Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 4 Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба. Граѓаните можеби во детали не го знаат ХАСАП системот и што се тој треба да содржи но можат да забележат кога со некои производи се постапува како што не треба. До редакцијата на ТВМ пристигнаа реакции од граѓани за несоодветно чување вода и пијалоци во пластична амбалажа. На температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина и дополнителна топлина која доаѓа од надворешни единици на клима уред се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во...
Дали засадените палми во Охрид се сушат
Post Views: 6 Дали засадените палми во Охрид се сушат. Дваесетина дрвца веќе покажуваат знаци на згинување па граѓаните коментираат дека овие тропски дрва воопшто не требаше да се садат овде бидејќи климата и поднебјето не им одговараат. Од ЈП „Комуналец“ пак ги демантираат ваквите коментари кажувајќи дека само шест палми се исушени, а другите десетина се во фаза на исушување, но сеуште имаат зелени листови па можно е и да успеат. Директорката на Комуналец Елена Скрческа кажува дека ги почитувале препораките дадени од ЈП „Македонски шуми“ за одржување на палмите во летниот...
Охриѓани можат да си купат публикации од капитални едиции по пристапни цени и на рати
Post Views: 5 Охриѓани можат да си купат публикации од капитални едиции по пристапни цени и на рати. Пет национални библиотеки во РМ, од Владата добиле обврска и можност да вршат продажба на книги од светската книжевност, врвни дела од светската филозофија, историја и психологија и едицијата на македонски искушенија, 130 тома македонска книжевност на англиски јазик.Постои голем интерес за купување на книгите. Веднаш од кога објавивме за продажбата многу од нив беа купени. Книгите можат да се купуваат поединечно, но и во комплет. Ако се купуваат во комплет тогаш може и на...
Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон
Post Views: 4 Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон. Патеката Климе Савин, од Свети Наум до градското пристаниште, во должина од 30 километри Поп Ацев ја исплива во време од пет часа, 39 минути и 42 секунди. Тој стана првиот македонски пливач кој триумфирал во Охрид во последниве 29 години од возобновувањето na охридскиот маратон. На целта беше пречекан со силни емоции од охриѓани, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и од покровителот на трката, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој нашиот маратонец го овенча со победничкиот...
Охридскиот патлиџан и охридската цреша да се стават под заштита
Post Views: 6 Охрид ги има сите предиспозиции за да произведува здрава органска храна. Неговата специфична место положба, климатските услови, релативно чистата животна средина се првите предуслови за одгледување здрави производи. Ваквиот вид на храна е многу богата со минерали, се зголемува нејзината нутритивна вредност и е безбедна и висококвалитетна. Многу е важно да се зачуваат и автохтоните сорти на овошје и зеленчук. Охридскиот патлиџан, охридската цреша, пиперката на ниту едно друго место не успеваат и не се со таков квалитет како овде.Охридскиот регион е погоден за...
Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон
Post Views: 4 Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Оваа година во неговата организација учествуваа Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Светската пливачка федерација. Општината Охрид втора година по ред е вклучена во оваа најголема спортска манифестација во нашата Република.Голема е одговорноста да се биде дел од Маратон кој е препознатлив симбол за Охрид, а пред се да се организира техничкиот дел. Во соработката со ПФМ имаме високи оценки за минатогодишниот маратон што ни преставува мотив повеќе за овој и следните маратони во...
Јапонци се шетаат низ охридските сокаци
Post Views: 4 Охрид привлечна дестинација за гостите од истокот. Туристи од Јапонија, Кина, Тајван, Тајланд ова лето се шетаат низ охридските сокаци. Туристичките водичи задоволни од посетеноста на градов и од разноликоста на гости кои доаѓаат. Велат дека од април имаат тури со туристи од овие далечни земји кои го откриле Охрид како привлечна дестинација.Самите културни вредности кои ги имаме на град кој е под заштита на УНЕСКО, околината на Охрид, самото Охридско Езеро и ретките природни убавини кои сеуште се недопрени од човечка рака се она што ги привлекува гостите од...
Секое дете заслужува љубов и топол дом
Post Views: 4 Секое дете заслужува љубов и топол дом. Оние кои немале среќа да растат и живеат со своите родители се несреќни и тажни и најчесто го одбираат погрешниот пат во животот. За среќа во Охрид има две згрижувачки семејства кои се одлучиле ширум да ги отворат вратите за децата кои имале лоша судбина. Домот на Татијана и Климе Достиноски од Велгошти сега е дом и на трите братчиња кои поради нарушени односи во семејството останале на улица. Тие пред речиси една година биле донесени во ова згрижувачко семејство во многу лоша состојба. Гладни, голи и боси, валкани и...