработката на „Комуналец“ и општинскиот инспекторат е на завидно ниво и се што се прави е со цел зачувување на животната средина.Нашите граѓани се плашат од казни и ако упорно не се придржуваат треба да има двосменска работа на комуналните редари така да имаат некој страв дека навистина ќе ги фати некој инспектор да одложуваат...
Нема испраќање пакети по шофер на автобус без лиценца
Post Views: 187 Автобуските и такси-превозниците доколку во иднина сакаат да превезуваат пратки од еден до друг град ќе мора да извршат поштенско лиценцирање. Тоа е следната фаза од кампањата што пред две години ја започна Агенцијата за пошти со цел искоренување на нелегалниот пазар на поштенски пратки испратени по автобус или со такси. Од агенцијата велат дека се наметнала ваква потреба поради тоа што нелегалниот транспорт на пратки преставувал нелојална конкуренција на лиценцираните фирми. Најголемиот авто превозник во градов АД „Галеб“ веќе е во фаза на лиценцирање. Сите знаеме...
СДСМ ни остави милионски долгови, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ
Post Views: 189 Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ја обнови својата пракса за одржување пресс конференции. Денес проговорија на повеќе актуелни теми. Портпаролот Никола Митровиќ рече дека сведоци сме на безидејност, безначајност и безпредметност од страна на СДСМ. Како што портпаролот подвлече тие осум години можеле да покажат на дело убави работи за Охрид, а оставиле само милионски долгови без реализација на ниту еден витален проект. И токму тие, рече Митровиќ се дрзнуваат да зборуваат за нереализирани проекти и тоа во време кога ВМРО ДПМНЕ успева да ги санира.Ако ги напаѓате зафатите...
Набрзо ќе се распише тендер за изградба на затворен зелен градски пазар
Post Views: 227 Советниците на наредната седница која ќе се одржи во четврток ќе гласаат за изградба на затворен зелен градски пазар со јавно приватно партнерство после што ќе се распише тендер. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека распишувањето на поваа постапка не се коси со правилата кои важат во време на предизборен период бидејќи процедурата за изградба на градски пазар е започната уште со изработката на физибилити студијата која е одобрена од Владата на РМ.Бидете уверени дека оваа Локална смоуправа води строго сметка за запазување на сите законски регулативи во делот...
Градските татковци уште еднаш дискутираа за локалниот економски развој
Post Views: 205 На денешната седница на градски татковци и локалниот економски совет се дискутираше за реализација на капитални инвестиции и развојни планови на Општина Охрид. Стана збор за изградбата на градската марина, ски центарот на Галичица, се продискутира и за моменталната состојба со проектот Мауцкер. Градоначалникот Никола Бакрачески градските татковци ги запозна и со најновите сознанија од неодамнешната посета на автокамповите во градов. Се зборуваше за нивната состојба и планови. Стана збор и за изградба на пензионерски дом, како и за плановите за субвенционирање на авио...
Дали започнаа предизборните препукувања
Post Views: 187 Резултатите од најновото тестирање на општинската администрација уште една можност за прибирање политички поени. Најпрво од Општинската организација на СДСМ реагираа дека резултатите се нереални бидејќи од 26 кандидати само осум го положија тестирањето или само 30% .Како е можно во цела држава досега овие тестирања да ги полагаат над 90% од кандидатите, а кај на с процентот да е толку низок. Овие луѓе шест месеци работеле во својата област под менторство најчесто на нивните раководители. Менторот е тој кој што треба да ви ги даде прашањеата и да ве оцени. Овај неуспех...
Во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час
Post Views: 186 По повод патрониот празник во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час. Родителите, учениците и останатите заинтересирани имаа можност да присуствуваат на овој час и да видат што практично учат нивните деца. Отворен час се одржа по повеќе предмети. Роботиката која е дел од предметот технички науки предизвика голем интерес кај учениците. Секцијата по роботика постои веќе четири години. Ја посетуваат ученици од шесто до осмо одделение. Тука можат да ја покажат својата креативност. Денес оние од повисоките одделенија им беа ментори на помалите,...