Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охриѓани бараат да им се вратат контејнерите на старите локации

Post Views: 213 Незадоволството на граѓаните поради неодамнешната дислокација на контејнерите, не стивнува. Од  акцијата на ЈП „Комуналец“ за отстранување на контејнерите по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште поминаа два месеци, но охриѓани никако да се навикнат на новините. Тие бараат да се вратат овие садови за отпад на старите локации со објаснување дека повеќето од нив сега се поставени на места кои не им се така блиску, па мораат десетина и повеќе минути да шетаат наоколу со ѓубрето в раце. Од Комуналец свесни се за револтот на граѓаните, но велат...

Продолжи со читање

Христос се роди-навистина се роди

Post Views: 216 Со утринските литургии по црквите и храмовите, Македонската православна црква го започна празнувањето на Божик, празник за раѓањето на Исус Христос, најрадосното случување во христијанскиот свет.Според обичаите за Божиќ се станува рано, пред сонцето, а важно место во прославата има и оној кој прв ќе влезе во куќата за да внесе радост и веселба. Божик се честита со зборовите „Мир божји, Христос се роди“, на што се одговара „Вистина се роди“. Во градов во повеќето цркви се пееја светите евангелија, а верниците му се молеа на Спасителот за мир, здравје, среќа и берикет....

Продолжи со читање

Никако да се изготви сообраќајната студија за градов

Post Views: 211 И ова лето ќе имаме импровизаторски режим на сообраќај. Сообраќајната студија која се најавува години наназад, никако да се изготви. И оваа локална власт навреме не се зафати со овој сложен проект па не ќе може сообраќајот низ градов да се регулира врз основа на некои посериозни истражувања направени од стручи тимови.Мора да се направи една сондажа колку возила има во градов во летниот а колку во зимскиот период. Тоа е една сложена постапка. Треба сериозно да му се пристапи овој проблем бидејќи минатите лета имаше  сообраќаен хаос во градов. Студијата е неопходна,...

Продолжи со читање

Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки

Post Views: 193 Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки. Потврда за тоа е и последниот случај на несреќата која само на еден ден пред доаѓањето на новата година се случи на планината Галичица и во која за жал животот го загуби 40годишен албански државјанин. Од екипата за интервенции на планина која функционира во рамките на охридскиот Црвен крст велат дека и овој пат изостанала добрата организација и синхронизација помеѓу институциите кои требаше да му помогнат на младото момче кое доживеа несреќен пад на врвот Магаро.Во една нормална држава со хелихоптер би се извела...

Продолжи со читање

Дали повторно ќе се отворат училишните мензи

Post Views: 204 Топол оброк и здрава храна за децата во основните училишта. Ова го побара советникот Јоне Станкоски кој рече дека Локалната треба да направи напор повторно да се отворат училишните мензи каде ќе се подготвува квалитетна храна за учениците, а не како што е сега случај тие да јадат брза храна и пецива кои и тоа како се одразуваат на нивното здравје. Станкоски повикувајќи се на истражувањата на стручните лица кажа дека точно треба да се знае колку децата внесуваат минерали, витамини, протеини, јаглени хидрати и останати материи неопходни за правилен раст и развој на децата.Општина...

Продолжи со читање

Охридското лизгалиште забава, но и опасност

Post Views: 171   На лизгалиштето на градскиот плоштад само за една недела интервенирано е триесет и три пати. Во три случаи поради незгоден пад лизгачите се здобиле со скршеници, велат од охридскиот Црвен крст. Од таму бараат сериозно да се пристапи кон овој проблем бидејќи според нивните сознанија секој час на лизгалиштето се случува по некоја незгода.Апелираме во текот на новогодишните празници кога луѓето  ќе излегуваат да уживаат на лизгалиштето да бидат многу внимателни и да ги почитуваат правилата од сопственикот на лизгалиштето. Посебно апелираме до родителите да не ги пуштаат...

