Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

И ова лето во Охрид не изостанаа физичките пресметки

Post Views: 6   И ова лето во Охрид не изостанаа физичките пресметки меѓу туристите, но и меѓу локалното население. Само за викендов биле регистрирани две тепачки во коишто биле повредени повеќе лица. Во саботата во раните утрински часови во полиција бил пријавен инцидент во кафуле на плажа. Околу два часот еден од гостите се качил на маса и почнал да игра, по што влегле непознати лица облечени во црни маици со натпис “Кадмо” го фатиле за кошула и го извлекле надвор. Малдото момче од Љубаништа добило удари по главата и телото, а не била поштедена ниту девојката...

Продолжи со читање

И ова лето пченки, американски крофни, пуканки и скара се продаваат на отворено

Post Views: 4 И ова лето пченки, американски крофни, пуканки и скара се продаваат на отворено. Иако во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на овие производи,сликата на терен е сосема поинаква. Не само што се продава храна на отворено туку пченки, американски крофни, пуканки можат да се купат во самиот центар на градот. Морам да признам дека има одредени прекршувања на одлуката за поставување на урбана опрема, но инспекциските служби постојано се на терен. Досега имаат направено стотина контроли и против прекршителите...

Продолжи со читање

Во Охрид се прават свадби од бајките

Post Views: 7 Михајло и Стејси кои живеат во Јоханесбург во Јужна Африка, решиле својата љубов да ја крунисаат со брак токму во Охрид. Михајло кој по потекло е од охридско пред две години кога за прв пат ја донесол Стејси во Охрид решил да ја побара за жена и тоа додека се шетале по кејот на езерото. Тогаш се договориле дека ако прават свадба таа ќе биде токму овде.Идејата ни дојде да правиме во Охрид свадба бидејќи моето потекло е од тука, но и поради убавината на овај град. Никаде во светот нема поубаво место. Јас уште кога ја сретнав Стејси многу ја засакав и посакав цел...

Продолжи со читање

Холандска брошура, туристички водич за Охрид

Post Views: 6 Холандска брошура, туристички водич за Охрид. Пред една година ANWB Media од Хаг издаде брошура во која се сконцентрирани убавините на Македонија и на Охрид како најпосетувана дестинација на гостите од Бенелукс. Во оваа мала книшка наведени се сите позначајни места, културно историски споменици и локалитети кои туристите треба да ги видат. Во неа меѓу другото се назначени единаесет дуќани во охридската чаршија кои холанѓаните при доаѓањето во градов задолжително треба да ги посетат. Тоа се продавници во кои сеуште може да се почуствува духот на онај Охрид кој уште...

Продолжи со читање

Туристи има ама промет во охридската чаршија нема

Post Views: 9 Охридската чаршија викендов што помина беше преполна со туристи. Како што се вели да нема игла каде да се фрли, но тоа не ги наполни касите на дуќанџиите.  Посетивме повеќе дуќани, занаетчиски работилници, сувенирници и продавници за накит. И секаде ја слушнавме речиси истата приказна. Велат туристите повеќе шетале и разгледувале одошто купувале. Во градов посебно во викендите најмногу се застапени туристите од помладата генерација, а тие немаат намера да купуваат по дуќаните туку пред се се дојдени за забава по плажите, кафулињата и ноќните клубови, велат...

Продолжи со читање

Внимавајте на која плажа одите

Post Views: 6 Вчерашниот случај кога кај Горица од водите на езерото беше извадено безживотното тело на 46 годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево повторно ја актуелизира темата колку се безбедни плажите на охридско-струшкото крјбрежје. Од Црвен крст Охрид кажуваат дека од 44 капалишта на охридскиот дел на езерото, 36 се безбедни бидејќи ги исполнуваат сите пропишани услови од Министерството за транспорт и врски за безбедни капалкишта меѓу кои да имаат обезбедено и спасители, а осум не се безбедни. Ние препорачуваме граѓаните да ги посетуваат само плажите кои се...

Продолжи со читање

Легализирањето на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас ќе го деградира Охридското езеро

Post Views: 8 Легализирањето на дивоградбите во заштитениот крајбрежен појас ќе го деградира Охридското езеро, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод од Охрид.  Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кој сопствениците на куќи во појасот од 50 метри од брегот во стариот дел на Охрид, Трпејца, Пештани, Канео, Андон Дуков, Струга, Калишта и Радожда на Охридското езеро, ќе можат да поднесат барање за легализација, нова главоболка за еколозите. Ова многу негативно ќе се одрази врз езерото бидејќи тие градби...

Продолжи со читање

Наместо Мостот на желбите ќе се направи нов мост

Post Views: 6 Преку Мостот на желбите од центарот на Охрид кон плажата Канео во сезона секојдневно поминуваат илјадници туристи и жителите на населбата Канео. Овај премин многу често се оштетува од страна на минувачите, но пред извесно време беше оштетен и од градежните активности кои се превземаа за санарирање на бедемот на Долни Сарај. Со тоа се доведува во прашање безбедноста на минувачите.Овој мост е безбеден толку колку што може да е безбедна една ваква градба. За неговото одржување треба да се грижи концесионерот на плажата Потпеш, вели Томе Џамтоски- портпаролот на...

Продолжи со читање