Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 308 За прв пат општина Охрид издаде брошура за сите оние инвеститори кои сакаат да вложат во нашиот град. Овај потег на Локалната секако е за поздравување, но во првото издание на брошурата можат да се воочат голем број недостатоци пред се од технички карактер како и нелекторирани делови што ги збунуваат сите оние кои подетално ќе ја проучат. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостоловски вели дека кој работи тој и греши.Јас сум свесен дека има некои технички недостатоци но во наредното издание ќе се потрудиме да ги отстраниме. Но важно е што се испочитувани оние основни...
Свечено отворен малиот плоштад
Post Views: 277 Денес свечено беше отворен малиот плоштад кој се наоѓа кај некогашната библиотека. Никола Бакрачески рече дека ова ќе биде уште едно катче кое охриѓани ќе можат да го користат за релаксација и одмор, а воедно ќе биде нова сцена за богатите културни случувања во градов. Плоштадот партерно и хортикултурно се уредил за рекордно време од два месеци со ангажман на јавните претпријатија од градов. Зафатите кои се извршени локалната ја чинат околу 15000евра. Градоначалникот рече дека ова е само најава за градежната експанзија којa го очекува Охрид во наредниот...
Интензивна и плодна соработка на Локалната со органите на централната власт
Post Views: 266 Интензивна и плодна е соработката на Локалната со органите на централната власт во изминативе неколку месеци. Резултат на тоа се големиот број проекти кои се во тек или веќе се реализирани, вели градоначалникот Никола Бакрачески.Ние сме една од најпривилегираните општини во РМ во делот на реализација на заеднички проекти. Но тоа не е резултат на тоа што Општина Охрид е повеќе фаворизирана од другите туку се должи на огромните напори на службите на општина Охрид кои во изминатите неколку месеци интензивно работеа на оваа проблематика, рече Бакрачески.Како еден од...
Ќе добие ли конечно Охрид градска марина
Post Views: 291 Долго најавуваната изградба на градска марина по се изгледа кинечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески ги разреши сите дилеми околу тоа дали има или нема пари за нејзина изградба.За марината или за реконструкција на пристаништето што сакаме да го изведеме заедно со Министерството за транспорт и врски од буџетот на министерството се издвоени еден милион евра, рече Бакрачески.Моментално се работи на изработка на идејното решение после што ќе се објави оглас за изработка на главниот проект за изградба на градската марина. Бакрачески вели дека...
Се одлага најавената промена на раководителите на секторите во Локалната самоуправа
Post Views: 264 Со најновите промени на Законот за државна и јавна администрација кои беа изгласани вчера се воведуваат неколку новини за јавните службеници. Сега секој од нив ќе мора да посетува посебни обуки во својата област. Ова ќе ја одложи најавената промена на раководителите на секторите во Локалната самоуправа. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека по завршувањето на ваквите обуки локалната ќе распише ин терен конкурс за раководители на секторите. Доколку пријавените не ги задоволат поставените критериуми ќе се бараат други решенија, дециден е Бакрачески....
ОБНОВЕНО:Со средства од јапонската Влада ќе се санира колекторскиот систем
Post Views: 269 Ќе се рехабилитира колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна. Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за колекторот. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Градоначалниците на Охрид и Струга дадоа политичка поддршка за овој многу важен проект. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро, рече Дејан Пановски од Билатералниот секретарјат за заштита на Охридското Езеро. Во најголем дел ќе се репарира...
Јапонците ќе му помагаат на Охридското езеро
Post Views: 306 Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Тоа е позитивна вест и огромен чекор за напредок кој произлезе од нашата заедничка работа и од испратената апликација од македонската страна.Јапонската Агенција е подготвена сразмено на своите процедури да оддели средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на поширока Донаторска...
Поставени темелите на постаментот на споменикот „Фаќач на крст“
Post Views: 290 Осветен камен темелникот на споменикот за Водици. Денес на православниот празник Свети Атанасиј Велики, на свечен начин беше поставен камен темелникот за изградба на новото спомен-обележје за Водици кај градското пристаниште во Охрид.Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот го извршија свештеници на МПЦ, преставници на Здружението „Богојавление“, Претседателот на Совет, Гордана Коњановска и Кумот на Водици Охрид во 2012та, Ванчо Чифлиганец кој е и донатор на споменикот.Јас како кум на Водици 2012та дадов збор и пред бога и пред граѓаните на...
По 5000ден. за секое новородено охриѓанче
Post Views: 289 Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Општата болница од Охрид. Општината на сите новороденчиња родени во Охрид, но и на оние кои се родени во другите градови во државава или во странство чии родители живеат во градов ќе им даде еднократна парична помош во висина од 5000ден. ГрадоначалникотБакрачески вели дека ова активност на општината е во контекст на заложбите на Владата на РМ за зголемување на наталитетот.Без наталитет нема здрава основа за развој на една држава или општина. Сите знаеме колку е важно зголемувањето на наталитетот за...
Ќе се гради мал до среден ски центар на Галичица
Post Views: 274 Општина Охрид сериозно пристапи кон реализација на идеата за изградба на ски центар на планината Галичица. Таа заедно со Владата на РМ во изминативе неколку месеци успеа да изнајде финансиски средства за изработка на физибилити студија за изводливост на градење на еден ваков центар кој истовремено ќе служи и за сместување на голем број гости во летниот период. Таа физибилити студија ја изведува една од најреномираните куќи за градење на скијачки центри, Елосам маунтајн рисорт планерс од Канада, а маркетингот го работел Хорати Хорват.Таа студија покажа дека е...
На верскиот празник Свети Атанасиј ќе биде поставен камен темелникот на скулптурата „Фаќач на крст“
Post Views: 367 В петок, на верскиот празник Свети Атанасиј ќе биде поставен камен темелникот на новото спомен обележје посветено на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Свечениот чин ќе се одржи во 12 часот, а споменикот ќе биде осветен од стана на свештеници на МПЦ во присуство на сегашниот кум на Водици, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и донаторот Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора“ Инженеринг. Ова било договорено на средбата помеѓу донаторот на споменикот кој беше кум на Водици Охрид-2012, Ванчо Чифлиганец и главниот градежен инженер...
Отворени денови на Центарот за социјални грижи
Post Views: 305 Вратите на Центарот за социјална работа секој вторник и четврток ќе бидат ширум отворени за граѓаните. Овие се таканаречени отворени денови кога охриѓани можат да го посетат центарот и да разговараат со службите за се она што ги интересира околу остварување на некое нивно социјално право. Овај проект се спроведува со цел да се овозможи поголема достапност на информации и отвореност на Центарот кон граѓаните, а во функција на полесно остварување на одредени права и услуги.Ние очекуваме оваа активност да наиде на добар прием кај граѓаните. По потреба, за лицата кои...