Продолжи со читање

Советот на општина Охрид ја заврши оваа година со донесување одлуки за наредната

Post Views: 180 Градските избраници работно го поминаа претпоследниот ден од оваа година. Денес се одржа 17тата седница на која се расправаше по четириесет точки од дневниот ред. Најголем дел од нив се однесуваа на предлог одлуките за усвојување на развојните програми од различни области. Ова беше само претходница на донесувањето на буџетот за 2014та кој и тоа како е важен за функционирањето на општината во годината што следува. Прва на дневен ред се најде предлог одлуката за усвојување на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014-2016 година....

Продолжи со читање

Чајaнка со основците од училиштето „Христо Узунов“

Post Views: 190 Чајнка со  основците од училиштето „Христо Узунов“. Културниот центар „Култура 365“ организираше литературно читање со учениците од седмо и осмо одделение кои се преставија со свои дела во проза и поезија. Идеата за едно вакво дружење била заедничка бидејќи зимата е период кога повеќе се твори и чита, а се што e напишано добро е да се сподели со публиката и тоа пиејќи топол чај.Целта на овој настан е да го развиеме и поттикнеме овој потенцијал кој несомнено постои кај младите во овој град и конкретно кај основците. Со оваа чајанка ќе придонесиме за да се почувствува...

Продолжи со читање

Дечињата од градинката Јасна Ристеска денес се засладија со колачињата од фирмата Вија Пром

Post Views: 211 Предновогодишната еуфорија наголемо се чуствува во градинаката Јасна Ристеска. Насмеани и разиграни дечиња со нетрпение чекаат Дедо Мраз да им донесе подароци и да им ги исполни желбите.Денес децата добија подароци и од фирмата Вија Пром која се занимава со производство на слатки и колачи и тоа наменети за странски пазар. Ова е за прв пат слатките задоволства да ги пробаат охриѓанчињата. Директорката Розе Костоска го поздрави ваквиот гест и ги охрабри и останатите фирми кои се во можност да ги израдуваат дечињата. Taa вели дека до крајов на неделава очекуваат уште...

Продолжи со читање

Охриѓани го сефтосаа лизгалиштето

Post Views: 182   Охриѓани го сефтосаа лизгалиштето. Синоќа тоа беше свечено отворено со неколкучасовен музичко сценски хепенинг и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски. Градоначалникот Никола Бакрачески се обрати пред бројната публика искажувајќи задоволство од реализацијата на овој проект. Тој најави интересни содржини и за наредните денови до дочекот на Новата година и вети дека организацијата на Новогодишните, Божиќните и Богојавленски празници секоја наредна година ќе биде се подобра.Се надевам дека ние како Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат...

Продолжи со читање

Oбвинувања дека ВМРО ДПМНЕ спроведува некаков „реваншизам“ се неосновани, тврдат од ОК

Post Views: 187 ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија и своите заложби за Охрид ги истакна во својата програма која доби полн легитимитет од Охриѓани. Идентификацијата на главните проблеми со кои се соочуваше Охрид во изминатите години покажа тотална неодговорност на СДСМ во раководење со градот вклучувајќи ја и кадровската структура во Општината и во Јавните претпријатија. Тоа беше еден од клучните моменти на нефункционирањето на градот и непобитен факт за партизацијата на Општината  и јавните претпријатија од страна на СДСМ и неговите сателит партии. Охрид не смее и нема да си...

Продолжи со читање

Од локалната реагираат на обвинувањата на ОО СДСМ

Post Views: 196 Фактот што без никаква потреба, освен партиска, осум години ја пренатрупуваа општинската адмнинистрација, за Социјалдемократите не е некоја значајна појава. Градоначалникот Бакрачески ја затекна Општина Охрид со 265 вработени, во најголем број со статус на државни службеници. Голем дел од нив досега биле без работни задачи или пак незнаеле кои им се работните обврски. Дополнително, затекнати се уште 160 вработени со договори за дело, од кои преку половината со заобиколување на Агенцијата за вработување. За над 90 % од овие времени вработувања нема евиденција дека се...

Продолжи со читање