Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Имотот кој што ГФ „Трудбенк“ и го понуди на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор, неприфатлив

Post Views: 310   Имотот кој што ГФ „Трудбенк“ и го понуди на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор за неа е неприфатлив. Имено во саботата првиот човек на Агенцијта Цветко Грозданов оствари средба со сопственикот на Градежната фирма Трудбеник, Ацо Спироски со цел да се изнајде некакво најбезболно решение за охриѓаните чии што станови се предмет на извршна постапка поради наплатен долг на „Трудбеник“ кон Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор. На средбата Спироски понудил неизградено градежно земјиште кое што според Грозданов не може да биде...

Продолжи со читање

Самсунг галакси таблет за креаторите на победничката Андроид апликација за „паметни телефони“

Post Views: 272 Студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид изработија Андроид апликација за „паметни телефони“ за потребите на компанијата „Техномаркет“ . Денес најдобрите тимови на студенти имаа презентација на своите проекти. Дел од нив велат дека им било  задоволство да работат на овој проект и да стекнат ново искуство на полето на Андроид развојот. Беше предизвик за нашиот тим. Ни одзеде околу месец и половина за изработката. Вложивме напорна работа, не беше лесно, но се надеваме дека трудот ќе се исплати. Тоа што го...

Продолжи со читање

Матурантите од Охрид денес беа екстерно тестирани

Post Views: 274 Матурантите од Охрид денес беа екстерно тестирани. Тие минатите години беа изземени од ваквиот вид тестирање бидејќи  во јуни полагаат матура. Учениците  за денешниот екстерен тест, како и за оној в петок имаа на увид 60 илјади прашања. Бројот на прашања кои се на тестот зависи од тоа колку предметот е застапен неделно во наставата. Двата предмети по кои се тестираат, учениците ги дознаа пред два дена. Во средното училиште Ванчо Питошески тестирани се 102 ученици и тоа по македонски јазик, математика, менаџмент и бизнис, граѓанско образование и психологија.Се...

Продолжи со читање

Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот

Post Views: 261 Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот? Од Локалната велат дека сериозно пристапиле кон изнаоѓање решение и веќе се работи на терен. Ќе се обновуваат некогашните јавни тоалети кај црквата Свети Богородица Перивлепта и кај Долни сарај. Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта ќе започне со градежни работи уште наредниов месец. Кај Перивлепта по се изгледа тоалетите ќе се градат одново бидејќи се стари и уништени, а кај Долни Сарај ќе се обновуваат.Сметаме дека овие локации се најпосетувани од туристите па...

Продолжи со читање

Пастрмката се враќа во Охридското Езеро

Post Views: 513 Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Ова може да се види по собраните колични икра во првите два дена од риболовот за вештачки мрест, кој го спроведува концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, а  започна во петокот.Минатата година собравме 30 проценти повеќе икра во споредба со претходната година.Според почетокот мислам дека сме во можност да ги надминеме минатогодишните количини на собрана икра за 80 проценти, што ќе биде голем чекор кон обновување на рибниот фонд на пастрмка во Охридското Езеро -изјави Ристе Танасоски од „Пастрмка...

Продолжи со читање

Се изврши примопредавање на кумството за „Богојавление- Водици“

Post Views: 315 Во црквата Свети Никола- Ѓеракомиија денес се изврши примопредавање на кумството за Богојавление- Водици. Новите кумови, градоначалникот Никола Бакрачески и Сашо Симески негов долгогодишен пријател се заблагодарија за укажаната чест. По повод одбележувањето на големиот весрки празник, во недела, најавија вистински спектакл.Ова е еден од најсвечените моменти во мојот живот. Посебна чест е да се биде кум на оваа манифестација. Многу сум возбуден и задоволен, изјава Никола Бакрачески, овогодинешниот кум на „Богојавление-Водици“.Честитки до овогодинешните кумови упати...

Продолжи со читање

Започна петдневна обука на охридските уметници за работа со ранливата категорија граѓани

Post Views: 279 Започна петдневна обука на охридските уметници за работа со ранливата категорија граѓани. Ова е дел од проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размена меѓу уметници кои работат во социјалната област” кој има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со...

Продолжи со читање

,, Од чинарот до ѕвездите,,

Post Views: 264 Ќе се снима првиот документарец за фестивалот „Охридско лето“. Љубителите на уметноста конечно ќе имаат прилика на филмско платно да го погледнат патот на успехот на најпрестижниот фестивал кој започнал во далечната 1961 година кога првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ заедно со својот сопруг и неколку пријатели разгледувајќи ја црквата Света Софија и согледувајќи ја нејзината акустичност запеала во овој единствен простор. Документарецот ќе биде промовиран за 55 роденден на фестивалот. Во тек се подготовките за реализација на овој проект а се...

Продолжи со читање

Лизгалиштето за некои забава за некои политичка арена

Post Views: 316 Локалната самоправа се однесува крајно неодговорно, навредувачки и арогантно, игнорирајќи ги сите барања од страна на советниците да излезат со детали околу договорот што е потпишан за лизгалиштето, рече советникот од ЛДП, Дејан Блажески како реакција на вчерашниот прес на секретарот на Општина Охрид,  Димитар Спасески.Покрај неточните информации кои ги пласира локалната околу фирмата со која е склучен договорот неточни се и информациите дека во програмата за поставување на урбана опрема е изгласано поставувањето на лизгалиштето како урбана опрема, тврди...

Продолжи со читање

Блажески контра Спасески

Post Views: 313 Секретарот на општината Димитар Спасески денес јавно му се обрати на советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески во врска со обвинувањата упатени на негова адреса, а поврзани со поставувањето на лизгалиштето на градскиот плоштад. Јас веќе стапив во контакт со мојот адвокат и против Блажески ќе поднесам пријава за клевета бидејќи ништо од неговите обвинувања каде се спомнува моето име не е точно, изјави Спасески.За оправданоста на воведувањето на ваквата анимациска содржина на плоштадот,  вели Спасески доволно зборуваат бројките на посетеност на лизгалиштето од...

Продолжи со читање

Се е подготвено за големиот христијански празник „Богојавление-Водици“

Post Views: 297 Се е подготвено за големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ и Денот на рибарите . Годинашното славење ќе биде надополнето и со нови содржини кои ќе се реализираат во соработка со Локалната самоуправа, хотелско угостителскиот еснаф и бизнис заедницата. Прославата започнува со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар“Билјанини извори“ кој ќе се одржи во петок на 17-ти јануари. Билетот во предпродажба чини 300ден., а на врата 350ден. На 18-ти јануари во ЦК “Григор Прличев“ концерт ќе одржи хорот“Св. Злата...

Продолжи со читање

Нивото на езерото падна под дозволената кота

Post Views: 273   Деновиве охриѓани сведоци на драстично намалување на нивото на водата во езерото.  Тоа е за три сантиметри под дозволената кота која изнесува 693,17метри. Експертите велат дека ваквата појава е малку невообичаена за зимскиот период кога се очекува поголемо количество на врнежи од дожд и снег.Ваквата појава се должи на сушниот период. Нема вода ниту од подземните ниту од површинските извори. Но се додека причина за ваквата состојба се природните појави не треба да се загрижуваме. Но треба да се поводи сметка како се врши регулација на водата на езерото, вели...

Продолжи со читање