Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Математика по кембриџ ќе се учи и во 4, 5, и 6то одделение

Post Views: 5 Наставниците по математика од Охрид и Дебрца се обучуваат како да предаваат по кембриџ. Од новата учебна година оваа програма се воведува и во 4, 5 и 6то одделение. Ова е новина и за наставниците и за учениците затоа што ќе има многу промени во самиот начин на предавање и совладување на материјалот. Учениците ќе треба преку опити да решаваат задачи а не како што беше досега со користење алгоритми. Обуките кои ги спроведува Бирото за развој на образованието траат два дена.Се надевав дека оваа обука ќе биде во јуни  за сега во август да ги допрецизираме  работите...

Продолжи со читање

Монографија за ОМУ „Методи Патче“

Post Views: 5 Педесетгодишното постоење на основното музичко училиште „Методи Патче“, ставено во монографија. Денес оваа книга беше промовирана пред охридската јавност од страна на некогашната професорка по флејта, Радмила Попоска. Присутни беа некогашните директори на училиштето, професори во пензија, актуелни професори како и ученици кои постигнале видни успеси и резултата. Промоцијата беше исполнета со многу емоции и спомени од времето кога училиштето се основало па до денес. Монографијата била подготвувана повеќе од една година и во неа се сконцентрирани фотографии,...

Продолжи со читање

Во општинава владее тренд на формирање паралелки со помалку од 24 ученици

Post Views: 5 И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината.Ние во периодот на летни одмори ќе...

Продолжи со читање

Се губи автентичниот дух на охридската чаршија

Post Views: 14 Охридската чаршија полека, ама сигурно изумира. Старите еснафи кои сега можат да се избројат на прсти велат дека одамна го нема оној дух на некогашната надалеку препознатлива стара чаршија. Климент Талев чија фамилија со децении се знимава со правење оригинален охридски бисер со носталгија раскажугва дека охридската чаршија покрај што била единствена по својот лик, таа се издвојувала од другите чаршии и по квалитетот на понудената стока. Денешната чаршија е еден обичен кичерај. Секој може се да продава и да тврди дека производите се квалитетни и оригинални....

Продолжи со читање

Основните училишта во градов се подготвуваат за новата учебна година

Post Views: 6 Основните училишта во градов забрзано се подготвуваат за новата учебна година. Распустот беше искористен за да се реновираат, исфарбаат, за да се уредат училниците, а се работеше и на дворните површини. Во уредувањето на ОУ „Христо Узунов“ биле вклучени и вработените. Директорот Тони Симоноски вели дека сите заедно работеле за училиштето на 1ви септември да светне во полн сјај.Во тек на ова тромесечие го саниравме она што беше запоставено  и руинирано. Доста од просториите се исфарбани, уредена е спортската сала и поголем број кабинети и набавени се нови надгледни...

Продолжи со читање

Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов

Post Views: 7 Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов. Граѓаните револтирано велат дека овај сериозен проблем години наназад се става под тепих од страна на надлежните. Воопшто не е пријатна сликата на кучиња скитници кои се шетаат во центарот на градот. Тие се потенцијална опасност за минувачите од кои голем дел се туристи, велат граѓаните.Од Здружението за заштита на животни „Анималиа“ кажуваат дека тие веќе две години интензивно работата на ублажување на проблемот со кучињата скитници во градв.  Во текот на минатата седмица за прв пат во Охрид започнаа да...

Продолжи со читање

Започна ловната сезона на прелетен дивеч

Post Views: 8 Започна ловната сезона на прелетен дивеч. Охридските ловџии од 1ви август до 31ви октомври ќе можат да ловат прлица потполошка и гулаб. Здружението на ловци- Охрид од Охрид располага со три ловишта и тоа ловиште Белчишта, Мешеишта и Косел. Состојбата со птици во ловиштата е задоволителен. Најмногу има потполошка и прлица. Ловот се врши поединечно и групно, а пред тоа мора да се обезбедат специјални дозволи за лов. Во Охрид се регистрирани 350 ловци. Со Законот за ловство секој ловец мора да има положено ловечки испит за да може да добие дневна дозвола. Голем...

Продолжи со читање

Никола Бакрачески не успеа да реализира ниту еден значаен проект во Охрид, обвинуваат од општинската СДСМ

Post Views: 6 Во овие 28 месеци од кога Никола Бакрачески е градоначалник на Охрид, не успеа да реализира ниту еден значаен проект во Охрид. И по 2 и пол години не се реализирани таканаречените приоритетни капитални инвестиции, што им беа ветени на граѓаните,ова беше истакнато на денешната прес конференција на општинската организација на СДСМ. Тоа е доказ за неспособноста и неподготвеноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид којашто не може да ги исполни барањата и не може да одговори на потребите на охриѓани, рече Александар Кузески,секретарот и портпарол на општинската...

Продолжи со читање